• Latest
Јордан Камчев пред Кривичен суд

Обвинетиот обвинува

November 18, 2019
Фотографија: Wikimedia Commons

Независната кандидатка и левичарка Кетрин Коноли победи на претседателските избори во Ирска

October 25, 2025

Мицкоски очекува 59 градоначалници по завршување на вториот круг од локалните избори

October 25, 2025

Хоџиќ: Македонската политичка елита ја подготвува јавноста за интеграција во „српскиот свет“

October 25, 2025

Најголемиот американски воен брод, авиони, беспилотни летала и маринци се распоредуваат околу Венецуела

October 25, 2025

Камала Харис: Можно е повторно да се кандидирам за претседателка на САД

October 25, 2025

Религијата како оружје

October 25, 2025

Урсула фон дер Лајен: ЕУ развива план за намалување на зависноста од критични суровини од Кина

October 25, 2025

Турција најверојатно ќе биде исклучена од планот за стабилизација на Газа по противењето на Израел

October 25, 2025
Фото: Х

Литванија ги затвори аеродромите и граничните премини со Белорусија поради временските балони

October 25, 2025

Злокобниот упад од 18 секунди и долгата сенка на руската хибридна војна против Европа

October 25, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home СЛОБОДНА ЗОНА

Обвинетиот обвинува

Многу ми е блиска претпоставката дека г-дин Орце Камчев нема поим кои се Иљф и Петров, ниту пак знае за нивниот роман „Златното теле“.

November 18, 2019 12:12
in СЛОБОДНА ЗОНА
Јордан Камчев пред Кривичен суд

Јордан Камчев пред Кривичен суд

Share on FacebookShare on Twitter

пишува МИЛАН БАНОВ

Со години наназад во јавноста беше речиси зацементирано сознанието не само за неделотворноста во борбата против криминалот и корупцијата, туку и за исклученоста на најкрупните криминалци од неа, кои заштитени со својството „бизнис олигархја“, беа во директна спрегате со врвовите на власта. И тој хармоничен однос на моќните темелно ја опредмети синтагмата „организиран криминал“, кој иако, што се вели, можеше да се види и „од авион“, многу ретко или дури и никогаш, не се приземји на нивото на истражни и судски постапки.

Логично, ваквата ситуација на мафијашите од нашите сокаци им го донесе и чувството дека, барем во овој живот, се далеку од дофатот на мечот на Јустиција, што, се разбира, резултираше со нови криминални потфати и со обезбедување на несомнени „заслуги и успеси“ во сликањето на Македонија како една од најкриминализираните земји во Европа.

Широко отворениот фронт против криминалот и корупцијата, чија ударна сила бездруго е насочена кон некогаш недопирливите, денес веќе го крши оној бетон на увереноста за безбедната позиција што до неодамна ја обезбедуваа незаконски соѕиданите империи. Впрочем, за тоа сведочи и галеријата на ликови чии портрети од ден на ден сè повеќе ја надополнуваат поставката на црната хроника, што само по себе ја изнудува констатацијата дека, ете, традиционалниот пријателски однос, блискоста и спрегата меѓу власта и криминализираната бизнис елита добиваат деструктивен карактер. А, од тоа разорување на сојузот, покрај, се разбира, државата и граѓаните, најголем бенифит секако има и власта, па оттука, тешко е да се препознае поинаква логика од онаа која сугерира жестока пресметка со криминалците, независно од нивните пари, моќ, блискост до одредена политичка формација и слично.

Иако не е осамен, Јордан Камчев, сопственикот на фирми (што дома што во странство) кои тешко можат да се избројат, во светлината на актуелните сомневања за случајот „Империја“ (перење милионски суми пари, оштетување или повластување доверители, затајување данок и така натаму и така натаму) ја сенчи онаа погоре спомената слика за делот на бизнис елитата чие богатство е помалку резултат на стандардните и регуларни пазарни и економски законитости, а повеќе на успешното функционирање во просторот кој е надвор од законската рамка. Затоа е и доста парадигматичен кога се портретира ликот на автономниот бизнис олигарх кој проникна и, барем досега, успешно вирееше во предолго присутната македонска транзиција.

Многу ми е блиска претпоставката дека г-дин Орце Камчев нема поим кои се Иљф и Петров, ниту пак знае за нивниот роман „Златното теле“. Но, дури и во своето претпоставено незнаење, едуциран преку нагледаната настава на чии часови го стекнал сознанието за тамаќарскиот синдром и за коруптивната природа на претходните влади, нашиов јунак непогрешливо го препознал Остап Бендер во себе и сфатил дека таквиот тип на „деловен“ човек идеално се вклопува во бушавите времиња и меѓу оние кои ги разбушавиле. Според тоа, станува логично што, да речеме, најбогатиот човек во државата (по сопствено признание) по потреба ги менуваше капите, нивните бои и симболи – на општо задоволство на сите. И токму тоа задоволство, придружено со благодарноста кон Камчев за неговиот опиплив придонес за развојот на партиите и, секако, за хуманитарните донации во семејните буџети на високи партиски и државни функционери, уверен сум, кај него предизвикало некритичко сознание дека патронството на силните му овозможува до степен на безобразие да биде над законите во оваа држава.

И кога сме веќе кај безобразието (би додал и цинизам), поинаку навистина не можам да ја дефинирам неговата скорешна постапка да поднесе кривична пријава против обвинителката Лиле Стефанова, против Катица Јанева и нејзиниот син, замислете, за злосторничко здружување, за создавање група која имала за цел да се здобие со имотна корист и да го оштети Јордан Камчев. Инаку, за потсетување, кривичната  пријава доаѓа три дена по одбивањето на Стефанова (го води случајот „Империја“) да му издаде времен пасош со кој ќе може да ја напушти земјата. Дали на подолг или покус временски рок; дали за да отпатува во Бугарија за да ја реактивира номинацијата за почесен конзул, или за да присуствува на некој голем спортски настан, е тоа, не можеме да знаеме.

Меѓутоа, можеби и повеќе од споменатото брзобразие, од нааканоста и од исчашената престава дека измамата секогаш може да помине тогаш кога го носи авторството на богатите, повредува сознанието дека речиси по дефиниција криминализираните типови во оваа држава се луѓе, кои освен за криминалот, се со таканаречен „игнаво ратио“, со сомнителен интелектуален капацитет, примитивни во однесувањето, насилни во постапките, бездарнички обдарени… Да, навредливо е кога ќе ви се потврди дека некој кој изградил цела доктрина врз постулатите глупост и приземност, ѝ се потсмева на цела држава, обвинувајќи обвинител што него го обвинува, сметајќи и натаму дека законот е ништожен во однос на парите.

Но, имам некое претчувство дека по претпоставеното совладување на „нашите универзитети“ од која месечината се доживува како карирано сако (доколку се докажат обвиненијата), и јунаков на нашава приказна и редица други моќници и силници ќе ги променат ваквите свои ставови. И, којзнае, можеби ќе го прочитаат „Златното теле“.


Преземање на содржините e ЗАБРАНЕТО (!!!), освен со писмена дозвола од ЦИВИЛ и тоа исклучиво според Условите за користење, авторски права и заштита на приватноста. Повредата на авторските права е забранета со закон. 
ПРЕЗЕМАЊЕТО (делумно) НА КОЛУМНИТЕ Е ЗАБРАНЕТО ЗА СИТЕ ПРЕД 15 ЧАСОТ НА ДЕНОТ НА НИВНОТО ОБЈАВУВАЊЕ. Врз основа на посебен договор за соработка и размена, ниедно ограничување не важи за Слободен печат. 
Со преземање на било која содржина објавена на ЦИВИЛ Медиа, спротивно на Условите, се согласувате на ЦИВИЛ да му исплатите надоместок од 60.000 денари во рок од осум дена по преземањето на содржината. Оваа обврска не застарува, а за секое доцнење на исплатата ќе биде пресметана соодветна законска камата.
Доколку некоја содржина е потпишана со ЦИВИЛ Тим за комуникации, тогаш преземањето е дозволено во целост.
Print Friendly, PDF & Email
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • EУ испрати порака, Мицкоски молчи – Андонов со жестока критика

    185 shares
    Share 74 Tweet 46
  • Поранешен унгарски разузнавач по неодржувањето на средбата помеѓу Трамп и Путин: Она што сега изгледа како дипломатски успех, на долг рок ќе се претвори во сериозна трагедија

    130 shares
    Share 52 Tweet 33
  • „На Ѓупците треба да им се забрани да гласаат“ – советник од десничарската МААК со скандалозен расистички испад во Неготино

    126 shares
    Share 50 Tweet 32
  • „Путин повторно го изигра“: Откажувањето на самитот во Будимпешта ја завршува фантазијата на Трамп дека ќе донесе мир во Украина

    101 shares
    Share 40 Tweet 25
  • Разобличување на „буразерската“ финансиска коалиција: Алта банка и „посвоената“ Стопанска банка – Битола во обид да го избегнат европскиот финансиски радар

    99 shares
    Share 40 Tweet 25
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ