• Latest

Одбележување на 17 мај – Меѓународен ден против хомофобијата, трансфобијата и бифобијата

May 17, 2021

„Не бараме одмазда, бараме правда“ – протест на Ромите во Виница за претепаниот советник Умут Скопко

October 12, 2025

Колегите од Неврологија во одбрана на Кузмановски по скандалот со кокаин: „Наместо осуда – сочувство и достоинство“

October 12, 2025
Фото: А. Мехмети/ЦивилМедиа

Семејни пат’ридии

October 12, 2025

Пакистан и Авганистан на раб на војна: Размена на оган, тенкови и дронови на границата

October 12, 2025

Кампањата за локалните избори 2025 влегува во последната седмица

October 12, 2025

Филипче бара одговор: Дали Владата прифаќа мигранти за милијарди евра – Муцунски демантира: Лага е!

October 12, 2025

Локални избори во Косово

October 12, 2025
Wikimedia Commons / Picture of USA Flag taken on 2013 Independence Day Celebration The U.S Embassy Ghana's July 4th Celebration at the Embassy in Accra.

Американските сили нема да бидат распоредени на палестинските територии за време на спроведувањето на планот за примирје меѓу Израел и Газа

October 11, 2025

Британски авиони летале во мисија со САД и НАТО близу руската граница

October 11, 2025
Фото: Скриншот од видео на
PBS NewsHour

Најмалку 60 лица загинаа во напад со беспилотно летало врз бегалски центар во Судан

October 11, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ЧОВЕКОВИ ПРАВА

Одбележување на 17 мај – Меѓународен ден против хомофобијата, трансфобијата и бифобијата

May 17, 2021 13:56
in ВЕСТИ, ОПШТЕСТВО, ЧОВЕКОВИ ПРАВА
Share on FacebookShare on Twitter

Европската Унија во соработка со Советот на Европа, како дел од проектот „Унапредување на различноста и еднаквоста во Северна Македонија“, денеска организираше онлајн дебата по повод 17 мај – Меѓународен ден против хомофобијата, трансфобијата и бифобијата на која се дискутираше за состојбата на ЛГБТ заедницата во државата и со какви проблеми се соочуваат тие.

На онлајн дебатата присуствуваа шефот на Делегацијата на Европската Унија, амбасадорот Дејвид Гир, министерката за труд и социјална политика Јагода Шахпаска, пратеничката Маја Морачанин, членка на Интерпарламентарната група за поддршка и права на ЛГБТ заедницата, Наташа Бошкова, адвокатка и правна советничка во Коалицијата Маргини, Давид Тасевски од Субверзивен фронт и Игор Јадровски од Комисијата за спречување и заштита од дискриминација.

Амбасадорот Гир ја отвори дебатата и посочи дека државата ќе ја добие потребната поддршка од ЕУ во борба против трансфобијата.

-Кога се работи за сферата на човековите права, кога се работи за законски решенија што ги адресираат прашањата на сите граѓани во општеството ние сме на добар пат да го постигнеме тој општествен консензус, власта и опозицијата заедно, истакна министерката Шахпаска во однос на Законот за спречување и заштита од дискриминација.

Таа го посочи и Законот за спречување и заштита од насилство врз жените и семејно насилство, што исто така ја вклучува заштитата на ЛГБТ заедницата согласно член 5 што се спроведува без разлика на раса, боја на кожа, потекло, пол, род, сексуална идентификација.

-Напредокот за 12 позиции на нашата држава на „Реинбоу мапата“ што ја дава сликата за тоа како изгледа Европа,  во поглед на состојбата со човековите права на ЛГБТ и лицата. Тоа за нас како држава и Влада е уште едно големо признание дека сериозно работиме на заштита, поддршка, но и унапредување на правата на ЛГБТ и лицата, додаде министерката за труд и социјална политика.

Во однос на правните регулативи и правно признавање на родот говореше Наташа Бошкова, која ја истакна потребата од брзо донесување и изгласување на Законот за измена и дополнување на Законот за матична евиденција, со кои како што посочи таа, ќе се воспостави постапка за правно признавање на родот во брзи, транспарентни и пристапни критериуми.

-Донесувањето на овој Закон ќе означува препознавање на транс луѓето во Законите и признавање на нивните права во државата од страна на институциите, на еднаква основа со останатите граѓани, додаде таа.

Пратеничката Маја Морачанин, како координатор на Интерпарламентарната група за поддршка и права на ЛГБТ заедницата истакна дека заедничките дебати и состаноци придонесуваат кон поефикасно делување во однос на имплементација на Законите.

-Од аспект на Собранието, по донесување на овој закон и по функционирање на Комисијата за спречување и заштита од дискриминација, се следи имплементацијата на Законот.  Дел од чинителите укажаа дека може да следат некои законски измени, бидејќи некои делови не се формулирани, но тоа е вистинскиот начин на кој треба да работиме и доколку има потреба од измени, тоа е работа на Собранието, истакна Морачанин.

На 17 мај од 1990 година кога Светската здравствена организација објави дека хомосексуалноста не е болест, пореметување или перверзија па се до денес, ширум светот се одбележува Меѓународниот ден против хомофобија и трансфобија со цел да се подигне свеста кај граѓаните ширум светот дека и лицата дел од ЛГБТ заедницата треба да бидат заштитени и да имаат права.

Print Friendly, PDF & Email
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Колегите од Неврологија во одбрана на Кузмановски по скандалот со кокаин: „Наместо осуда – сочувство и достоинство“

    108 shares
    Share 43 Tweet 27
  • Вучиќ, со „нож во грбот“од Ердоган, го врти другиот образ: Од обнова на Отоманската империја до „пријатели и партнери“

    108 shares
    Share 43 Tweet 27
  • Андонов: Имаме многу необразовани членови во политичките партии, дел од тие стануваат и функционери

    94 shares
    Share 38 Tweet 24
  • Украински дронови нападнаа повеќе воени и индустриски објекти низ Русија далеку од фронтот, експлозии во една од најголемите фабрики за експлозиви

    91 shares
    Share 36 Tweet 23
  • Украински дронови го погодија најголемиот нафтен терминал во окупираниот Крим, предизвикувајќи огромен пожар

    90 shares
    Share 36 Tweet 23
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ