„Безбедноста и реформите во полицијата: Поблиску до граѓанките и граѓаните“ е темата во фокусот на ЦИВИЛ на панел дискусијата денеска, четврток, 31 март, со почеток во 13 часот.
На панел дискусијата ќе учествуваат Снежана Петровиќ Арсовска, Жаклина Прошароска и Тони Станковски од МВР и Александар Србиновски од Глобалната иницијатива против транснационалниот организиран криминал. Дискусијата ќе ја води Џабир Дерала од ЦИВИЛ.
Настанот ќе биде емитуван во живо, на Фејсбук страницата и видео каналот на Јутуб на ЦИВИЛ.