• Latest

Одбележување на 23 годишнината од погибијата кај Карпалак

August 8, 2024
Мурал од Бенкси

Меѓународен ден за толеранција: ЦИВИЛ бара почитување на принципите на толеранцијата, човековите права и меѓународното право – да се стави крај на насилствата и војните

November 17, 2025

Гаши ги распиша локалните избори за градоначалници во Гостивар, Врапчиште, Маврово и Ростуша и Центар Жупа за 11 јануари 2026

November 17, 2025

Обвинение против Љубе Темелков, советник на МААК во Неготино, за ширење омраза, расизам и дискриминација врз ромската заедница

November 17, 2025
Скриншот од видео на
Firstpost

Поранешната премиерка на Бангладеш, Шеик Хасина, осудена на смрт поради брутално задушување на студентските протести

November 17, 2025
Фото: ЦИВИЛ

Отворен јавен повик: Студентите добиваат ваучери за електронски уреди

November 17, 2025
Скриншот од видео на UNITED 24

По 39 години од нуклеарната катастрофа, нова трагедија предизвикана од Кремљ: Вдовицата на првата жртва од Чернобил  убиена во рускиот напад врз Кијив 

November 17, 2025
Фото: Фејсбук Јетмир Асани

Ноќна забрана за фрлање ѓубре: Скопје воведува казни од 50 до 1.800 евра

November 17, 2025
Фото: Скриншот од видео на ВВС

САД го означуваат венецуелскиот картел како странска терористичка организација

November 17, 2025
Скриншот од видео 60 minutes/CBS

Трамп ги охрабрува републиканците да гласаат за објавување на досиејата на Епштајн, означувајќи силен пресврт

November 17, 2025
Фото: Глобус

Како е поврзан министерот Трипуновски со корупцискиот скандал во кој е осомничена негова блиска соработничка

November 16, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ОПШТЕСТВО

Одбележување на 23 годишнината од погибијата кај Карпалак

August 8, 2024 13:45
in ВЕСТИ, ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

Во месноста „Карпалак“ на патот Скопје – Тетово, беше одбележан трагичниот настан кога пред 23 години, за време на конфликтот од 2001 година, конвој од бранителите беше нападнат од страна на терористите од т.н. ОНА. Во нападот во кој биле користени ракетни фрлачи и тешки митралези, животот го загубија 10 бранители, сите од Прилеп кои со камиони се упатувале кон касарната во Тетово, објави МИА.

По тој повод делегација од Владата, предводена од Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски, делегации од претседателот на државата, АРМ, политички партии и здруженија  положија венци и свежо цвеќе, а свештеници од МПЦ одржаа панихида. И овој пат, како и во изминативе години присуствуваа и членови на семејствата на загинатите и преживеани бранители од Прилеп кои, по кој знае кој пат, зборуваа за своите маки и за негрижата на Државата кон нив како и за не достоинствениот начин на одбележување на овој трагичен настан.

-Денес на овој голем ден од поновата македонска историја, на ова место Карпалак, чувствуваме голема тага и болка за десетте загинати прилепски бранители од конвојот кој се упати, токму на овој денешен ден пред 23 години, во одбрана на суверенитетот и интегритетот на Република Македонија кон касарната Тетово. Меѓутоа, на овој ден чувствуваме и восхит, почит и храброст како и дел од преживеаните од тој настан и овие луѓе треба да бидат запишани со златни букви во македонската историја. Од ова место треба да испратиме порака, ова да не се заборави, меѓутоа треба да биде минато и треба сите да живееме зсите во оваа наша заедничка држава Македонија, да градиме една просперитетна, силна, економска држава, европска држава како дел од европското семејство каде што ќе живеат среќни граѓани без оглед на нивната национална, верска, социјална и политичка припадност, изјави Марјан Ристески, заменик министер за економија кој како претставник од Владата присуствуваше на настанот.

На одбележувањето на трагичниот настан кој се случи во месноста Карпалак присуствуваа и роднини и пријатели на убиените бранители кои и овој пат упатија остри зборови кон властите и по кој знае кој пат бараа да се подобри нивната социјална положба и да се направи едно достоинствено спомен обележје во чест на 10-те погинати бранители.

„Да и се „заблагодарам“ на Владата што „води преголема грижа“ за нас и за загинатите. За нив се гледа како се грижат, а за нас живите – уште повеќе. Само недостасува нас да нè прогласат за терористи, да нè осудат затвор и да се ратисаат од нас. Дали личи  да се полага цвеќе на погинати на вакво место? Овде треба да присуствува Врховниот командант, ние сме армија, а тие дошле со заменици. Централната прослава треба од Прилеп овде да се премести. Овде е местото каде треба да чествуваме, а не во Прилеп“, вели Јордан Трајковски, од Прилеп.

Секоја година, кога се одбележува овој трагичен настан, преживеаните бранители и нивните семејства постојано укажуваат на тешката состојба во која се наоѓаат и за големата не грижа која ја покажува државата кон нив.

-Немаме никакви права, не можеме да извадиме еден документ дека сме учесници во одбраната на државата во 2001 година. Ние, а и децата на бранителите кои сега веќе се возрасни луѓе, немаат обезбедено школување, здравствени услуги, а камоли стан. Ова е срамота. Јас немам ништо против Албанците, секоја чест, ама тие кои ја нападнаа Македонија ги имаат сите бенефиции. Ова истото го зборуваме 23 години, но никој не нè слуша, ниту да нè праша како живееме, имаме ли семејства, деца, ви треба ли нешто? Дваесет и три години се бориме за еден споменик и ништо од ова, разочарувањето е огромно, вели Трајковски.

Местото на погибијата е обележано со една плоча на која се испишани имињата на убиените бранители и таа е поставена на банкината од автопатот. Сите досегашни Влади ветуваа дека на ова место ќе се подигне достоинствен споменик, но досега ништо не е направено од ова.

-Би упатил апел и како дел од Владата, а и јас ќе настојувам тука да има едно достојно спомен обележје во чест на овие 10 загинати прилепски бранители, изјави Марјан Ристески, заменик министер за економија.

На 8-ми август 2001 година на ова место беа убиени бранителите: Сашо Китаноски, Нане Наумоски, Бранко Секулоски, Марко Деспотоски, Ергоган Шабаноски, Љубе Грујоски, Дарко Вељаноски, Веби Рушитовски, Горан Миноски и Пеце Секуловски.

Фото: МИА

Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Скриншот од видео на ДИК

    Локалните избори 2025 се официјално и конечно завршени, објави ДИК

    307 shares
    Share 123 Tweet 77
  • Богати странци плаќале по 80.000 фунти за „сафари викенд“ за да убиваат цивили за време на опсадата на Сараево

    103 shares
    Share 41 Tweet 26
  • „Ние сме далеку пред Албанија“ – Зошто оваа изјава на премиерот Мицкоски е важна за европската приказна на Северна Македонија

    122 shares
    Share 49 Tweet 31
  • Вицепремиерот Стоиљковиќ со нервозна реакција на новинарско прашање од ЦИВИЛ – тенденциозна и потпалувачка порака на социјалните мрежи

    98 shares
    Share 39 Tweet 25
  • Како е поврзан министерот Трипуновски со корупцискиот скандал во кој е осомничена негова блиска соработничка

    95 shares
    Share 38 Tweet 24
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ