• Latest

Отворен јавниот повик за ко-финансирани грантови за технолошки развој и за забрзан економски раст на ФИТР

February 6, 2021
Креирано со помош на ВИ

САД привремено ги ослободија од санкции подружниците на Роснефт во Германија, по разговорите со Берлин

October 29, 2025

ИЗБОРНА ХРОНИКА: Кампањата финализира со нови ветувања, поддршка за кандидати, додека победниците ги верифицираат мандатите

October 29, 2025
Фредерик Лејдквист, директор на Стокхолмскиот центар за источноевропски студии (SCEEUS) во Шведскиот институт за меѓународни односи. Фото: Stockholm Institute of Transition Economics (SITE)

Фредерик Лејдквист од Шведскиот институт за меѓународни односи: Студената војна сега би била најдоброто сценарио

October 29, 2025

БОИШТЕ НА НАРАТИВИ: Руските хибридни операции во Северна Македонија

October 29, 2025
Војници на САД во базата на НАТО во Тапа-Естонија. Фото: Д. Мишев/Цивил

Романско МНР: САД планираат да намалат дел од трупите на источното крило на НАТО

October 29, 2025
Фото: МИА

ЕУ без консензус за Белорусија поради Унгарија

October 29, 2025
Руски извидувачки авион Ил-20 забележан од полските воздухопловни сили над Балтичкото Море на 28 октомври 2025 година. Фото: Оперативна команда на полските вооружени сили/X

Полски борбени авиони пресретнаа руски извидувачки авион над Балтичкото Море

October 29, 2025
фото: ВИ

Буџетот за 2026 под лупа: Фискална рамнотежа или нова зависност од кредити?

October 29, 2025

Директорот на Комунална хигиена поднесе оставка поради морални причини

October 29, 2025
Donald Trump, Xi Jinping
Source- Firstpost video screenshot

Разговорите на Трамп и Си би можеле да стават крај на месеците на глобален економски хаос

October 29, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ЕКОНОМИЈА

Отворен јавниот повик за ко-финансирани грантови за технолошки развој и за забрзан економски раст на ФИТР

February 6, 2021 12:15
in ВЕСТИ, ЕКОНОМИЈА, ТЕХНОЛОГИИ
Share on FacebookShare on Twitter

Директорот на Фондот за иновации и технолошки развој (ФИТР) Коста Петров и вицепремиерот задолжен за економски прашања, координација со економските ресори и инвестиции, Фатмир Битиќи денеска на прес-конференција го најавија отворањето на првиот од 11-те јавни повици за оваа година за ко-финансирани грантови за технолошки развој и за забрзан економски раст на ФИТР. Повикот ќе биде отворен до 6 април, а детали и правилникот за аплицирање ќе бидат објавени на веб страницата на Фондот.

Овој јавен повик, како што посочи Петров, на еден начин е продолжување на јавниот повик од минатата година поврзан со Ковид-19. Буџетот овој пат е двојно зголемен. Минатиот повик беше 3,3 милиони евра, овој повик е шест милиони евра.

Главниот фокус и целта на повикот, како што нагласи Петров, е поддршка на домашните компании да создадат услови за надминување на последиците од економската криза, да остварат забрзан раст, да ја зголемат конкурентносста на меѓународните пазари, но и отпорност кон пандемски и климатски кризи, преку воведување нови, иновативни, напредни и зелени дигитални технологии за нивна трансформација.

–  Во однос на тоа какви предлог проекти очекуваме, односно какви активности поддржуваме, листата не е ограничувачка и може да се најде на веб страницата на ФИТР. Како на пример – набавка и воведување нови иновативни, напредни, зелени дигитални технологии за трансформација на прозводствените и деловните процеси, развој и воведување нови поеколошки процеси и стандарди за производство и работа, како и подобрување на ефективноста и ефикасноста на производството и деловните процеси, појасни Петров.

Фондот, додаде, обезбедува финансиска поддршка за микро претпријатија до 70 проценти од вкупниот буџет на проектот, но не повеќе од 2,5 милиони денари, за мали претпријатија до 70 проценти, но не повеќе од пет милиони денари, а за средните претпријатија до 60 проценти, но не повеќе од 10 милиони денари. Со овој повик ФИТР нуди поддршка и на приватните здравствени установи.

– Некои од условите се: апликантот да не е поврзан со друго претпријатие или приватна здравствена установа чии годишни приходи надминуваат 10 милиони евра, и просечен број на вработени да не надминува 250 од претходните фискални години, да нема доспеани, а неподмирени обврски со доцнење над 90 дена кон финансиските институции, заклучно со месец февруари 2020 година и да ги исполнува условите од Законот за контрола на државна помош и за истиот проект да нема добиено финансиска помош од друга државна институција, појасни Петров.

Во делот на подобни трошоци, Петров посочи дека преку овие грантови има ставка во која се обезбедуваат и плати за лица ангажирани на проектот. Некои од подобните трооци за финансирање се – трошоци за техничка поддршка, односно експертиза, трошоци за договорни услуги за истражување, развој, дигитализација, трошоци за набавка и изнајмување опрема, софтвер, алатки за информатичка технологија и суровини и потрошен материјал директно поврзан со реализацијата на проектот.

– Во однос на механизмот за поврат на средствата се врши постапка од 7,5 проценти од оперативната добивка на корисникот, до оставрување на поврат од 105 проценти од износот исплатен од страна на Фондот или за пеирод од пет години по завршување на проектот во зависност од тоа кој услов е прв остварен, рече Петров, додавајќи дека од големо значење е и рамномерниот регионален развој, како и поттикот на женското претприемништво и затоа предност ќе имаат предлог проектите на компаниите кои имаат жени управители и доаѓаат од различни региони.

Бодувањето ќе се одвива на следниот начин – технолошки напредок и степен на дигитализаија – 35 поени, квалитетот на проектот ќе се оценува со 10 поени, капацитетот на проектниот тим ќе се оценува со 10 поени, а влијанието на проектот со 45 поени.

– Во однос на процедурата за оценка и селекција во рамките на овој јавен повик имаме новост која ќе придонесе за забрзан и поефективен процес во делот на административна проверка. Пристигнатите предлог проекти директно ќе одат на евалуација кај домашни стручни лица од 22 области на експертиза. Сите проекти кои ќе добијат проценка оценка од минимум 51 бод одат во следна фаза. Проектите ќе ги разгледува Комитетот за одобрување инвестиции кое е независно тело составено од 5 меѓународни експерти, посочи Петров.

Административната проеверка на испратените документи при аплицирање ќе биде правена само на првичните лица на избрани предлог проекти од страна на Комитетот. Втората новост е тоа што за одбиените апликанти за првпат нудате нова менторска програма со цел да ги доразвијат своите проекти и да аплицираат во иднина./МИА/

Print Friendly, PDF & Email
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Деца и училишни ресурси како алатка за кампања во Пробиштип!

    133 shares
    Share 53 Tweet 33
  • Поранешен унгарски разузнавач по неодржувањето на средбата помеѓу Трамп и Путин: Она што сега изгледа како дипломатски успех, на долг рок ќе се претвори во сериозна трагедија

    132 shares
    Share 53 Tweet 33
  • Лукоил ги продава своите филијали во странство по санкциите на САД, македонската подружница сé уште молчи за прашањата на ЦИВИЛ

    111 shares
    Share 44 Tweet 28
  • Изборите и коалицијата: ВЛЕН му го залула чунот на Мицкоски

    109 shares
    Share 44 Tweet 27
  • „На Ѓупците треба да им се забрани да гласаат“ – советник од десничарската МААК со скандалозен расистички испад во Неготино

    127 shares
    Share 51 Tweet 32
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ