• Latest

Осум специјалисти од приватните болници од утре на располагање на скопските клиники

April 7, 2021

Ден на Уставот на Република Северна Македонија: Хронологија на три децении уставни трансформации на државата

November 17, 2025
Полскиот премиер Доналд Туск разговара со полициски и воени претставници во рамките на истрагата за сомнителна саботажна операција против полска железница на 17 ноември 2025 година. Фото: Полски премиер Доналд Туск/X

Варшава ја оцени како „невиден чин на саботажа“ експлозијата на полската железничка пруга што се користи за пратки помош за Украина

November 17, 2025
Снимки на кои се гледаат украински војници застрелани од руски војници во близина на населбата Затишшија во Запоришката област, објавени на 15 ноември 2025 година. Скриншот од (Дип Стејт/Телеграм

Руските окупатори егзекутирале 2 украински воени заробеници во Запоришката област

November 17, 2025
Владимир Пивоваров, експерт за безбедност

Пивоваров: Лажните изборни ветувања се најтешко кривично дело – граѓаните живеат во маѓепсан круг на корупција

November 17, 2025

Цените на храната растат, мерки нема – Ристески се повикува на казните од 2,5 милиони евра

November 17, 2025

Пропустите на факултетите ги оставија студентите без оброк – Јаневска ветува дека пари ќе има следниот месец

November 17, 2025
фото: ВИ

Изборите завршија, новиот старт по грабање на јавните површини од моќници почнува веднаш

November 17, 2025
Фото: Лариса Дир/Х

Амбасадорката Дир: Ракетен удар на рф врз станбен квартал во Харкивскиот регион – 3 загинати, 10 повредени, меѓу нив и деца

November 17, 2025
Мурал од Бенкси

Меѓународен ден за толеранција: ЦИВИЛ бара почитување на принципите на толеранцијата, човековите права и меѓународното право – да се стави крај на насилствата и војните

November 17, 2025

Гаши ги распиша локалните избори за градоначалници во Гостивар, Врапчиште, Маврово и Ростуша и Центар Жупа за 11 јануари 2026

November 17, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ЗДРАВСТВО КОВИД-19

Осум специјалисти од приватните болници од утре на располагање на скопските клиники

April 7, 2021 15:32
in ВЕСТИ, КОВИД-19
Share on FacebookShare on Twitter

Осум лекари од приватните болници од утре ќе бидат на располагање на јавното здравство и ќе се вклучат во постојниот систем на ротација во рамките на клиниките во Скопје, изјави денеска министерот за здравство Венко Филипче.

Ова како што кажа, било договорено на вчерашниот состанок со медицинските директори на трите приватни болници, „Ремедика“, „Жан Митрев“ и „Систина“ во однос на помош на јавното здравство во справување со ковид-пандемијата.

-Веќе од утре треба да бидат на располагање пет лекари од болницата Систина, двајца од болницата Ремедика и веројатно еден од болницата Жан Митрев, иако првичната најава беше дека голем број од здравствениот кадар се на боледување дека ќе може да пренасочат еден лекар да биде на располагање. Оваа бројка на колеги лекари – специјалисти ќе биде во истиот систем на ротација во рамките на клиниките во Скопје, рече Филипче, одговарајќи на новинарско прашање.

Во однос на цените на здравствените услуги во двете приватни болници – Систина и Жан Митрев, каде се лекуваат ковид-пациенти, на состанокот министерот побарал нивно намалување, но го повтори ставот дека формално-правно државата нема никаков механизам да влијае на цените во приватното здравство.

-Иако апелирав тоа да се направи затоа што е криза, затоа што е пандемија која е специфично прашање насекаде во светот, др. Жан Митрев изрази спремност и рече дека денеска ќе потврди дали ќе ги намали цените за одреден процент, а од Систина јасно ми кажаа дека тоа не може да го направат заради тоа што немале економска логика, рече Филипче.

За можноста за нови вработувања во Брзата помош, која моментно работи со седум екипи, а за што веќе е поднесено барање до Министерството за финансии, министерот за здравство потврди дека повеќе пати досега  разговарал со министерот за финансии, не само за оваа здравствена установа, туку за сите ширум државата, но најави дека во однос за конкретново барање, ќе се заинтересира и дополнително ќе информира.

-Подолго време се чекаа согласности за луѓе кои се со договор на дело, и сега постепено ги добиваат сите како позитивно мислење. Таму каде што добија негативно мислење повторно се пратени писмата и тоа беше договорено со министерот за финансии. Стигна и согласност за младите лиценцирани лекари, близу 90, кои треба да го започнат стажот кој што е платен, рече Филипче.

 

Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Скриншот од видео на ДИК

    Локалните избори 2025 се официјално и конечно завршени, објави ДИК

    307 shares
    Share 123 Tweet 77
  • Богати странци плаќале по 80.000 фунти за „сафари викенд“ за да убиваат цивили за време на опсадата на Сараево

    103 shares
    Share 41 Tweet 26
  • „Ние сме далеку пред Албанија“ – Зошто оваа изјава на премиерот Мицкоски е важна за европската приказна на Северна Македонија

    122 shares
    Share 49 Tweet 31
  • Вицепремиерот Стоиљковиќ со нервозна реакција на новинарско прашање од ЦИВИЛ – тенденциозна и потпалувачка порака на социјалните мрежи

    98 shares
    Share 39 Tweet 25
  • Како е поврзан министерот Трипуновски со корупцискиот скандал во кој е осомничена негова блиска соработничка

    96 shares
    Share 38 Tweet 24
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ