• Latest

Одбележан Денот на ОН: Одржливиот развој мора да стане највисок приоритет на сите

October 25, 2021

Од „Нежната сингуларност“ до „веќе сме во неа“: Една година подоцна, Алтман ја надградува пораката, суштината останува иста

July 28, 2026
Сем Алтман, ТЕД, 2025 (фото извор: Википедија)

Нежната сингуларност

July 28, 2026

Демократијата се дави во дигиталниот шум

July 28, 2026
Чешма (фото извор: Викимедиа)

ЗДРАВСТВЕНА КРИЗА ВО ГОСТИВАР: Водата безбедна само за миење, одговорност за над 4.000 затруени граѓани сè уште нема

July 27, 2026
Марко Маневски (фото извор: Марколепсија, блог на авторот)

Неписмени дипломци

July 27, 2026

Кога и цртањето на табла не помага

July 27, 2026

За ослободувањето на украинските цивилни затвореници

July 26, 2026

Дебилност или имбецилност

July 26, 2026

Предупредување

July 26, 2026

Вештачење од 2024: Мазутот од РКМ не загадувал, а работењето на ТЕЦ Неготино ѝ заштедило над 12 милиони евра на државата

July 25, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ОПШТЕСТВО

Одбележан Денот на ОН: Одржливиот развој мора да стане највисок приоритет на сите

October 25, 2021 16:20
in ВЕСТИ, ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

Одржливиот развој мора да биде врвен приоритет за сите, во сите наши акции и одлуки. Ова е заклучокот од настанот организиран по повод Денот на Обединетите нации во Северна Македонија, што се одржа во  Градскиот парк во Скопје, на кој присуствуваа претставници на државните институции, граѓанското општество, академските кругови и дипломатскиот кор.

Претседателот Стево Пендаровски во своето обраќање говореше за визијата на генерацијата, чија историска задача била да го обнови разрушениот свет по двете светски војни и преку Повелбата на Обединетите нации ги постави основите на новиот поредок и ја изрази споделената визија за мир и безбедност, развој и човекови права.

– Во текот на изминативе 76 години, Обединетите нации спречија повеќе конфликти, искоренија многу заразни болести, издигнаа милиони луѓе од сиромаштија. Универзалната декларација на човековите права и сродните меѓународни акти и конвенции го потврдија вроденото достоинство на секој човек. Корпусот на меѓународното право внесе поголема извесност во односите меѓу државите. И покрај сите успеси на Обединетите нации, живееме во свет што се уште е далеку од сонот на нејзините основачи. Пандемијата на Ковид-19 ги разоткри постоечките системски нееднаквости и социјални неправди и дополнително ја влоши состојбата на ранливите сегменти во речиси секое општество, рече претседателот Пендаровски.

Тој истакна дека многу од плановите за климатска акција се директно поврзани со Целите за одржлив развој, а кореспондираат и со Зелената агенда на Европската Унија. Претседателот посочи и на неодамна усвоената Долгорочната стратегија за климатска акција со акциски план чија цел е да постигнеме зелен, ниско јаглероден и климатски отпорен развој и рече дека со надеж гледаме на претстојниот самит за климатски промени – КОП26 во Глазгов. Освен за посветеноста на климатската акција, претседателот Пендаровски посочи дека од пресудна важност е да имаме споделена визија и за развојот на државата.

– За таа цел, уште на почетокот на мојот мандат го иницирав проектот „МКД2030“ како наша, автентична стратешка рамка за развој на Северна Македонија до крајот на оваа деценија. Вклучувајќи претставници на сите сегменти во општеството, преку „МКД2030“ ние ги поставуваме темелните долгорочни развојни приоритети. Исто така, ја поддржувам и Националната развојна стратегија 2021-2041 која како следна фаза треба да се надоврзе на „МКД2030“. Благодарни сме на поддршката од Обединетите нации и другите донатори за спроведување на овој единствен сеопфатен процес за долгорочно планирање. Во ова кратко време што го имаме мора да ги насочиме нашите заеднички напори за да создадеме иднина за младите тука, во Северна Македонија, порача претседателот.

Тој додаде дека последиците од одлуките што ги носи нашата генерација ќе ги чувствуваат наредните генерации и дека не смееме да носиме одлуки за младите без нивно учество.

– Затоа со УНИЦЕФ ја започнавме иницијативата „Преобмисли ја иднината“ со која им даваме простор на младите да се вклучат во дефинирањето на визијата за иднината што ја сакаат за себе и за идните генерации. Наша должност е да им помогнеме да бидат дел од процесите на креирање политики и носење на одлуки кои влијаат на нивната и иднината на сите нас. За да ја достигнеме таа светла иднина, ние мора истовремено да работиме на повеќе полиња. Поткрепено со нови цели и методи, преку образованието ние уште денес треба да ги градиме граѓаните на утрешнината кои ќе бидат посвесни за економските и социјални нееднаквости, кои ќе се гледаат како дел од природата, но не како нејзини господари, и кои попродуктивно и поодговорно ќе ги користат новите дигитални технологии. Мора да образуваме генерација на луѓе кои ќе го почитуваат достоинството на разликите. И уверен сум дека Обединетите нации, како една од најважните меѓународни организации, ќе има незаменлива улога во градењето на таква иднина кај нас и во светот, рече претседателот Пендаровски.

Во специјално снимената видео изјава за одбележувањето на Денот на ОН во Северна Македонија, премиерот Зоран Заев истакна дека основните начела на ОН – мир, просперитет и еднакви шанси за сите се вредности без рок на важност за нас и за сите идни генерации.

– Во таа смисла, нашата силна посветеност на усогласување на националните приоритети и политики со Целите за одржлив развој е доказ за нашата решеност да донесеме подолг и подобар живот на сите наши граѓани, рече Заев.

Дуџак истакна дека целите за одржлив развој се заложба за подобра иднина за сите нас и дека тие не им припаѓаат на ОН, на Владата или на која било друга организација или група на луѓе.

– Целите за одржлив развој нѝ припаѓаат на сите нас. Без разлика дали нашите напори се засноваат на Агендата 2030, процесот на пристапување во Европската унија или на националните приоритети, ние во принцип работиме на истата платформа и, на крајот на краиштата, на истата цел – забрзување на одржливиот развој за доброто на сите, изјави Дуџак.

Таа посочи дека одрлижвиот пристап мора да биде интегриран во секој домен од нашето свесно и несвесно делување, од изборот на храната што ја јадеме, до влијанието што го имаме врз пријателите, семејството, заедницата и нашата планета.

– Мора да разбереме дека промени се можни само ако ова го правиме заедно. Мора да ги тргнеме разликите и недоразбирањата од минатото на страна. Мора да се осигураме дека не постои поголем приоритет од одржливиот развој, рече таа.

Дуџак ја најави повеќегодишна отворена кампања за застапување наречена „Се грижам“, чија цел е да се мобилизираат организации и личности од сите сегменти од општеството за активно да придонесат кон заедничката определба за позелена, подобра и поодржлива иднина.

– Како отворена платформа, сите може да се вклучат и да придонесат со застапување за подобри животни стандарди, за подобри и позелени работни места, за универзален пристап до квалитетно здравство, образование и социјални услуги, за амбициозна акција за намалување на последиците од климатските промени и за заштита на биодиверзитетот. Со оваа кампања сакаме да го всадиме принципот на одржлив развој во сите нас, за да ги видиме промените и иднината што ја посакуваме, рече Дуџак.

Одбележувањето на 76 години од основањето на Обединетите нации е во организација на Канцеларијатана постојаниот координатор на Обединетите нации во Република Северна Македонија.

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ