• Latest

Обвинителот Јовески побара поддршка од јавните обивнители за удвојување на напорите за враќање на довербата во институцијата

March 31, 2023

ИЗБОРНА ХРОНИКА: Кампањата финализира со нови ветувања, поддршка за кандидати, додека победниците ги верифицираат мандатите

October 29, 2025
Фредерик Лејдквист, директор на Стокхолмскиот центар за источноевропски студии (SCEEUS) во Шведскиот институт за меѓународни односи. Фото: Stockholm Institute of Transition Economics (SITE)

Фредерик Лејдквист од Шведскиот институт за меѓународни односи: Студената војна сега би била најдоброто сценарио

October 29, 2025

БОИШТЕ НА НАРАТИВИ: Руските хибридни операции во Северна Македонија

October 29, 2025
Војници на САД во базата на НАТО во Тапа-Естонија. Фото: Д. Мишев/Цивил

Романско МНР: САД планираат да намалат дел од трупите на источното крило на НАТО

October 29, 2025
Фото: МИА

ЕУ без консензус за Белорусија поради Унгарија

October 29, 2025
Руски извидувачки авион Ил-20 забележан од полските воздухопловни сили над Балтичкото Море на 28 октомври 2025 година. Фото: Оперативна команда на полските вооружени сили/X

Полски борбени авиони пресретнаа руски извидувачки авион над Балтичкото Море

October 29, 2025
фото: ВИ

Буџетот за 2026 под лупа: Фискална рамнотежа или нова зависност од кредити?

October 29, 2025

Директорот на Комунална хигиена поднесе оставка поради морални причини

October 29, 2025
Donald Trump, Xi Jinping
Source- Firstpost video screenshot

Разговорите на Трамп и Си би можеле да стават крај на месеците на глобален економски хаос

October 29, 2025

Во Црна Гора уапсени осум лица поради насилство и поттикнување национална и верска омраза

October 29, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ПРАВДА

Обвинителот Јовески побара поддршка од јавните обивнители за удвојување на напорите за враќање на довербата во институцијата

March 31, 2023 11:40
in ВЕСТИ, ПРАВДА
Share on FacebookShare on Twitter

Јавниот обвинител на Република Северна Македонија Љубомир Јовески на Денот на правосудството – 31 Март лично им се обрати на јавните обвинители и ја побара нивната поддршка за удвојување на напорите за враќање на јавната доверба во институцијата.

– Многу добро ја знам вашата посветеност и одговорност, секојдневната ревносност и вербата во правда со која ја извршувате функцијата. Време е таа слика да ја видат и граѓаните. Преку отчетно и одговорно постапување, преку објаснување на нашите одлуки пред граѓаните, преку примена на етичките стандарди на нашата професија, сметам дека ќе ја увериме јавноста во доследноста на нашите постапки и во ефикасноста на системот на правда. Постои една изрека која вели – „Довербата се заслужува кога делата се совпаѓаат со зборовите“. Затоа сметам дека наместо да зборуваме за нашата посветеност, најдобро е тоа да го покажеме со нашето постапување во предметите, вели Јовески во обраќањето.

Тој напоменува неколку приоритетни задачи и тоа, ефикасност и подвлекува дека роковите за постапување мора да се почитуваат и да нема неоправдано одолговлекување на постапките. Граѓаните од нас, посочува, очекуваат правда во разумен рок.

– Отпорност кон притисоци и влијанија. Ја имате мојата целосна поддршка да носите самостојни и сигурни одлуки. Не дозволувајте никој и ништо да влијае врз вашето постапување и да го компромитира вашиот личен интегритет како јавни обвинители. Транспарентност. Одлуките кои ги носиме мора да станат видливи за граѓаните. Правдата треба и да ја видат и да ја почувствуваат. Не се плашете од јавниот суд, бидејќи само тој е вистински коректор на нашата работа, се наведува во соопштението од Јавниот обвинител на Република Северна Македонија Љубомир Јовески.

Веројатно еден од најголемите предизвици за нашата институција во следниот период, смета тој, ќе биде преговарачкиот процес со ЕУ. Од реализацијата на реформите во поглавјата кои директно ја засегаат работата на правосудството ќе зависи севкупниот напредок на земјата на патот кон Унијата.

– Да се заложиме максимално и да ги исполниме сите задачи што се очекуваат од нас, бидејќи тоа е еден од клучните критериуми според кои ќе ни го вреднуваат напредокот. Затоа истите пораки би ги упатил и до јавнообвинителската служба, која исто така е важен дел од нашата организација и без чиј придонес исполнувањето на овие задачи би бил невозможен, повика Јовески.

Потсетува дека е потпишан Договор за соработка со Европското јавно обвинителство. Секојдневно, вели, ја јакнеме соработката со домашни и странски институции во сферата на нашето постапување. Ова исто така, верувам, ќе придонесе за реализација на приоритетите кои си ги поставуваме.

– Сите добронамерни критики за нашата работа ги прифаќаме и активно работиме на подобрување во сегментите каде се детектираат одредени слабости, вклучително и на оние што ги детектираше американскиот Стејт департмент во Годишниот извештај за состојбата со човековите права во светот во 2022 година. Но, задоволен сум што во овој извештај не се адресираат крупни директни критики за работата на Јавното обвинителство. Уште повеќе, извештајот го споменува токму она што ние долго време го нагласуваме, а тоа се недоволните финансиски средства и кадровски ресурси кои се доделуваат на Јавното обвинителство. Ова покажува дека американскиот Стејт департмент навистина активно ги следи состојбите во обвинителството, покажува доверба во нашето постапување и се обидува да влијае за подобрување на состојбите и на условите за работа, подвлекува во обраќањето Јавниот обвинител Љубомир Јовески по повод Денот на правосудството.

Според него, чесно е да се признае дека и покрај ваквите позитивни сигнали, сигурно можевме и можеме повеќе.

– Не можам да не изразам незадоволство со одредени судски одлуки кои овозможија застарување на предмети за чиј исход јавноста беше заинтересирана. Одредени постапки, пак, не се застарени, но и покрај ажурноста на обвинителското постапување, се уште не ја добиваат потребната судска динамика и немаат разрешница. Свесен сум дека јавнообвинителската работа е тешка и одговорна. Но, во исто време таа е предизвик – да се испорача правда и да се заштити општеството од криминалот. Да се обидеме сите, преку сопствениот личен пример, да влијаеме и врз генерациите јавни обвинители што доаѓаат да ја остварат оваа благородна мисија, истакнува Јовески, честитајќи им го Денот на правосудството на јавните обвинители.

Print Friendly, PDF & Email
Tags: ден на правосудствотоЈовески
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Деца и училишни ресурси како алатка за кампања во Пробиштип!

    132 shares
    Share 53 Tweet 33
  • Поранешен унгарски разузнавач по неодржувањето на средбата помеѓу Трамп и Путин: Она што сега изгледа како дипломатски успех, на долг рок ќе се претвори во сериозна трагедија

    132 shares
    Share 53 Tweet 33
  • Лукоил ги продава своите филијали во странство по санкциите на САД, македонската подружница сé уште молчи за прашањата на ЦИВИЛ

    111 shares
    Share 44 Tweet 28
  • Изборите и коалицијата: ВЛЕН му го залула чунот на Мицкоски

    109 shares
    Share 44 Tweet 27
  • „На Ѓупците треба да им се забрани да гласаат“ – советник од десничарската МААК со скандалозен расистички испад во Неготино

    127 shares
    Share 51 Tweet 32
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ