• Latest

Османи – Мази: Северна Македонија и Албанија заслужуваат да ги одржат првите меѓувладините конференции и да ги почнат преговорите

May 14, 2021
Германски и советски војници фотографирани заедно неколку дена откако советските единици влегоа во Полска. Фото: Јавен домен / Wikicommons

Пропаганда и негирање: Како Русија ја правда својата инвазија на Полска во 1939 година, во договор со Хитлер

September 17, 2025
Фото: ЦУК

ЦУК: Под контрола пожарите во селото Трубарево и во Дрисла, активни пожарите во селата Виниче, Петрово, Вражале и Крушево

September 17, 2025
Дел од „пакетот“ американска воена помош за Украина, 20 јануари 2022 година. (photo source: Wikimedia Commons / photo by Mauricio Campino)

Администрацијата на Трамп одобри прва помош во оружје за Украина финансирана од НАТО сојузниците

September 17, 2025
Фото: Скриншот од видео на
Al Jazeera English

ЕУ крои план за ограничувања на трговијата со Израел поради војната во Газа

September 17, 2025
Фото: Скриншот од видео на ONT TV Channel

Руските војници почнаа да ја напуштаат Белорусија по вежбите „Запад-2025“

September 17, 2025
Фото: Скриншот од видео на ВВС

Поранешна шефица за здравство на САД: РФК помладиот ме отпушти кога не сакав да отпуштам персонал за вакцинирање без причина

September 17, 2025

24 ЧАСА: Уставен не поведе постапка за Правилникот на ДИК; Србија прва во ЕУ по кршења на медиумската слобода; Навални бил отруен; Фемицидот во Северна Македонија – невидливо злосторство и глуви институции

September 17, 2025
Фото: Скриншот

MFRR: Србија е на прво место во Европа по бројот на кршења на слободата на медиумите

September 17, 2025

„Стела“ повикува на протест пред МВР против колективниот системски крах кој дозволува континуирано насилство врз жени што доведува до фемициди

September 17, 2025
Тануја Пандеј, 24-годишна активистка за заштита на животната средина, една од организаторите на протестот. Фото: Скриншот од видео на Al Jazeera English

Политичарите се богатат додека ние страдаме – Генерацијата Z во Непал ја собори владата за помалку од 48 часа

September 17, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Османи – Мази: Северна Македонија и Албанија заслужуваат да ги одржат првите меѓувладините конференции и да ги почнат преговорите

May 14, 2021 14:26
in ВЕСТИ
Share on FacebookShare on Twitter

Северна Македонија и Албанија во март лани добија зелено светло за  почеток на преговорите и двете земји заслужуваат да ги одржат првите меѓувладините конференции и да ги почнат преговорите без никакво одложување, порачаа  на заедничката прес-конференција во Скопје министерот за надворешни работи, Бујар Османи и амбасадорот Зеф Мази, главен преговарач за пристапување на Република Албанија во ЕУ.

-Претстојните летни самити на ЕУ претставуваат неповторлива шанса со  тоа што ЕУ на дело ќе ја покаже кредибилноста на процесот на проширување и со тоа ќе ја зачува европската идеја како главен мотор на позитивни промени во регионот, вели Османи.

Мази, изрази очекување дека процесот на проширувањето мора да продолжи и дека и двете земји во јуни ќе добијат датум за првите меѓувладини конференции.

-Ние се надеваме силно дека ЕУ ќе најде сили процесот на проширување да продолжи. Ние, Албанија и Северна Македонија нема да заминеме со празни раце на 22 јуни годинава кога е последниот состанок на Советот на општи работи под претседателство на Португалија. Првата Меѓувладина конференција се надеваме дека треба да се одржи ова полугодие и да не се доведе во прашање основната вредност за заслугите. ЕУ ги цени заслугите на секој кандидат. Албанија ги исполни сите барања, процесот на реформи продолжува. Се надеваме дека нема да се закочи процесот на интеграција на нашите две земји, рече Мази.

Османи и Мази на средбата размениле искуства по однос на преговарачката структура, како и улогата на институциите, особено на Министерството за надворешни работи во целокупниот процес, а било дискутирано и за можноста од разни форми на заедничка соработка во форма на обуки за јакнење на административните капацитети при справување со предизвиците на улогата и задачите од преговарачкиот процес.

-Новата методологија предвидува посилно политичко водење на самиот процес на преговори, поголема улога на самите земји – членки во надзорот и оценувањето на преговарачкиот процес, со што и улогата на нашата Дипломатска мрежа во престолнините на ЕУ добива дополнително значење и одговорност за успешно водење на преговорите. Како клучни точки на комуникација со институциите на ЕУ се секако мисиите во Брисел на земјите кои преговараат, и тие мора да добијат сериозно дипломатско засилување; но посебна улога добиваат и сите останати амбасади во земјите – членки на ЕУ, кои треба да воспостават ефикасен проток на информации за напредокот на земјата, и најважно систем на рано предупредување, со цел правилно информирање и на Владата, на самата преговарачка структура за оценката и насоките кои доаѓаат од европските главни градови, истакна Османи.

Министерот Османи  го запозна соговорникот за статусот на реформските постигнувања, како и за актуелните состојби со соседите. Притоа, Османи информирал за обновениот и зајакнат фокус во испорачувањето резултати од областа на владеењето на правото и борба против корупција.

Главниот преговарач за пристапување на Република Албанија во ЕУ, Зеф Мази на агендата денеска има и средба со претседателот на Собранието, Талат Џафери.

Претходно, Мази беше примен од претседателот на државата Стево Пендаровски, со кого размениле мислења и информации за перспективите за скорешно одржување на меѓувладината конференција за двете држави и формалниот почеток на пристапните преговори на Република Северна Македонија и на Албанија со Европската Унија.

 

Print Friendly, PDF & Email
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Милош Биковиќ и Христијан Мицкоски (фото извор: Инстаграм профил на Мицкоски)

    Мицкоски се пофали со Биковиќ – но тој не е само актер, туку дел од прирачникот за хибридно влијание на Кремљ

    239 shares
    Share 96 Tweet 60
  • Крвави лица на Мицкоски, Тошковски и Јанев на страницата „Убијците на Кочани“ – ВМРО-ДПМНЕ бара истрага

    170 shares
    Share 68 Tweet 43
  • По кратка постапка да се решат Ромите – од Вардариште во логорите на смртта!

    145 shares
    Share 58 Tweet 36
  • Руската разузнавачка служба ја обвини ЕУ дека финансира и подготвува „српски Мајдан“ на 1 ноември, на годишнината од падот на настрешницата во Нови Сад

    138 shares
    Share 55 Tweet 35
  • Проф. Андонов: Политикантските коментари на Мицкоски за наводни хибридни напади против неговата влада не се ништо освен пропаганда за негов спас на изборите

    130 shares
    Share 52 Tweet 33
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ