Најмалку 3.812 цивили се убиени или ранети во првата половна од оваа година во војната против исламистичките групи во Авганистан. Тоа се нагласува во извештај на ОН, јавува МИА.
Регистрирано е зголемување на бројот на жртви од владини сили и војски под команда на НАТО. Извештајот е објавен пред преговорите на талибанците и американски претставници за прекин на војната во Авганистан што трае веќе 18 години. Преговорите се во важна фаза, бидејќи американските преговарачи сакаат договор пред 1 септември.
Талибанците и припадници на ИД убиле 531 Авганистанец и раниле 1.437 меѓу 1 јануари и 30 јуни оваа година. Провладините сили убиле 717 цивили и раниле 680 во тој период и тоа е зголемување за 31 отсто во споредба со истиот период лани. Најмалку 144 жени и 327 деца се убиени и над илјада се ранети во Авганистан. Во воздушни напади убиени се 519 цивили од кои 150 деца