• Latest

Османи: Подготвени сме за искрени разговори со добра волја за постигнување на взаемно прифатливо решение со Бугарија

June 16, 2021

Локални избори 2025, прелиминарна оценка на ЦИВИЛ: Избирачкиот список – хроничен извор на недоверба (2 дел)

November 8, 2025
Христијан Мицкоски, протестен собир против Европската рамка за преговори, јуни 2022 година (фото: Кирил Михаилов / ЦИВИЛ)

„Ние сме далеку пред Албанија“ – Зошто оваа изјава на премиерот Мицкоски е важна за европската приказна на Северна Македонија

November 8, 2025
Скриншот од видео објавено од украинската амбасадорка Лариса Дир на Х

Амбасадорката Дир објави видео од спасувачките операции по ноќните напади на Русија врз Украина, меѓу повредените има деца

November 8, 2025
Скриншот од видео на
Diario AS

САД ѝ одобрија на Унгарија едногодишно изземање од санкциите за увоз на руска нафта и гас

November 8, 2025
Креирано со помош на OpenAI/ChatGPT

Локални избори 2025, прелиминарна оценка на ЦИВИЛ: Формален процес без суштински интегритет (1 дел)

November 8, 2025

САД одбија да учествуваат во ревизијата на ОН за човековите права

November 7, 2025
Мирослав Јовановиќ - Слободен печат, панел „Уставни измени - Исток или запад“, 29 јуни, 2023
фото: Д. Муратов

Каде го загубивме чувството за срам?

November 7, 2025

Данска планира да воведе минимална возраст за користење социјални мрежи

November 7, 2025
Кривичен суд - Скопје

Притвор за четири лица осомничени за поткуп во врска со ИПАРД програмата

November 7, 2025
Фридрих Мерц (фото извор: Wikimedia)

Мерц најави милијарди за фондот за тропските шуми на КОП30

November 7, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Османи: Подготвени сме за искрени разговори со добра волја за постигнување на взаемно прифатливо решение со Бугарија

Министерот за надворешни работи Бујар Османи денеска пред собраниската Комисија за надворешна политика, реферираше за преговорите што се водат со Бугарија за изнаоѓање решение за деблокирање на ЕУ агендата за нашата држава

June 16, 2021 19:20
in ВЕСТИ, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Министерот за надворешни работи Бујар Османи денеска пред собраниската Комисија за надворешна политика, реферираше за преговорите што се водат со Бугарија за изнаоѓање решение за деблокирање на ЕУ агендата за нашата држава. За пратенците од опозицијата, ваквото обраќање е задоцнето и требало да се случи многу порано.

Претседателот на Комисијата, пратеникот Антонио Милошоски, констатираше дека денешната седница има квалитативен исчекор и дека министерот Османи останал да ја чуе дебатата, но за жал, пратениците од владејачкото мнозинство, како што рече, си заминале од салата и не сакале да разговараат по предложените предлог заклучоци на Комисијата.

–  Комисијата би дала Предлог-заклучоци до Собранието, да донесе резолуција со која, што ќе се отфрли Декларацијата усвоена на 10 октомври 2019 година од страна на Собранието во Бугарија како спротивна на Договорот за добрососедство, пријателство и соработка меѓу Република Бугарија и Република Македонија, потпишан на 1 август 2017 година. Како втор заклучок, Собранието да утврди став за итно и безусловно отпочнување на преговорите со ЕУ со преговарачка рамка, која што нема да биде оптоварена од било какви билатерални спорови, кои што не припаѓаат во европските вредности и стандарди. Трета точка, како предлог-заклучок, Собранието да утврди општ став во кој прашањето за образованието, историографијата и културата се дефинираат како суверени права на секоја држава, а соодветно на тоа надвор од сите норми е да се преговара за посебноста и генезата на македонскиот народ и историскиот континуитет на нацијата, рече Милошоски.

Министерот Османи рече дека со внимание ги слушал излагањата и дека бил поканет да даде извештај за преговорите со Бугарија, но оти не бил информиран дека се предлагаат заклучоци.

–  Ниту сме во состојба, ниту сметам дека е можно за 15 минути да се изгради став за вакви прашања. Барам да не се пристапи кон гласање на овие заклучоци и да се продолжи со коректниот пристап и дебатата, истакна Османи.

Заради немање кворум, Милошоски рече дека не може да се изјаснат по предложените заклучоци и ја прекина работата на Комисијата, посочувајќи дека ваквото напуштање на седницата, само дополнително ќе ја зголеми недовербата.

Министерот Османи, во своето обраќање пред Комисијата, посочи дека се подготвени на искрени разговори со добра волја за постигнување на взаемно прифатливо решение со соседот Бугарија, но не по секоја цена и не на штета на државните интереси. Тој, исто така, посочи дека процесот е сложен и дека немањето политичка влада во Бугарија е сериозна пречка, поради што не сакаат да ги подигаат очекувањата на граѓаните.

– Важно е да се нагласат следните факти и состојби. Прво – идентитетските прашања како што се македонскиот јазик, македонската етничка посебност, Македонците, не се и не може да бидат на масата на преговори. Второ – сметаме дека предлогот на португалското претседателство претставува добра основа за преговори. Трето – настојуваме да се одржи втората меѓувладина седница меѓу двете држави од која треба да излезе соодветен протокол, а од него и акциски план, кој што треба да премине во патоказ. Четврто – комуникацијата се остварува на различни нивоа со цел да се засили целокупниот билатерален дијалог. Петто – целта е заедничка, одржување на првата меѓувладина конференција и формално започнување на пристапните преговори со ЕУ, нагласи Османи, кој се обрати на македонски јазик, посочувајќи дека тоа го прави поради загриженоста на македонските граѓани.

И да не се усвои преговарачката рамка во јуни, како што посочи Османи, веќе е создаден доволно јасен терен со сензибилизација на нашите стратешки партнери и сите земји членки во ЕУ и напорите ќе продолжат веднаш по бугарските избори во рамки на словенечкото претседателство со ЕУ.

Пратеникот Љупчо Пренџов од ГРОМ, најпрво му замери на министерот Османи, што во изминатите десет месеци не се појавил пред Комисијата, иако бил повикуван во два наврати да разговара за актуелните прашања.

– На нас и на граѓаните не ни беше и се уште не е јасно, зошто одбивате да се појавите, да разговараме, да ги слушнеме взаемните аргументи и да се поставиме стратешки, и да ги зацртаме националните црвени линии, особено кога знаеме дека нашиот источен сосед тоа јасно и гласно го направи, рече Пренџов.

Посочи дека побарале проактивен дипломатски пристап и заеднички одговор, но актуелната владејачка коалиција не покажа слух за да се пристапи кон градење на единствена надворешно политичка стратегија и позиции во однос на Бугарија.

Пратеникот Кастриот Реџепи од БЕСА ја поздрави денешната расправа во Комисијата за надворешна политика за, како што рече, да може да се дефинира до каде е состојбата и каков е патоказот за пристапните преговори за членство на земјата во ЕУ.

– Мислам дека е добро што со присуството на министерот тука и реферирањето за сите активности кои се прават, да се отфрлат сите можни шпекулации дека има договори и дека некој преговара за нешто. Со ова се демантира се и се покажа какви дејствија презема државата и Владата за да ја постигне целта, што сите ние ја очекуваме, изјави Реџепи.

Пратеникот Халил Снопче од АА, рече дека е добро што министерот реферирал пред пратениците и дека и тие треба да бидат партнер кон она кон што сите се стремиме.

–  Членството во ЕУ е многу значајно прашање и надминување на овие бариери е многу значајно. Тоа бара многу работа и ангажман од сите страни, особено тие што се главни и одговорни за оваа работа, рече Снопче.

Односите со меѓународните претставници и соседните држави, посочи тој, треба да бидат исти и не треба да се разликува со дијалогот што се прави внатре во државата.

Во продолжението на седницата, пратениците од опозицијата зборува за важноста од носење на заклучоци за позицијата на државата во однос на нашите стратешки цели за членство во ЕУ.

Поради немање кворум седницата беше прекината и ќе продолжи кога ќе се создадат услови за тоа.

Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Љубомир Костовски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

    Избори во кои на Кочани му избраа градоначалник

    190 shares
    Share 76 Tweet 48
  • (ФОТО) Како ќе изгледа документот за идентификацискиот број за граѓаните на „Отворен Балкан“

    113 shares
    Share 45 Tweet 28
  • Од Русија со „братска љубов“: Срцепарателните изјави на Песков  во македонските медиуми

    100 shares
    Share 40 Tweet 25
  • ОБСЕ/ОДИХР: Кампањата во вториот круг беше повоздржана од првиот круг, со одделни случаи на лични напади

    94 shares
    Share 38 Tweet 24
  • Последни часови од гласањето: Гласачите во клучните трки се незадоволни од Трамп и загрижени за економијата, покажуваат излезните анкети на CNN

    89 shares
    Share 36 Tweet 22
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ