На 5 дена пред изборите во САД, анкетите покажуваат блага предност на потпретседателката Камала Харис во клучните држави, но и ги алармира државите за можност од дезинформации, закани и насилство и можни теории на заговор.
Висконсин – клучна држава за претседателска функција
Двајцата претседателски кандидати Доналд Трамп и Камала Харис се појавија одделно во државата Висконсин. Висконсин е една од седумте клучни држави на бојното поле на кои и двајцата кандидати посветуваат многу време, пари и внимание. Последните две трки во Висконсин се најдоа на тенки маргини: Трамп ја победи Клинтон со 47,8% спрема 47% во 2016 година, Бајден го победи Трамп со 49,6% до 48,9% во 2020 година. (повеќе: „Харис и Трамп во Висконсин – клучна држава за освојување на претседателска функција“)
Анкети и предвидувања
Камала Харис, има мала предност пред републиканскиот противкандидат Доналд Трамп во Мичиген и Висконсин, додека двајцата кандидати се изедначени во Пенсилванија. Харис води со 48 наспроти 43 проценти меѓу веројатните гласачи во Мичиген и со 51 наспроти 45 проценти во Висконсин.
Пенсилванија, анкетата на Си-Ен-Е покажа дека Харис и Трамп се изедначени со 48 проценти. Со деветнаесет електорски гласови, Пенсилванија е една од најпосакуваните награди во борбата за Белата куќа.(повеќе: „Анкета: Камала Харис со мала предност во Висконсин и Мичиген, изедначена со Трамп во Пенсилванија“)
Можни закани, насилство, дезинформации…
Во Филаделфија, Детроит и Атланта, три од омилените цели на поранешниот претседател Доналд Трамп за лажни тврдења за измама на гласачите, официјалните лица ги зајакнаа своите операции против повторувањето на хаосот од 2020 година. Местото каде ќе се бројат гласачките ливчиња во Филаделфија сега е опкружено со ограда со бодликава жица. Во Детроит и Атланта, некои изборни канцеларии се заштитени со стакло отпорно на куршуми.
Во Аризона, епицентар во 2020 година за лажни тврдења на републиканците за наместено гласање, државниот секретар работи со локалните власти на тоа како да одговори на дезинформациите, вклучително и длабоко лажни слики за наводна измама.(повеќе: „САД пред изборите: Oфицијалните лица се подготвуваат за теории на заговор и насилство“
Сослушување на Елон Маск
Судија во Филаделфија му нареди на милијардерот Илон Маск да се појави пред суд на сослушување во врска со делењето по еден милион евра на регистрираните гласачи во таканаречените колебливи држави на САД.
Обвинителите од Филаделфија се изјаснија против иницијативата на Маск да подарува милиони преку лотарија, по што беше поднесена тужба.(повеќе: „Маск повикан во суд поради делењето пари преку лотарија на гласачите на изборите во САД“)
Подготви: Б. Ј.