• Latest

Од „битно се гради“ до „сепак се гради“…

March 11, 2019
Скриншот од видео на
ABC News (Australia)

Јужноафриканец чека депортација откако му беше одземена австралиската виза поради учество на антисемитски неонацистички митинг

November 18, 2025

Пратениците на СДСМ, придружени од Левица поднесоа иницијатива за основање Анкетна комисија за трагедијата во Кочани

November 18, 2025
Газа. Фото: Х

Палестинската управа го поддржа планот на ОН за Газа

November 18, 2025

Cloudflare „падна“ – Time.mk и бројни сајтови недостапни поради технички проблеми

November 18, 2025
Полскиот премиер Доналд Туск разговара со полициски и воени претставници во рамките на истрагата за сомнителна саботажна операција против полска железница на 17 ноември 2025 година. Фото: Полски премиер Доналд Туск/X

Полскиот министер за одбрана: Сите докази за саботажата на железничката линија во Полска укажуваат на Русија

November 18, 2025
Фото: украинската амбасадорка Лариса Дир/ Х

Амбасадорката Дир: Руски ракети го погодија регионот Харкив, при што загина 17-годишно девојче – меѓународната поддршка е клучна, Русија нема да запре без цврст глобален притисок

November 18, 2025
Марта Кос(Фотографија: Википедиа)

Кос: Време е за проширување на проширувањето – Европа нема време за губење

November 18, 2025

Албанија ја претрча Македонија на патот кон ЕУ, Мицкоски упорно инсистира дека не е така – Брисел упорно го демантира

November 18, 2025
Фото: Х профил на Марта Кос

Утрински вести со – Рама!

November 18, 2025

Утре почнува судскиот процес за трагедијата во „Пулс“

November 18, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Од „битно се гради“ до „сепак се гради“…

March 11, 2019 16:10
in ВЕСТИ, ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

Државниот завод за статистика ги објави податоците за издавање на одобренија за градби за месец јануари, кои за разлика од истиот месец минатата година се зголемени за 62.4 %.

Паролата „битно се гради“, се претвори во „сепак се гради“, бидејќи најмногу издадени дозволи има токму во општините каде што во предизборието на локалните избори 2017 се ветуваше намалување на градењето. Ова се однесува, пред сè, на Скопскиот регион и неговите општини каде и најмногу владее урбанистичкиот хаос.

Од издадените дозволи, споредено по региони, убедливо предничи Скопскиот регион со вкупно 125 дозволи за градба. Од нив, на прво место е општина Кисела Вода со дури 45 издадени дозволи за градба, со што тоа станува општината со најмногу издадени дозволи во целата земја, а не само во регионот. И не би било ништо чудно доколку истовремено општина Кисела Вода не беше една од помалите општини по површина и општина која важи за една од најхаотичните и најизградените општини во земјата.

Скопски регион

По неа следува Сопиште со 16, Бутел и Гази Баба со по 14, општина Илинден со 12, Чучер-Сандево и Шуто Оризари со 7, Центар со 6 и општина Аеродром со само 3 издадени дозволи за градба. Скопските општини Арачиново, Ѓорче Петров, Зелениково, Карпош, Петровец, Студеничани и Чаир во месец јануари не издале ниту една дозвола.

Од вкупно 125 издадени дозволи во Скопскиот регион, со вкупна вредност од 2.100.674.000 денари (над 34 милиони евра), во овој регион, 82 се издадени на физички лица, а 43 на деловни субјекти.

Втор регион според бројот на издадени дозволи за градба е Полошкиот регион со вкупно издадни 43 дозволи, од кои најмногу во Гостивар (13), па следуваат Боговиње и Брвеница со по 10, Теарце – 5, Желино – 4 и Тетово со една издадена дозвола за градба. Дозволи за градба не издале општините Врапчиште, Јегуновце, Маврово и Ростуша.

Полошки регион

Проценетата вредност на објектите во Полошкиот регион е 406.481.000 денари (преку 6,6 милиони евра), а од вкупниот број 32 дозволи се издадени на физички лица и 11 на деловни субјекти.

Трет регион по бројност на издадени дозволи за градба, вкупно 33, е Југоисточниот регион. Струмица е на првото место со издадени 26 дозволи за градба, а по неа следуваат Босилово, Валандово и Конче со по 2 дозволи и општина Гевгелија – 1 дозвола. Богданци, Василево, Ново Село и Радовиш не издале дозволи за градба.

Југоисточен регион

Вкупната проценета вредност на објектите кои ќе се градат во Југоисточниот регион е 239.276.000 денари (неполни четири милиони евра), а од нив 14 се на физички лица и 19 на деловни субјекти.

Вардарскиот регион е на четврто место по издадени дозволи за градба или вкупно 28 од кои најмногу (10) дозволи се издадени во Кавадарци, по што следуваат, Велес со 7, Лозово со 5, Неготино со 3, Градско со 2 и Чашка со една издадена дозвола. Дозволи за градба немаат издадено општините Демир Капија, Росоман и Свети Николе.

Вардарски регион

Објектите во Вардарскиот регион за кои е издадена дозвола за градба се проценети на вредност од 119.685.000 денари (речиси два милиони евра), а од нив 13 се на физички лица и 15 на деловни субјекти.

Југозападниот и Североисточниот регион го делат петтото место со по 24 издадени дозволи за градба.

Југозападен регион

Во Југозападниот регион убедливо води општина Кичево со 20 издадени дозволи за градба, по што следуваат Вевчани, Дебарца, Македонски Брод и Охрид со по една издадена дозвола. Општините Дебар, Пласница, Струга и Центар Жупа во јануари месец немаат издадено дозволи за градба.

Вкупната проценета вредност на објектите во овој регион е 639.254.000 денари (над 10 милиони евра), од кои 6 се издадени на физички лица, а 18 на деловни субјекти.

Во Североисточниот регион каде исто така се издадени 24 дозволи, 18 се издадени во општина Куманово, по две во Липково и Старо Нагоричане, а по една издадена дозвола за градба има во Крива Паланка и Ранковце. Дозволи за градба во овој регион не издала само општина Кратово.

Проценетата вредност на објектите е 212.590.000 денари (3,5 милиони евра) од кои 13 се на физички лица, а 11 на деловни субјекти.

Источниот регион е на шестото место со вкупно 19 издадени дозволи за градба, од кои најмногу се издадени во општина Штип (9), потоа следуваат, Берово (4), Кочани и Пехчево со по 2 дозволи, Делчево и Пробиштип со по една издадена дозвола. Дозволи за градба не издале општините Виница, Зрновци, Карбинци, Македонска Каменица, Чешиново – Облешево.

Вкупната вредност на објектите во овој регион е проценета на 184.372.000 денари (три милиони евра), од кои 11 се на физички лица, а 8 на деловни субјекти.

Пелагонискиот регион е на последното место по издавање на дозволи за градба за месец јануари со вкупно 11 дозволи. Најмногу дозволи се издадени во Битола и Ресен со по 3 дозволи, потоа следува Прилеп со 2 и Долнени, Кривогаштани и Крушево со по 1 дозвола. Општините Демир Хисар, Могила и Новаци не издале дозволи за градба во овој период.

Пелагониски

Вкупната вредност на објектите од овој регион е проценета на 153.270.000 денари (2,5 милиони евра), од кои 4 се на физички лица, а 7 на деловни субјекти.

Според Државниот завод за статистика, предвидената вредност на објектите за кои се издадени одобренија за градба изнесува вкупно 4.055.602.000 денари (66 милиони евра), што е за 68.1 % повеќе во однос на истиот месец од претходната година.

Од вкупниот број издадени одобренија за градење, 157 (51.1 %) се наменети за објекти од високоградба, 59 (19.2 %) за објекти од нискоградба и 91 (29.7 %) за објекти за реконструкција.

Од вкупно 307 објекти, на 175 (57.0 %) како инвеститори се јавуваат физички лица, а на 132 (43.0 %) објекти инвеститори се деловни субјекти.

Маја Ивановска

Share46Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Скриншот од видео на ДИК

    Локалните избори 2025 се официјално и конечно завршени, објави ДИК

    307 shares
    Share 123 Tweet 77
  • Богати странци плаќале по 80.000 фунти за „сафари викенд“ за да убиваат цивили за време на опсадата на Сараево

    103 shares
    Share 41 Tweet 26
  • „Ние сме далеку пред Албанија“ – Зошто оваа изјава на премиерот Мицкоски е важна за европската приказна на Северна Македонија

    122 shares
    Share 49 Tweet 31
  • Вицепремиерот Стоиљковиќ со нервозна реакција на новинарско прашање од ЦИВИЛ – тенденциозна и потпалувачка порака на социјалните мрежи

    99 shares
    Share 40 Tweet 25
  • Како е поврзан министерот Трипуновски со корупцискиот скандал во кој е осомничена негова блиска соработничка

    97 shares
    Share 39 Tweet 24
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ