• Latest

Отворено писмо на Чешка, Полска, Словачка и Унгарија до ЕУ за почеток на преговорите со Скопје и Тирана

October 14, 2019
Германски и советски војници фотографирани заедно неколку дена откако советските единици влегоа во Полска. Фото: Јавен домен / Wikicommons

Пропаганда и негирање: Како Русија ја правда својата инвазија на Полска во 1939 година во договор со Хитлер

September 17, 2025
Фото: ЦУК

ЦУК: Под контрола пожарите во селото Трубарево и во Дрисла, активни пожарите во селата Виниче, Петрово, Вражале и Крушево

September 17, 2025
Дел од „пакетот“ американска воена помош за Украина, 20 јануари 2022 година. (photo source: Wikimedia Commons / photo by Mauricio Campino)

Администрацијата на Трамп одобри прва помош во оружје за Украина финансирана од НАТО сојузниците

September 17, 2025
Фото: Скриншот од видео на
Al Jazeera English

ЕУ крои план за ограничувања на трговијата со Израел поради војната во Газа

September 17, 2025
Фото: Скриншот од видео на ONT TV Channel

Руските војници почнаа да ја напуштаат Белорусија по вежбите „Запад-2025“

September 17, 2025
Фото: Скриншот од видео на ВВС

Поранешна шефица за здравство на САД: РФК помладиот ме отпушти кога не сакав да отпуштам персонал за вакцинирање без причина

September 17, 2025

24 ЧАСА: Уставен не поведе постапка за Правилникот на ДИК; Србија прва во ЕУ по кршења на медиумската слобода; Навални бил отруен; Фемицидот во Северна Македонија – невидливо злосторство и глуви институции

September 17, 2025
Фото: Скриншот

MFRR: Србија е на прво место во Европа по бројот на кршења на слободата на медиумите

September 17, 2025

„Стела“ повикува на протест пред МВР против колективниот системски крах кој дозволува континуирано насилство врз жени што доведува до фемициди

September 17, 2025
Тануја Пандеј, 24-годишна активистка за заштита на животната средина, една од организаторите на протестот. Фото: Скриншот од видео на Al Jazeera English

Политичарите се богатат додека ние страдаме – Генерацијата Z во Непал ја собори владата за помалку од 48 часа

September 17, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Отворено писмо на Чешка, Полска, Словачка и Унгарија до ЕУ за почеток на преговорите со Скопје и Тирана

October 14, 2019 13:19
in ВЕСТИ, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Со заедничко отворено писмо насловено „Да го придвижиме Западен Балкан напред“, шефовите на дипломатиите на Чешка, Полска, Словачка и Унгарија, бараат ЕУ да донесе смела одлука за почеток на преговорите со Северна Македонија и Албанија.

„Северна Македонија и Албанија ги исполнија клучните критериуми што ги постави ЕУ спроведувајќи комплексни домашни реформи. Дополнително, Северна Македонија го склучи историскиот Преспански договор со Грција, со што беше надминат долгогодишнит спор околу името на државата“, пишуваат во заедничкото писмо објавено во „Политико“ чешкиот министер за надворешни работи Томаш Петричек, полскиот Јацек Чапутович, унгарскиот Петар Сијарто и шефот на словачката дипломатија Мирослав Лајчак.

Тие нагласуваат дека поради постигнатиот импресивен напредок, ЕК во мај годинава даде безсусловна препорака за старт на преговорите со двете земји, но сепак Скопје и Тирана се уште чекаат зелено светло од државите членки на ЕУ.

„Почетокот на преговорите е важен чекор на патот кон приклучување во ЕУ, но само по себе не значи и членство. Евроинтеграцијата зависи од исполнувањето на критериумите поставени од Унијата, чија цел е да им помогне на земјите од Западен Балкан да се реформираат, да се подготват за членство и да го подобрат животот на своите граѓани. Тоа е исто така и заеднички стратешки избор на ЕУ и нејзините партнери во регионот. Вклучувањето на Западен Балкан во ЕУ е од политички, економски и безбедносен интерес на Унијата“, наведуваат минситрите.

Укажуваат дека преговорите се долготраен процес што ќе и даде доволно можности на ЕУ да ги провери реформите што ги спроведуваат државите кандидати, вклучувајќи го и клучниот критериум – владеење на правото.

„Северна Македонија и Албанија со нетрпение чекаат почеток на нова фаза од процесот на интеграција во ЕУ. Време е да се донесе смела одлука за иднината не само на овие две земји, туку и на целиот Западен Балкан и ЕУ. Позитивната одлука ќе испрати јасен сигнал дека ЕУ признава конкретни резултати во исполнувањето на условите што ги поставува. Тоа ќе значи дополнителен импулс за целиот регион за продолжување на реформите и трансформацијата. Со отворањето на преговорите со Северна Македонија и Албанија, ЕУ ќе ги реафирмира своите заложби за стабилност, безбедност, демократија и просперитет на регионот. Исто така ќе го признае и потврди фактот дека само преку интеграција на Западниот Балкан, ЕУ ќе биде комплетна, а нејзините интереси долгорочно заштитени“, оценуваат министерите за надворешни работи на Чешка, Полска, Унгарија и Словачка.

Петричек, Сијарто, Чапутович и Лајчак во заедничкото отворено писмо констатираат дека одлуката за преговори се носи во време кога ЕУ се соочува со бројни предизвици како што се Брегзит, миграцијата, стапувањето на должност на новата Европска комисија, но овие прашања, како што нагласуваат, не смеат „да ја оддалечуваат ЕУ од она што успеа да го постигнат на Западниот Балкан и таа мора да остане посветена на обврските што ги презема кон регионот“.


извор МИА

Print Friendly, PDF & Email
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Милош Биковиќ и Христијан Мицкоски (фото извор: Инстаграм профил на Мицкоски)

    Мицкоски се пофали со Биковиќ – но тој не е само актер, туку дел од прирачникот за хибридно влијание на Кремљ

    234 shares
    Share 94 Tweet 59
  • Крвави лица на Мицкоски, Тошковски и Јанев на страницата „Убијците на Кочани“ – ВМРО-ДПМНЕ бара истрага

    156 shares
    Share 62 Tweet 39
  • По кратка постапка да се решат Ромите – од Вардариште во логорите на смртта!

    145 shares
    Share 58 Tweet 36
  • Руската разузнавачка служба ја обвини ЕУ дека финансира и подготвува „српски Мајдан“ на 1 ноември, на годишнината од падот на настрешницата во Нови Сад

    138 shares
    Share 55 Tweet 35
  • Хаотично заебавање

    129 shares
    Share 52 Tweet 32
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ