• Latest

Османи од Рим: Унапредување на добрососедските односи и регионалната соработка во функција на европската перспектива

March 9, 2021
Фото: Скриншот од видео на Телеграм каналот Астра

Дронови ја нападнале руската црноморска флота, „мистериозна“ експлозија оштетила танкер во руско пристаниште

July 6, 2025
Фото: Роман Шеремета / Фејсбук

Шеремета: Сите Руси имаат колективна одговорност за геноцидот врз украинскиот народ

July 6, 2025
Фото: Скриншот од видео на 
ABC News (Australia)

Антисемитизмот нема место во Австралија – рече премиерот Албанезе и вети преземање строги мерки по нападот со палење на синагога

July 6, 2025
Фото: Веб страната на ВМРО-ДПМНЕ

Мицкоски се пишмани, нема данок за немажени и неженети – погрешно бил разбран

July 6, 2025
Фото: Скриншот од Јутарњи лист / Х

(ВИДЕО) Хрватската СДП проговори за усташтвото на концертот на Томпсон: Сведоци бевме на срам од целиот свет

July 6, 2025
Фото: Скриншот од видео на CNN-News18

Зошто кинескиот лидер Си Џинпинг го прескокнува овогодинешниот самит на БРИКС?

July 6, 2025
Фотографија: ЦивилМедиа

Канта за смет

July 6, 2025
Генералштабот на Украина пријави напад врз аеродромот Борисоглебск во југозападната Воронешка област, Русија, на 5 јули. Фотографија: Генералштаб / Фејсбук

Украински напад со дронови врз руска воздухопловна база погоди складиште за бомби, авиони – откажани летови на неколку руски аеродроми 

July 6, 2025
Фото: ЦУК / Фејсбук

ЦУК: Активни три пожари во реони на општините Прилеп, Македонски Брод и Чашка

July 6, 2025
Фото: Скриншот од видео на CNN

Израел ќе испрати делегација во Катар на преговори за Газа и покрај „неприфатливите“ барања на Хамас

July 6, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Османи од Рим: Унапредување на добрососедските односи и регионалната соработка во функција на европската перспектива

March 9, 2021 09:15
in ВЕСТИ, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Земјава цврсто останува на определбата за полноправно членство во ЕУ, а сите нејзини дипломатски напори се насочени кон унапредување на добрососедските односи и регионалната соработка во функција на европската перспектива. Тоа е висок приоритет и на нашата надворешна политика.

Ова е пораката што ја испрати вчера министерот за надворешни работи, Бујар Османи на средбите во Рим со високите италијански претставници и со секретарот за односи со државите на Светата Столица, монсињор Пол Ричард Галагер.

Османи рече дека европските реформи во Северна Македонија мора да продолжат, особено во областите на владеењето на правото и во борбата против криминалот и корупцијата.

На средбите беше изразена согласност дека отворањето на пристапните преговори ќе донесе повеќекратна корист, како за Северна Македонија, така и за регионот, но и за кредибилитетот на заложбите на ЕУ за довршување на процесот на европското обединување.

– Остануваме цврсто на патот на европските интеграции. Европските реформи мора да продолжат, особено во областите на владеењето на правото, со видливи резултати и во борбата против криминалот и корупцијата. Ние мора целосно да ја завршиме и нашата подготовка за почеток на преговорите, да ја дооформиме преговарачката структура, да ги зајакнеме капацитетите за преговарање; исто така, мора да продолжи усогласувањето со европските правила и стандарди во рамките на процесот на Стабилизација и асоцијација, да продолжи и имплементацијата на европското законодавство, како и да продолжат сите оние активности кои условно имаат европски контекст, рече Османи на средбата со својот италијански колега Луиџи ди Мајо.

Фокусот на разговорите беше ставен и на европскиот кредибилитет во регионот тесно поврзан со кредибилитетот на процесот на проширување, на усогласувањето на Преговарачката рамка за Северна Македонија, како и на силната и активна италијанска поддршка за почеток на преговорите за нашата земја.

Стана збор и за економската соработка. Османи потсети дека Италија во континуитет е меѓу десетте топ земји според големината на трговската соработка со Северна Македонија, која надминува половина милијарда евра, а во 2019 година била дури 720 милиони евра.

На средбата со секретарот за односи со државите на Светата Столица, монсињор Пол Ричард Галагер акцент беше ставен на перспективата на меѓусебните релации и проактивната улога на нашата земја во промовирањето на меѓурелигискиот дијалог и почитувањето на верските слободи.

Соговорниците се согласија дека историското апостолско патување на Папата Франциско во Република Северна Македонија во мај 2019 година, донесе нова димензија во речиси тридецениските односи, исполнети со пријателство и заемна почит.

Беа разгледани и можностите за интензивирање на секторската соработка меѓу двете земји, пред сè, во сферата на културата, заштитата на културно-историското наследство, образованието и здравството.

-Сите дипломатски напори и висок приоритет на нашата надворешна политика се насочени кон унапредување на добрососедските односи и регионалната соработка, во функција на обезбедување европска перспектива како за Северна Македонија, така и за целиот регион. Темелите на нашето уредување, како мултиетничко и мултиконфесионално општество, претставуваат вредносен модел кој е дел од системот на вредност на западната цивилизација, истакна Османи, при што беа поздравени нашите напори и беше изразена надеж дека интеграцијата на Северна Македонија ќе се развива на начин што ќе биде од полза за целиот Западен Балкан.

Во рамки на работната посета на Рим, шефот на дипломатијата се сретна и со наши иселеници. Во разговорите со нив беа продискутирани темите кои се од интерес за дијаспората, но беше нагласена и важноста на пописот.

-Разговаравме и за други теми од интерес на дијаспората, за нивните загрижености, потребите, но и за можностите за унапредување на комуникацијата со државата, можностите за унапредување на достапноста на услугите кои ги користат граѓаните во странство, како и потенцијалите за нивно враќање во Северна Македонија, напиша Османи на својот фејсбук профил.

Посетата на Османи на Италија, како што соопшти МНР, доаѓа во исклучително важен момент за процесот на проширување на ЕУ.

извор: МИА

Print Friendly, PDF & Email
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Фото: ВИ

    24 ЧАСА: „Шлаканица“ од Брисел за Мицкоски, сестринските партии го избришаа македонскиот јазик и идентитет од ЕУ извештајот; Обвинителството го амнестира Максим Димитриевски; Кавказ на работ на нов конфликт

    100 shares
    Share 40 Tweet 25
  • Таче се (по)јави, вистина се (по)јави

    93 shares
    Share 37 Tweet 23
  • Апсења со смртни последици, рации, претепани и крвави осомничени, соборен патнички авион – како се влошија односите меѓу Русија и Азербејџан

    92 shares
    Share 37 Tweet 23
  • Канта за смет

    92 shares
    Share 37 Tweet 23
  • Скопје како зона без контрола: Убиен пешак, нападната пратеничка, автобус во пламен – државата го губи компасот

    92 shares
    Share 37 Tweet 23

CIVIL MEDIA NEWSLETTER

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ