• Latest

Османи: Географски и геополитички факт е дека иднината на регионот е во ЕУ

June 16, 2021

Ел Чека фрли „предизборна бомба“: Објавени снимки со компромитирачка содржина за кичевскиот градоначалник Фатмир Дехари

October 15, 2025
Фото: Фејсбук

Фотографии од Бранко Црвенковски со членови на ВМРО-ДПМНЕ и ЗНАМ ја вжештија политичката клима пред избори

October 15, 2025

ЦИВИЛ ја отвори дебатата за демократското назадување и улогата на граѓаните како чувари на демократските процеси

October 15, 2025
Креирано со помош на ВИ

Зацврстување на кинеската „мека моќ“ во Северна Македонија: Преку образованието, ИТ и TикToк до влијание врз изборите

October 15, 2025

Последни три дена од изборната кампања

October 15, 2025
Фото: Фејсбук на Гордана Сиљановска Давкова

Венецијанската комисија бара уставни измени и ограничување на мандатот на јавниот обвинител

October 15, 2025

Претседателката на ЕК, Урсула фон дер Лајен денеска во Скопје

October 15, 2025
Screenshot

Османи порачува дека нови градби без дозвола под негова одговорност нема да има, Меџити го обвини за лицемерие бидејќи живее во дивоградба легализирана за едно евро

October 14, 2025

Ви благодариме што се залагате за вистината и демократијата

October 14, 2025
Demolished Gaza
Photo source: Al Jazeera video screenshot

Ројтерс: ОН соопшти дека земјите се подготвени да помогнат во финансирањето на обновата на Газа од 70 милијарди долари

October 14, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Османи: Географски и геополитички факт е дека иднината на регионот е во ЕУ

June 16, 2021 13:35
in ВЕСТИ
Share on FacebookShare on Twitter

Министерот за надворешни работи денеска се обрати на Глобалниот безбедносен форум „ГЛОБСЕК 2021“ во Братислава, на тема „Геополитичката Европа на крстопат: Западниот Балкан во Ера на Пост-Ковид-19 “.

Осврнувајќи се на регионалните и геополитички последици доколку се изгуби посветеноста на Европската унија кон земјите од Западен Балкан, Османи потенцираше дека иднината на регионот е во ЕУ, што истовремено е географски и геополитички факт. Земјите се наоѓаат во фаза на засилена меѓусебна економска соработка која неминовно ќе доведе до прием во заедничкиот европски пазар. „Тоа е суштината на европската интеграција. Надворешната и безбедносната политика на ЕУ ќе биде предмет на натамошен развој, но фактот што сите ние на Европскиот континент, во најголема мерка се определивме за евро-атлантските либерални вредности, доволно зборува дека иднината е предвидлива, сите да бидеме дел од заеднички сојуз, во одбрана од заедничките закани“, истакна Османи.

Во овој контекст, Османи истакна дека за пристапниот процес на земјите од регионот, реформите се клучни, особено “фундаментите“, а она што е подеднакво важно на патот кон членство во ЕУ е помирувањето во регионот, нешто за кое земјите мора да продолжат активно да работат.

„Северна Македонија со Охридкиот Договор, Преспанскиот договор и Договорот за добрососедство и пријателство со Бугарија е модел кој треба да се следи во оваа насока“, нагласи Османи.

Прашан дали постои начин ЕУ да покаже дека новата методологија е долгорочна операција што може да ја потикне проевропската приентација на земјите од ЗБ, Османи посочи дека доколку ни се дозволи да преговараме многумина пријатно ќе бидат изненадени од нашата посветеност, но и од нашиот стручен капацитет. „Јас сум оптимист, и покрај мачнината создадена кај нашите трпеливи граѓани по однос на евро-интеграциите, заради билатералните пречки, набрзо ќе докажеме дека нашите граѓани без разлика на која заедница припаѓаат поседуваат квалитети да се натпреваруваат со своите врсници во ЕУ. Нашите млади ќе не надминат и ќе докажат дека неоправдано премногу долго не спречуваа да се развиваме, еквивалентно на поранешните земји кои веќе се членки“, истакна Османи.

Османи на овие теми дебатираше заедно со министрите за надворешни работи на Хрватска и Словенија, Радман и Логар, придружени од специјалниот претставник на ЕУ за Западен Балкан, Мирослав Лајчак.

 На конференцијата ќе учествуваат шефови на држави и влади, министри за надворешни работи, парламентарни делегации, претставници од бизнис заедницата, како и бројни претставници на влијателни меѓународни невладини и тинк-тенк организации од Европа и светот.

Print Friendly, PDF & Email
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Креирано со помош на ВИ

    Случајот со Тричковски повторно ја исфрли на површина селективноста на властите

    150 shares
    Share 60 Tweet 38
  • Колегите од Неврологија во одбрана на Кузмановски по скандалот со кокаин: „Наместо осуда – сочувство и достоинство“

    117 shares
    Share 47 Tweet 29
  • Вучиќ, со „нож во грбот“од Ердоган, го врти другиот образ: Од обнова на Отоманската империја до „пријатели и партнери“

    108 shares
    Share 43 Tweet 27
  • Ел Чека фрли „предизборна бомба“: Објавени снимки со компромитирачка содржина за кичевскиот градоначалник Фатмир Дехари

    98 shares
    Share 39 Tweet 25
  • Андонов: Имаме многу необразовани членови во политичките партии, дел од тие стануваат и функционери

    94 shares
    Share 38 Tweet 24
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ