• Latest

Османи ќе ја води битката за Чаир, Меџити вели – „ќе одговориме со тешка артилерија“

July 22, 2025
Илустрација. ВИ

ОД БЕЛЕЖНИКОТ НА НАБЉУДУВАЧОТ НА ЦИВИЛ (2): „Ние знаеме што правиме“ – избирачките одбори пречка во работата на набљудувачите на ЦИВИЛ

November 12, 2025
Фото: Лукоил Македонија/ Фејсбук

Лукоил во цајтнот, нема одговор за судбината на македонската подружница со 550 вработени и 40 бензински пумпи

November 12, 2025
Презентацијата на рускиот робот со вештачка интелигенција сличен на човек - падна додека одеше на сцената.. скриншот од X/@Gerashchenko_en

(ВИДЕО) Првиот руски хуманоиден робот падна на сцената за неколку секунди од презентацијата

November 12, 2025
Фотографија: Wikimedia Commons

Њујорк Тајмс: Жените -лидерки во светот, „железните дами“ на десницата

November 12, 2025

СПЕЦИЈАЛЕН ИЗВЕШТАЈ НА ЦИВИЛ: Информациска војна и пропаганден екосистем во Северна Македонија

November 12, 2025
Фото: Скриншот од Јутарњи лист / Х

Загреб го забрани поздравот „За дом спремни“ на концертите и јавните настани во градот

November 12, 2025
Фото: Скриншот од видео на ВВС

Стармер ќе се бори против обидите за негова замена како лидер на Лабуристичката партија

November 12, 2025
Војниците на ИДФ дејствуваат на источната страна од Жолтата линија во Кан Јунис во јужна Газа, на фотографија од брошурата објавена на 9 ноември 2025 година. Фото: ИДФ

Кушнер и Нетанјаху сè уште бараат решение за застојот со терористите на Хамас во тунелите во Рафа

November 12, 2025
Демонстрантите се судрија со обезбедувањето на местото на одржување на COP30 во Бразил. Скриншот од видео на ВВС

Домородни демонстрантите упаднаа на COP30 во Бразил носејќи транспаренти „нашите шуми не се на продажба“

November 12, 2025
Скриншот од видео на
FRANCE 24 English

Графикон на неделата: Европа стана најголемиот купувач на американско оружје додека руската закана расте

November 11, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Османи ќе ја води битката за Чаир, Меџити вели – „ќе одговориме со тешка артилерија“

July 22, 2025 10:02
in ВЕСТИ, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Потпретседателот на Демократската унија за интеграција Бујар Османи, вечерва, преку објава на социјалните мрежи ја потврди кандидатурата за градоначалник на Општина Чаир на претстојните локални избори.

„По голем број консултации, по сериозно преиспитување, одлуката ја донесовме заеднички со луѓето кои се околу мене, да ја понудам мојата посветеност и да ја побарам довербата за да ја предводам нашата општина. Не се работи за функција, тие кои ме знаат, добро знаат дека сѐ што правам, во секој предизвик, влегувам искрено, влегувам целосно без никакви задршки. Се работи за одговорност кон сопствениот дом, затоа што граѓаните на Чаир не заслужуваат да живеат во супстандардни и небезбедни услови, не заслужуваат да бидат игнорирани и омаловажувани“, стои во објавата.

Промените, додава, не се лесни и затоа, вели, долго размислувал пред да ја донесе одлуката да се кандидира за градоначалник за Општината.

„Се работи за моите соседи, за нас, за иднината на нашите деца; го прифаќам предизвикот затоа што онака како што пораснав јас во Чаир, сакам тука да растат и Мал, и Елиза и малиот Луан и нивните другарчиња. На Чаир му се потребни промени вистински, длабоки и човечки промени. Знам дека тие промени не се лесни, и затоа долго размислував пред да ја донесам оваа одлука. Јас не бегам од тешки мисии,  напротив, верувам дека со чесна намера, секојдневна работа и професионален пристап, можеме да го промениме Чаир. Да го вратиме достоинството и да отвориме нова страница, со врата што никогаш нема да биде затворена за граѓаните, стои во објавата.

Вицепремиерот и министер за животна средина и еден од лидерите на коалицијата ВРЕДИ, Изет Меџити не ја исклучува можноста тој да биде кандидат за градоначалник на Општина Чаир на претстојните локални избори во октомври.

„Како ВРЕДИ деновиве очекуваме резултати од анкети од професионални агенции и тие ќе ни дадат ориентација кој каде ќе биде, но не го исклучувам и тоа како опција, изјави Меџити во интервју за ТВ Канал 5.

Меџити во интервјуто кажа дека ако ДУИ навистина излезе со Османи како кандидат дека и тие „ќе одговорат со иста артилерија“.

„Ако ДУИ оди со потпретседател и со членови кои биле кандидат за претседател на државата, министер за надворешни работи и ние ќе одговориме со иста „артилерија“, изјави Меџити.

За тоа што ВРЕДИ ќе им понуди на граѓаните од скопската општина Чаир, тој рече дека граѓаните гледаат дека Ахмети и ДУИ се даваат бидејќи немаат луѓе кои ќе трчаат на овие локални избори.

„Од 15 општини кои се со мнозинско албанско население пред да почне трката седум-осум од нив ги даде на алијансите. ДУИ ќе се натпреваруваат само во седум општини, но мислам дека во сегашниве околности каде ДУИ раководи со 11-12 општини во најдобар случај може да смета само на седум општини. Исто така се даваат на овие локални избори, се даваат само да си ја спасат кожата. Ние будно ќе ги следиме овие околности и случувања и ќе одговориме соодветно“, рече Меџити.

За актуелниот градоначалник на Чаир, Висар Ганиу и нападите од актуелната градоначалничка Данела Арсовска, тој кажа дека се чекаат резултатите од анкетите, како и дека ги очекува официјалните информации од ДУИ кои ќе бидат нивните кандидати.

Тој ја обвини Арсовска дека не се занимава со градот Скопје туку само со општината Чаир, како и дека инцидентот во кој таа беше нападната бил поврзан со ДУИ. Ако сме до дивоградбите и кандидатот на ДУИ за градоначалник на Чаир, Бујар Османи, како што кажа тој, живее во дивоградба и затоа „не може да зборува за дивоградбите“, туку се скриени зад градоначалничката на Скопје за да ја искористат за време на кампањата.

Како министер за животна средина, запрашан за хигиената во Скопје, каде деновиве се одржува Европски младински олимписки фестивал, Меџити кажа дека тоа се ингеренции на Градот Скопје. Тој зборуваше и за владината поддршка за регионалните депонии.

Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • (ФОТО) Како ќе изгледа документот за идентификацискиот број за граѓаните на „Отворен Балкан“

    113 shares
    Share 45 Tweet 28
  • Изгледа гатачката на Грујо ја вратиле во Царина, Мицкоски почна да споделува вести од иднината

    110 shares
    Share 44 Tweet 28
  • „Ние сме далеку пред Албанија“ – Зошто оваа изјава на премиерот Мицкоски е важна за европската приказна на Северна Македонија

    104 shares
    Share 42 Tweet 26
  • Локалните избори во Косово Избори без апсолутен победник, но со пораки за партиите

    96 shares
    Share 38 Tweet 24
  • Пендаровски: Ниту една земја што се затворила не станала голема, изолацијата не е добра

    96 shares
    Share 38 Tweet 24
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ