• Latest

Освен од бугарските пратеници од десницата, широка поддршка за Северна Македонија во ЕП

March 25, 2021
Фото: News Coverage  / Инстаграм

Украина спроведe една од најоддалечените операции на саботажа на руската воена инфраструктура во близина на Владивосток

July 7, 2025
фото: ДЗС

ДЗС: Активни четири пожари, два полициски и еден армиски хеликоптер го гаснат пожарот над магистралниот пат Скопје – Блаце

July 7, 2025

Инженери на Македонија: Се отвораат ли врати за скриени интереси со штотуку донесените измени на Законот за енергетика, дали се прави простор за привилегирани инвеститори?

July 7, 2025
Први коментари од Трамп откако неговиот мегазакон беше усвоен. Фото: Скриншот од видео на ВВС

Трамп се заканува со царина од 10% за земјите што ја поддржуваат „антиамериканската политика“ на БРИКС

July 7, 2025
Blokada pred Praven fakultet vo Belgrad/ Foto> screenshot N1

На осмиот ден од протестните блокади во Србија, полицијата ги спречува блокадите во Белград

July 7, 2025
Фото: Скриншот

Во Собрание денеска продолжува расправата за ребаланс на буџетот

July 7, 2025

Израелските напади убија најмалку 38 лица во Газа, додека преговорите за прекин на огнот стигнаа до критична точка

July 7, 2025
Бенјамин Нетанјаху, израелски премиер (фото: МИА)

Нетанјаху денеска во Вашингтон на разговори за Газа

July 7, 2025
Фото: Скриншот од видео на Телеграм каналот Астра

Дронови ја нападнале руската црноморска флота, „мистериозна“ експлозија оштетила танкер во руско пристаниште

July 6, 2025
Фото: Роман Шеремета / Фејсбук

Шеремета: Сите Руси имаат колективна одговорност за геноцидот врз украинскиот народ

July 6, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Освен од бугарските пратеници од десницата, широка поддршка за Северна Македонија во ЕП

March 25, 2021 13:53
in ВЕСТИ, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Годишната дебата во Европскиот парламент за резолуциите за Западен Балкан заврши, се чека гласањето. Дебатата во голема мера се фокусираше на ситуацијата со Северна Македонија и блокадата од Бугарија.

Освен бугарските пратеници центар десно и крајно десните партии кои земаа збор, останатите европратеници денеска побараа што побрзо да отпочнат преговорите со Северна Македонија, која доби зелено светло пред една година, а препорака пред дванаесет години.

Европратеничката Тинеке Стрик, од групата на Зелените, нагласи дека Северна Македонија направи длабоки и често болни реформи за да дојде до ова и потсети дека останува да се направат напори во многу области како правата на жените, на малцинствата, корупцијата и владеењето на правото, и дека земјата покажала волја за соработка со соседите.

-Испраќањето на специјален претставник во Бугарија е знак на добра волја, но за решение е потребна соработка од двете страни, ова не смее да биде пречка за да се исполни ветувањето за почеток на процесот, граѓаните на Северна Македонија чекаа доволно долго, да го докажеме нашиот кредибилитет, изјави Стрике.

Андреа Шидер од групата на Социјалдемократите, исто така оцени дека Скопје заслужува поддршка од целата ЕУ.

-Ми се чини дека блокадата од страна на бугарската влада е погрешен чекор, рече Шидер и побара иднината да не се држи во заложништво во дебатите за минатото.

Неговата колешка од Словенија, Тања Фајон, со поостар тон порача дека ветото на Бугарија е неодговорен чин и дека треба да биде повлечено веднаш. Фајон, заедно со колеги од нејзината партија и од партијата на Зелените се автори на амандман за овој извештај, во кој се оценува дека Бугарија е провокативната страна во овој спор и во кој се повикува Софија на повеќе конструктивност.

Со умерен тон настапи и бугарскиот пратеник од Социјалдемократите, Петар Витанов.

-Не сакам да се конфронтирам со колегите од мојата политичка група, меѓутоа можам да зборувам како Бугарин само, рече Витанов за контроверзните амандмани и додаде дека конфронтацијата ја храни екстремната десница во Бугарија, што ја користи ситуацијата во предизборни цели.

Витанов порача дека ја поддржува Северна Македонија но дека земјата треба да ги почитува добрососедските односи.

-Во дијалогот помеѓу Северна Македонија и Бугарија потребен ни е динамизам, а не динамит, изјави бугарскиот европратеник.

Европратеници од Бугарија, од владејачката партија како и од екстремната десница, Ковачев, Џамбаски и Јорданов, настапија со агресивен тон споредувајќи ја Северна Македонија со Северна Кореја, меѓу другото.

Пратеникот Андреј Ковачев од Европската народна партија оцени дека бугарската заедница во Македонија била мнозинство пред комунизмот, додека неговиот колега Јорданов рече дека во Македонија имало геноцид врз Бугарите.

Еврокомесарот за проширување, Оливер Вархеји, од своја страна изрази надеж дека сѐ уште е можно тоа да се одржи првата меѓу владина конференција под сегашното португалско претседателство на ЕУ, пред први јули, и инсистираше на потребата од конструктивен дијалог со Бугарија.

-Добрососедските односи се суштински дел од напредокот кон ЕУ, билатералните договори, Преспанскиот со Грција и Договорот со Бугарија треба и натаму да се имплементираат во доверба од сите страни, ги охрабрувам Скопје и Софија да ги удвојат напорите за да изнајдат заеднички прифатливо решение за билатералните прашања, ги охрабрувам сите страни да се однесуваат конструктивно и да се воздржат од изјави и акции кои ги поткопуваат пошироките интереси на ЕУ, изјави Вархеји.

Тој оцени дека Северна Македонија има уште многу работа во делот на реформите.

-Одлуката на земјите членки на ЕУ да отворат преговори со Северна Македонија беше историска, и со нетрпение очекуваме да се усвои преговарачката рамка и да се свика првата меѓувладина конференција, се надевам сѐ уште за време на ова претседателство, рече Вархеји.

За крај Вархеји ги повика европратениците да дадат поддршка за процесот на проширување кон целиот регион.

-Повеќе од било кога ЕУ ќе продолжи да стои со нејзините партнери на западен Балкан, иднината на регионот, рече тој, се наоѓа во ЕУ.

Време е за нас да испорачаме, дополни, оваа Комисија е силно посветена да го исполни ова ветување, за ова ни е потребна поддршка од земјите членки и од овој дом, треба да се движиме и да се движиме брзо, повика еврокомесарот за проширување.

Гласањето ќе се одржи доцна попладнево околу шест часот.

 

Print Friendly, PDF & Email
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Фото: ВИ

    24 ЧАСА: „Шлаканица“ од Брисел за Мицкоски, сестринските партии го избришаа македонскиот јазик и идентитет од ЕУ извештајот; Обвинителството го амнестира Максим Димитриевски; Кавказ на работ на нов конфликт

    100 shares
    Share 40 Tweet 25
  • Таче се (по)јави, вистина се (по)јави

    93 shares
    Share 37 Tweet 23
  • Канта за смет

    93 shares
    Share 37 Tweet 23
  • Апсења со смртни последици, рации, претепани и крвави осомничени, соборен патнички авион – како се влошија односите меѓу Русија и Азербејџан

    92 shares
    Share 37 Tweet 23
  • Скопје како зона без контрола: Убиен пешак, нападната пратеничка, автобус во пламен – државата го губи компасот

    92 shares
    Share 37 Tweet 23

CIVIL MEDIA NEWSLETTER

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ