Граѓаните се принудени да пешачат среде улица на булеварот „Кирил и Методиј“, бидејќи тротоарот што се наоѓа кај административната зграда на ЕЛЕМ е нефункционален, односно е заграден со тараби поради безбедност при градежни зафати, иако барем однадвор изгледа дека зградата е завршена.
За ситуацијата да биде пострашна, подолго од еден месец се поправа тротоарот отпсротива кој е единствениот сигурен премин за пешаците.
Јас не знам колку точно време мораме да поминеме на сред улица за да стигнаме од другата страна. На средина на улицата има дупка на која еднаш се сопнав, а доколку подолго се задржите може да фатите сеир како луѓе се сопнуваат или како паѓаат велосипедисти.
Покрај тарабите што го зафаќаат речиси цел тротоар, дополнителен проблем на граѓаните им претставува и контејнерот што е поставен до тротоарот, односно на улица!
Апелирам до градските власти што поскоро да го решат овој проблем. Да не се чека до последен миг кога ќе настрада некој пешак.
Дамјан Темков