• Latest

Османи: Суштинските причини за отпор кон уставните измени се веќе надминати, останати се политичките прашања и калкулации

June 13, 2023
Фотографија  од руски извидувачки авион Ил-20 виден од пилотската кабина на германски борбен авион над Балтичкото Море објавена на 16 октомври 2024 година. Извор: Германски воздухопловни сили/X

Два руски воени авиони навлегоа во воздушниот простор на Литванија

October 23, 2025

ДИК ги одби сите 57 приговори за првиот круг од локалните избори

October 23, 2025

Зеленски ја повика ЕУ да ги ослободи замрзнатите руски пари за одбрана на Украина

October 23, 2025

Самит на ЕУ: Зајакнување на европската одбранбена индустрија, зголемување на инвестициите во заеднички развој, производство и набавка за потребите на одбраната

October 23, 2025
Фотгорафија: Влада на РСМ

Мицкоски: Нема предвремени избори, не ги посакувам и сметам дека се непотребни

October 23, 2025

ИЗБОРНА ХРОНИКА: Ѓорѓиевски и Лабудовиќ го чистат Скопје; Димитриевски ветува паркинг и парк на иста локација; Милосим Војнески, кадидат за градоначалник во Македонски Брод се повлекува од изборната трка

October 23, 2025
screenshot-X-EP

Што содржи најострата резолуција за Србија досега усвоена од Европскиот парламент 

October 23, 2025

Пукал од БМВ додека одел на свадба во Желино – полицијата го уапси кога се пофалил на социјалните мрежи!

October 23, 2025
Фото: wikimedia commons

Амбасадорката Дир: САД воведоа санкции против енергетскиот сектор на Русија, дизајнирани да го зголемат притисокот за постигнување вистински мир

October 23, 2025
Скриншот од видео на ДИК

ДИК: Во 33 општини се завршени изборите за градоначалник во прв круг, во 11 општини има поднесено приговори

October 23, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Османи: Суштинските причини за отпор кон уставните измени се веќе надминати, останати се политичките прашања и калкулации

June 13, 2023 15:55
in ВЕСТИ, ИЗЈАВИ, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Уставните измени се неопходни за да се фати чекорот во овој исклучително важен историски момент и не смееме да ја пропуштиме шансата. Едвај успеавме од  историските прашања и Историската комисија како столб на односите со Бугарија да се префрлиме на човекови права – таму каде што сме најсилни, а сега некој бара да го блокира тој пат за да се вратиме повторно на историската комисија, порача денеска министерот за надворешни работи Бујар Османи.

-Нема да имаме друга шанса и можност во наредните децении ако ја пропуштиме можноста како што направивме пред 20 години кога бевме во пакет со Хрватска и Словенија. Тогаш да добиевме препораки денеска ќе бевме членка на Европската Унија заедно со Словенија и Хрватска. Ако не прифатиме последиците ќе бидат сериозни и ќе се изолираме целосно, а тоа ќе се одрази на економијата и на животниот стандард. Луѓето ќе почнат масовно да ни бегаат од државата затоа што ќе нема перспектива. Албанија ќе почне да се движи, ние ќе останеме изолирани заедно со Босна и Херцеговина и Косово. Тоа ќе биде групата во која ќе биеме ние после ноември, рече Османи на денешната прес-конференција во одговор на новинарско прашање.

Посочи дека по прес-конференцијата одржана по лидерска средба станало јасно дека веќе нема сериозна политичка партија која смета  дека се проблематични уставните измени. Затоа, додаде, сметам дека суштинските причини за отпор кон уставните измени се веќе надминати и сега се останати политичките прашања и калкулации.

-Постигнавме консензус дека уставните измени не се проблем и дека опозицијата ги прифаќа. Констатираме дека се наоѓаме на крстопат и дека имаме историска шанса со уставните измени да ја фатиме брзата патека овозможена од геополитичкиот контекст во кој се наоѓаме. Прашањето на одложена примена на уставен амандман повеќе важи доколку има промени во нормативниот дел од Уставот во кој произлегуваат законски решенија, но кај  овие уставни измени нема измена со која се продуцира закон, но има повеќе политика, симболика и пристап за да покажете дека сите граѓани од сите заедници независно од која бројност се, ги третирате исто. Ако прифатиме одложено дејство им укажуваме на земјите-членки дека Бугарите нема да ги третираме исто како Турците, Албанците, Србите, Власите се до членство во ЕУ. Затоа нема логика одложеното дејство на уставните амандмани. Наш прв пристап е да ја убедиме опозицијата да ги поддржи  уставните измени, рече Османи.

Подвлече дека вчера Делегацијата на ЕУ ги прочита заклучоците на Советот во кои, како што рече, јасно се вели дека уставните измени треба да стапат на сила пред втората меѓувладина конференција.

Нагласи дека ако опозицијата ги поддржи уставните измени кои ќе стапат на сила до втората меѓувладина конференција ДУИ е подготвен истиот ден да ги напушти сите позиции во Владата, вклучувајќи ги и во техничката – пржинска влада и премиер 100 дена.

-За тоа имаме само еден услов – на денот кога ќе се усвои овој план да се почне со истрага на политичките партии, почнувајќи од лидерите, па до членовите на претседателствата и сите останати носители на јавни функции со присуство на експерти од меѓународната заедница кои цело време ќе го мониторираат процесот  со цел да има непристрасност и објективност за да заврши партиската злоупотреба и обвинувањето на политичките партии по однос на криминогеност и корупција. Истрагата да важи за актуелните и поранешните функционери. Доколку и тоа пропадне имаме план „б“ кој треба да се реализира до крајот на годината, потенцира Османи.

Се договоривме, нагласи, дека уставните измени се во наш интерес зашто не оттргнуваат од другата траекторија – Историската комисија и сега заради его трипови и партиски калкулации треба да држиме во заложништво два милиони народ.

-Тоа не може, затоа вчера реков ако не бидат со него ќе бидат без него уставните измени, а за тоа има алтернативни планови. Само преговорите со ЕУ ќе не здробат во делот на злоупотреба на институциите во партиски цели. Се е пробано досега. Добра волја има, но нема сила за имплементација на законските решенија. Како најуспешен модел се покажало отворањето на поглавјата 23 и 24. Затоа инсистираме дајте да почнат преговорите и да се отворат поглавјата 23 и 24 после тоа не е важно кој е во Влада. Од Брисел ќе мониторираат и ќе контролираат, рече Османи.

Во одговор на прашање рече дека очекува многу тешкотии во спроведувањето  на иницијативата на седумте министри за надворешни работи на ЕУ за промена на начинот на гласање во Унијата во делот на надворешната политика и прашањата од безбедноста.

-За да се смени начинот на гласање во ЕУ треба  консензус. Тоа значи дека земјите-членки треба сами да се откажат од нивното право на глас и на вето за да овозможат квалификувано мнозинство. Очекувам дека ќе има многу тешкотии на тој пат, потенцира Османи.

Посочи дека процесот на  интегрирање во ЕУ треба да биде двонасочен и додаде дека не може само да се реформира ЕУ, а Западен Балкан да биде оставен без предвидлива европска иднина зашто на тој начин се губи кредибилитетот и регионот.

-Во геополитиката нема ваакум. Ако не сте вие ќе биде  некој друг. Затоа ја лансиравме и ја лобираме идејата – повеќе интегрирање пред самото членство што значи дека земјите кандидати за членство треба да станат дел од политиките, фондовите и инструментите на ЕУ како се движат низ процесот. Не е тоа алтернативен модел, членството останува како крајна цел, но наместо да се фокусираме на крајната цел бараме да станеме дел од политиките како што ги исполнуваме  критериумите. Исполнуваме едно поглавје, седнуваме на маса со ЕУ и стануваме  дел од ЕУ политиките – пристап до фондовите, пристап до инструментите само што немаме право на глас се уште. Значи стануваме дел од ЕУ пред да станеме дел од ЕУ. За овој модел имаме подготвено „нон пејпр“ и јас го лобирам кај моите колеги и кај ЕУ, рече Османи и додаде дека очекува во текот на летово да има исчекор во однос на оваа инцијатива.

Овој план, како што додаде, е покредибилен и пореалистичен во однос на имплементацијата  отколку промената на начинот на гласање во ЕУ.

Фото: МИА

Print Friendly, PDF & Email
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • EУ испрати порака, Мицкоски молчи – Андонов со жестока критика

    184 shares
    Share 74 Tweet 46
  • Поранешен унгарски разузнавач по неодржувањето на средбата помеѓу Трамп и Путин: Она што сега изгледа како дипломатски успех, на долг рок ќе се претвори во сериозна трагедија

    129 shares
    Share 52 Tweet 32
  • Моќната ракета Томахавк ги собори Садам и Гадафи, може да го собори и Путин

    124 shares
    Share 50 Tweet 31
  • „На Ѓупците треба да им се забрани да гласаат“ – советник од десничарската МААК со скандалозен расистички испад во Неготино

    120 shares
    Share 48 Tweet 30
  • „Путин повторно го изигра“: Откажувањето на самитот во Будимпешта ја завршува фантазијата на Трамп дека ќе донесе мир во Украина

    100 shares
    Share 40 Tweet 25
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ