• Latest

Одбележан Денот на победата над фашизмот и Денот на Европа

May 9, 2020
Први коментари од Трамп откако неговиот мегазакон беше усвоен. Фото: Скриншот од видео на ВВС

Трамп најави нови тарифи до 40% за сè поголем број земји

July 8, 2025

УНЕСКО: Охридскиот регион да биде поместен на Листата светски природни и културни реткости во опасност

July 8, 2025
Фото: Скриншот од видео на ВВС

Бројот на жртви од поплавите во Тексас се искачи на повеќе од 100

July 8, 2025

Извештајот на Вајц денеска на дискусија пред европратениците

July 8, 2025
Фото: ЦУК

Според ЦУК, до седум часот утрово активни седум пожари, еден локализиран и еден под контрола

July 8, 2025
Фото: Скриншот од видео на CNN-News18

„Тие мора да бидат способни да се одбранат“ – Трамп кажа дека САД ќе испратат дополнителни пратки оружје во Украина, критикувајќи го Путин

July 8, 2025

24 ЧАСА: Четрстотини невработени ќе гасат пожари за 400 евра; Велев алармира – недозволиво е 5 лица да одлучуваат за терапијата на 40.000 дијабетичари; Трамп со закана за 10% царини кон поддржувачите на БРИКС

July 7, 2025
Фото: Скриншот од видео на Real News

Рускиот министер за транспорт се самоубил откако Путин го разрешил 

July 7, 2025
Фото: Фејсбук на Азир Алиу

Алиу, еден месец министер за здравство: Граѓаните пријавиле мито, непружање здравствена услуга, игнорирање пациент

July 7, 2025
Украински дронови погодиле руска хемиска фабрика во близина на Москва. Фото: Астра/ Телеграм

Украински дронови погодиле руска хемиска фабрика во близина на Москва, нападната и големата рафинерија во рускиот Краснодарски крај

July 7, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Одбележан Денот на победата над фашизмот и Денот на Европа

May 9, 2020 15:03
in ВЕСТИ, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Со полагање цвеќе пред Споменикот на ослободителите на Скопје денеска во дворот на Владата беше одбележан 9 Мај, Денот на победата над фашизмот и Денот на Европа. Цвеќе положија владина делегација предводена од премиерот Оливер Спасовски и вицепремиерите Радмиила Шекеринска и Бујар Османи, како и делегација на Сојузот на борците од Народноослободителната антифашистичка војна предводена од претседателот на Сојузот Никола Стојановски.

-Денеска одбележуваме голем ден, датум со два големи настана во историјата на Европа и на нашата земја, датум впишан со златни букви во историјата на напредна Европа и датум за паметење на големото дело на борците од партизнаските единици во Народноосолободителната војна кои со двете заседанија на АСНОм ја заокружија вековната борба  и стремеж на македонскиот народ за своја самостојна држава, рече премиерот Спасовски во поздравниот говор.

Тој нагласи дека овој ден е и темелник на повоената историја на Европа.

-Денеска одбележуваме 70 години, од денот кога на 9 мај 1950 година, на предлог на францускиот министер за надворешни работи, Роберт Шуман, започна да се гради Европа, како опција за одржување на мирот. Седум години подоцна, шест европски земји ја основаа Европската економска заедница со Договорот од Рим и го отпочнаа процесот на европската интеграција, кој ќе биде крунисан со она што денеска претставува Европската Унија. Со идејата за Европската Унија лидерите на европските земји избраа дека сите разлики ќе ги решаваат на масата, а не на воените боишта, нагласи премиерот Спасовски.

Тој се осврна и на Втората светска војна на територијата на Македонија, која, како што рече, заврши со околу 25.000 загинати борци и цивилни жртви од сите етнички задници.

-Македонската држава беше создадена како дом на слободата. Дом на изборот, дом на слободата на изразувањето и на слободната мислата. За сите нејзини граѓани без исклучок. Држава на сите и за сите. Дом каков што е денеска Европската Унија, како што е напредна и прогресивна Европа, подсочи Спасовски.

Упатувајќи честитки по повод 75-годишнината од Победата над фашизмот и Денот на Европа, претседателот на Сојузот на борците Стојановски и оддаде признание на Владата за соработката и поддршката на Сојузот на борците, во овие, како што рече, деликатни околности, кога европската и светската заедница се соочуваат со состојбата на пандемијата барајќи од сите, заедничка борба, солидарност и сојузништво.

-Произлезени како држава и нација низ вековната борба може да се согласиме дека ова се најтешки моменти после антифашистичката херојска борба, крунисана со АСНОМ-ските решенија, до конечната сојузничка победа на 9 мај 1945. Денес, оддаваме почит кон жртвите и кон едно големо дело, нашиот пат, како АСНОМ-ски, со прогрес и поддршка на прогресивните идеи, за слобода, еднаквост и братство, рече Стојановски

Print Friendly, PDF & Email
Share34Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Фото: ВИ

    24 ЧАСА: „Шлаканица“ од Брисел за Мицкоски, сестринските партии го избришаа македонскиот јазик и идентитет од ЕУ извештајот; Обвинителството го амнестира Максим Димитриевски; Кавказ на работ на нов конфликт

    100 shares
    Share 40 Tweet 25
  • Канта за смет

    94 shares
    Share 38 Tweet 24
  • Таче се (по)јави, вистина се (по)јави

    93 shares
    Share 37 Tweet 23
  • Апсења со смртни последици, рации, претепани и крвави осомничени, соборен патнички авион – како се влошија односите меѓу Русија и Азербејџан

    92 shares
    Share 37 Tweet 23
  • Скопје како зона без контрола: Убиен пешак, нападната пратеничка, автобус во пламен – државата го губи компасот

    92 shares
    Share 37 Tweet 23

CIVIL MEDIA NEWSLETTER

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ