• Latest

ОН во Авганистан ја повикаа талибанската влада да ги укине ограничувања наметнати на авганистанските жени и девојки

March 8, 2025
Христијан Мицкоски, 2022 (фото: Кирил Михаилов / ЦИВИЛ)

Мицковски и неговите говори: Просто да ти е милина што сме „скандинавска земја“

May 9, 2025

САД и Обединетото Кралство објавија нов трговски договор; За Трамп значи отворање огромен пазар, за Стармер е историски ден

May 8, 2025

Ватикан избра прв понтиф од САД; Роберт Превост е новиот папа Лео XIV

May 8, 2025

Парада на срамот и злосторството: Руските агресори не се ослободители, туку злосторници – ја присвојуваат победата над нацизмот

May 8, 2025

(ГАЛЕРИЈА)Масакрот во Корјукивка, Украина: Најбруталната казнена акција на нацистите во Втора светска војна

May 8, 2025

24 ЧАСА: Европа го одбележува Денот на Победата; Според Штајнмаер, Путин ја искривува историјата и ги крие злосторствата; Вучиќ „му фрли ракавица“ на Брисел

May 8, 2025

Честит Ден на победата во Европа, 8 Мај и Честит Ден на Европа, 9 Мај

May 8, 2025

Дурмиши повторно предупредува: Доколку има енормно зголемување на цените на прехранбените производи ќе се преземат поригорозни мерки

May 8, 2025
Фото: Фејсбук на Апасиев / Левица

Парадата на победата во Москва ги разобличува руските инсталации

May 8, 2025

Одбрана на демократијата, препораки и политики: Градење меѓуполитички и општествени сојузи

May 8, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ЧОВЕКОВИ ПРАВА

ОН во Авганистан ја повикаа талибанската влада да ги укине ограничувања наметнати на авганистанските жени и девојки

March 8, 2025 15:48
in ВЕСТИ, СВЕТ, ЧОВЕКОВИ ПРАВА
Share on FacebookShare on Twitter

На Меѓународниот ден на жената, Обединетите нации во Авганистан ја повикаа талибанската влада да ги укине тековните ограничувања наметнати на авганистанските жени и девојки.

ОН во соопштение ја повика и меѓународната заедница да преземе решителна акција за поддршка на зајакнувањето и иднината на авганистанските жени.

Според ОН, жените и девојчињата во Авганистан се соочуваат со системско исклучување од образованието, вработувањето и јавниот живот.

– И покрај тешките предизвици, авганистанските жени продолжуваат да ги водат, градат и поддржуваат своите заедници. Тие обезбедуваат здравствени и услуги за заштита кои спасуваат животи, водат бизниси и граѓански организации и неуморно се залагаат за нивните права, изјави Роза Отунбаева, шефица на дипломатската мисија на ОН во Авганистан.

Таа истакна дека враќањето на правата на авганистанските жени на образование и вработување во голема мера ќе го подобри нивниот живот и позитивно ќе влијае на иднината на Авганистан.

Алисон Давидиан, специјална претставничка за ОН Жени во Авганистан, додаде: „Не можеме да прифатиме иднина за авганистанските жени и девојки што никогаш не би ја толерирале за жените на кое било друго место“, пренесе ДПА.

Во меѓувреме, Забихула Муџахид, главниот портпарол на талибанската влада, рече дека владејачката група ја презела целосната одговорност за одржување и заштита на правата на авганистанските жени во согласност со исламскиот закон и културните и традиционалните практики на авганистанското општество.

Од враќањето на Талибанците на власт во 2021 година, на авганистанските девојчиња им е забрането да учат после основното училиште, одлука што Талибанците првично ја нарекоа „привремена суспензија“, иако оттогаш не се направени никакви промени.

Покрај тоа, од авганистанските жени се бара да имаат машки старател кога патуваат на долги растојанија и се исклучени од повеќето државни работни места.

Групата негираше дека вовела целосна забрана за женските активности, посочувајќи на речиси 9.000 работни дозволи издадени на жени и тврдејќи дека многумина се дел од работната сила во Авганистан. / МИА

Print Friendly, PDF & Email
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Пандов љубител на костимирани настапи: ангелче, комита, моторџија, историчар, директор, а сега влезе и во мафијашки филм

    142 shares
    Share 57 Tweet 36
  • Зошто надворешната политика на владата на ДПМНЕ е антинационална и стана „тажната приказна“ на Балканот

    123 shares
    Share 49 Tweet 31
  • Тричковски: Медиумите се за граѓаните тоа што е златицата за компирите!

    97 shares
    Share 39 Tweet 24
  • Мрежа за заштита на жените Ромки: Фемицидот врз Рамајана не е изолиран инцидент; 142 случаи на семејно насилство врз ромски жени регистрирани во 2024

    95 shares
    Share 38 Tweet 24
  • ПОРТОКАЛОВА ГЛАВА НА ТЕГЕТ ОДЕЛО: Трамп, дрско и без почит, во потрага по внимание на погребот на Папата

    92 shares
    Share 37 Tweet 23

CIVIL MEDIA NEWSLETTER

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ