Советникот на ВМРО-ДПМНЕ, Данијел Апостолоски, преку соопштение истакна дека градоначалникот на Ѓорче Петров, Александар Наумоски е синоним за лаги, неспособност и неработење. Тој истакна дека изминаа 100 дена откако седна во фотелјата, но дека нема реализирано ниту еден проект.
„Од 100 дена владеење со општината, со недели ја раководеше од трибините на европското првенство во ракомет и ништо повеќе. Ветуваше живот и чиста општина, а од животот ни Ж не дојде. Низ целата општина никнаа десетици помали диви депонии, а и постоечките контејнери не се чистат“, истакна Апостолоски.
Тој потенцираше дека градоначалникот Наумоски пред изборите ветуваше проекти кои ни самиот не беше убеден дека ќе ги реализира.
Д.М.