• Latest

Османи во Познањ: Се надеваме дека за време на словенечкото претседателство со ЕУ ќе имаме поподготвен терен за донесување важни одлуки

June 28, 2021
Фото: Скриншот

Макрон: Мора да продолжиме да ја зајакнуваме нашата воена поддршка за Украина

October 24, 2025
Општина Аеродром (фото извор: ФБ профил на Н. С.)

Министерството за здравство со препораки и мерки за состојбата со сметот во Скопје: Да се избегнува физички незаштитен контакт со отпадот

October 24, 2025

(ВИДЕО)🎙САМО НЕШТО ДА ПРАШАМ за расистичката изјава на советникот Темелков за Ромите во Неготино

October 24, 2025
Фото: украинска авбасадорка Лариса Дир / Х

Амбасадорката Дир: Нападите врз Херсон го одзедоа животот на 3 луѓе, уште 22 се повредени – меѓу нив и деца

October 24, 2025
People seeking aid in Gaza
Photo source: screenshot AP

Врховниот суд на ОН го осуди Израел за ограничувањата на помошта за Газа за време на војната

October 24, 2025
Фотомонтажа: D. Mi[ev/CIVIL Media. Фото од wikimedia commons

Лукоил – новите санкции на Трамп и неодговорените прашања на ЦИВИЛ

October 24, 2025

ЕК: Фејсбук, Инстраграм и ТикТок го прекршиле Законот за дигитални услуги на ЕУ

October 24, 2025

Анализа на содржина: Пропагандно амплифицирање на Орбановите пораки во „Канал 5“

October 24, 2025
Фото: Meanwhile in Ukraine

Роберт „Маѓар“ Бровди: Пред 69 години Унгарија смело рече „не“ на црвената диктатура…денес Орбан живее со искривена интерпретација на тие настани

October 24, 2025

Хоџиќ: Да се обединиме околу демократијата и да се вратиме на патот кон ЕУ – државата оди во опасен правец

October 24, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Османи во Познањ: Се надеваме дека за време на словенечкото претседателство со ЕУ ќе имаме поподготвен терен за донесување важни одлуки

June 28, 2021 15:37
in ВЕСТИ
Share on FacebookShare on Twitter

Вишеградската четворка е  пример и инспирација за начинот на кој треба да се одвива регионалната соработка меѓу земјите од Западниот Балкан, изјави министерот за надворешни работи Бујар Османи во Познањ, Полска, по завршувањето на годишниот состанок на министрите за надворешни работи од земјите од Вишеградската група (В4) и земјите од Западен Балкан (ЗБ6), во својство на претседавач со Фондот за Западен Балкан.

Како што соопшти Министерството за надворешни работи, на заедничката изјава за медиумите со министерот за надворешни работи на Полска, Збигњев Рау, и со Мирослав Лајчак, специјален претставник на ЕУ за Западен Балкан, Османи истакна дека земјите од Западен Балкан имаат извонредна можност да научат од искуствата на Вишеградската четворка.

– Особено во поглед на тоа како, и покрај постоењето одредени разлики, вие сепак успевате да разговарате и да градите заеднички позиции за важни прашања пред важни европски совети и самити, нагласи Османи.

Шефот на македонската дипломатија се осврна и на процесот на проширување, регионалната соработка, како и за очекувањата од претстојното словенечко претседателство со Европската Унија.

– Последните Совети на ЕУ покажаа дека разговорите околу начинот на кој треба да се обезбедат делотворни процеси на пристапување за сите наши земји не се завршени, туку, напротив, можеби само што започнале. Република Северна Македонија искрено се надева дека за време на словенечкото претседателство со ЕУ ќе имаме поподготвен терен за донесување важни одлуки во врска со европската перспектива на земјата и на целиот регион, рече Османи.

Додаде дека на состанокот се согласиле дека не се исполнети сите очекувања бидејќи не беше постигнат консензус за отворање на пристапните преговори и организирање на првите меѓу владини конференции со Северна Македонија и Албанија за време на португалското претседателство со ЕУ.

-Од друга страна, беше направен важен исчекор во однос на спроведувањето на новата методологија за преговори преку одржување на првите меѓу владини конференции со Србија и Црна Гора соодветно во новиот формат. Главната порака што би сакал да ја пренесам од оваа денешна средба е дека и покрај многуте неуспеси во претходните години, процесот на проширување сè уште останува во важност и вреди да се продолжи од страна на аспирантите, но и од самата ЕУ. Тој овозможува повеќекратни придобивки за нашиот континент и сите ќе ги удвоиме напорите за време на словенечкото претседателство со ЕУ да направиме конечен пробив за Северна Македонија и Албанија по ова прашање. Остварувањето активен процес на преговори ќе биде многу важно за квалитетот на реформите на национално ниво и за целокупната позитивна трансформација на регионот, нагласи Османи.

По повод 30-годишнината од независноста на нашата земја,  министерот за време на посетата на Познањ, на неговиот колега Збигњев Рау му врачил постхумно признание за Тадеуш Мазовјецки, поранешен премиер на Полска.

-За време на неговиот мандат како специјален известител на Комитетот за човекови права на ОН, Мазовјецки вложи огромен личен напор за поддршка на нашата апликација за членство во Обединетите нации во раните 1990-ти години, посочи Османи во изјавата.

Состанокот на министрите за надворешни работи од земјите од Вишеградската група и земјите од Западен Балкан оваа година се одржува во Познањ, во рамките на полското претседавање.

Како што посочува МНР, министрите на маса имаа бројни теми за дискусија, како што се градењето мерки за економско заздравување од пандемијата, продлабочувањето на заедничкиот регионален пазар, инвестициите во образованието, дигитализацијата и другите инфраструктурни проекти и зелени иницијативи, како и други теми од поширок меѓународен карактер, пред се закрепнувањето од пандемијата со КОВИД-19 и ублажувањето на огромните стопански последици од неа.

 

Print Friendly, PDF & Email
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • EУ испрати порака, Мицкоски молчи – Андонов со жестока критика

    185 shares
    Share 74 Tweet 46
  • Поранешен унгарски разузнавач по неодржувањето на средбата помеѓу Трамп и Путин: Она што сега изгледа како дипломатски успех, на долг рок ќе се претвори во сериозна трагедија

    130 shares
    Share 52 Tweet 33
  • „На Ѓупците треба да им се забрани да гласаат“ – советник од десничарската МААК со скандалозен расистички испад во Неготино

    124 shares
    Share 50 Tweet 31
  • Моќната ракета Томахавк ги собори Садам и Гадафи, може да го собори и Путин

    124 shares
    Share 50 Tweet 31
  • „Путин повторно го изигра“: Откажувањето на самитот во Будимпешта ја завршува фантазијата на Трамп дека ќе донесе мир во Украина

    101 shares
    Share 40 Tweet 25
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ