• Latest

Панчев: Повеќе спортски и културни содржини, помалку политика

September 9, 2018
Скриншот од видео на
ABC News (Australia)

Јужноафриканец чека депортација откако му беше одземена австралиската виза поради учество на антисемитски неонацистички митинг

November 18, 2025

Пратениците на СДСМ, придружени од Левица поднесоа иницијатива за основање Анкетна комисија за трагедијата во Кочани

November 18, 2025
Газа. Фото: Х

Палестинската управа го поддржа планот на ОН за Газа

November 18, 2025

Cloudflare „падна“ – Time.mk и бројни сајтови недостапни поради технички проблеми

November 18, 2025
Полскиот премиер Доналд Туск разговара со полициски и воени претставници во рамките на истрагата за сомнителна саботажна операција против полска железница на 17 ноември 2025 година. Фото: Полски премиер Доналд Туск/X

Полскиот министер за одбрана: Сите докази за саботажата на железничката линија во Полска укажуваат на Русија

November 18, 2025
Фото: украинската амбасадорка Лариса Дир/ Х

Амбасадорката Дир: Руски ракети го погодија регионот Харкив, при што загина 17-годишно девојче – меѓународната поддршка е клучна, Русија нема да запре без цврст глобален притисок

November 18, 2025
Марта Кос(Фотографија: Википедиа)

Кос: Време е за проширување на проширувањето – Европа нема време за губење

November 18, 2025

Албанија ја претрча Македонија на патот кон ЕУ, Мицкоски упорно инсистира дека не е така – Брисел упорно го демантира

November 18, 2025
Фото: Х профил на Марта Кос

Утрински вести со – Рама!

November 18, 2025

Утре почнува судскиот процес за трагедијата во „Пулс“

November 18, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Панчев: Повеќе спортски и културни содржини, помалку политика

September 9, 2018 13:11
in ВЕСТИ
Share on FacebookShare on Twitter

Еден од најдобрите македонски фудбалери на сите времиња Дарко Панчев во интервју по повод 20-годишнината од работењето на МИА го изрази своето задоволство од соработката со Агенцијата, нагласувајќи дека таа е голем и значаен дел од животот на секоја јавна личност.

Дарко Панчев

Веќе 20 години МИА како професионален јавен информативен сервис, меѓу другото, се занимава и со теми од приватниот и деловниот живот на јавните личности. Колку Вас ве импонира соработката со државна новинска агенција, имајќи предвид дека ваквите теми обично се дел од некои забавни списанија, таблоиди, ТВ-емисии или специјализирани медиуми?

Па видете, прво драго ми е што славите роденден во мојот месец кога и јас го славам. Второ, секако моето мислење е дека МИА како информативна агенција е многу значаен дел од ова општество. Друго прашање е и за елаборирање дали Агенцијата успеа од самиот почеток да стане доволно самостојна, да стане доволно независна, да нема финансиски проблеми за да може да функционира, дали постојано мора на некој да му се повинува, да моли некого за нешто итн., тоа е секако работа за анализа и за оние кои се поупатени во оваа цела проблематика. Но, јас колку што забележувам во овие 20 години мислам дека не само МИА, туку општо кој било наш медиум не успеа целосно да стане независен. Со тоа им се крати можноста на вработените и на новинарите да ја покажат целата своја виртуозност, знаење, идеи итн., така што мислам дека се уште тапкаме во место во тој поглед. Јас би сакал нашите новински агенции и куќи да бидат уште посамостојни, да критикуваат кога треба да критикуваат. Не треба критиката на никого да му пречи, затоа што и критиката е составен дел од секоја работа. Секако, оваа Агенција е голем и значаен дел од животот на секоја јавна личност, па и на нас спортистите или музичарите, или не знам кој – од кој било сегмент на нашето општество. Јас секогаш сум се трудел на еден адекватен и правилен начин да соработувам со сите агенции, односно со новински куќи, па и со МИА која секако е продолжена рака на поранешната југословенска агенција Танјуг, која беше синоним во Југославија затоа што беше најистурена на некој начин и добро е што и нашата држава по осамостојувањето направи во тој период своја агенција која сметам дека можеби треба да има уште поголемо значење во секојдневниот живот на информациите во нашето општество.

Дарко Панчев

Имате ли некоја сугестија која МИА би можела да ја прифати во иднина за проширување на своите содржини со цел да има поблиска соработка со истакнати личности од областа на музиката, спортот, филмот, театарот…?

Па јас лично, бидејќи сум овде во градот од 1998 година кога и се формираше Агенцијата, тогаш се вратив после 10 години од странство, мојот впечаток е дека треба малку да се прошири информативниот дел за спортистите, музичарите и за тие што заслужуваат внимание, затоа што исто така има многу наши млади таленти кои можеби еден ден ќе бидат научници или станале научници, па нешто измислуваат креативно итн. Значи, малку народот сепак да го упатиме кон сите овие работи. Мислам дека премногу го труеме народот со политика, посебно со секојдневна политика, премногу го труеме со афери, премногу го труеме со овој украл два денара, оној украл две илјади денари. Знаете, нема потреба од сето тоа. Зошто? Затоа што сметам дека си имаме институции кои треба да си ја вршат работата и ако некој нешто правел тој треба да си одговара, адекватно и да реагираат нашите институции, а не да ги труеме луѓето нон стоп со такви работи бидејќи кога треба нешто да чита или да слуша ќе му се одмили на човек. Навистина, еве и јас се ставам во таа ситуација, мислам дека треба малку посвежи теми, поведри теми. Знаете, луѓето сакаат да чујат и убави работи не само лоши работи. Така што, мислам дека во тој контекст може малку да се подобри таа ситуација.

Дарко Панчев

Колку за Вас била важна соработката со медиумите за текот на кариерата? Дали сметате дека медиумското експонирање е речиси исто толку важно колку и талентот за постигнување на некоја животна цел?

Секако. Видете, вие штом стапите во одредена професија со својот талент и покажете одредено знаење дека нешто ќе бидете или нешто ќе станете итн., или нешто ќе направите, секако дека тоа оди едно со друго. Значи, не оди медиумот без таа јавна личност и обратно. Таа соработка мора да постои. Јас сум навистина научен од своите 17 години кога се појавив на фудбалската сцена, еве сега уште малку ќе наполнам 53 години, значи тоа се веќе 36 години колку што сум присутен на јавната сцена. Триесет и шест години соработувам со медиумите и тоа не ми претставувало никогаш проблем. Веројатно се случило, не знам дали еднаш се случи на некој да му закажам интервју, а да не дојдам, да бидам до толку несериозен. Јас не памтам и еднаш дали се случило, така да секогаш сум гледал да бидам исполнителен и коректен затоа што едноставно сум ја сфаќал нивната професија како таква и дека они се тие што треба да добијат одговор на некои прашања кои ги бара јавноста и едноставно ти мораш да бидеш адекватно пропорционално присутен, со самото тоа и да им одговориш на прашањата бидејќи, знаете, кога сте веќе јавна личност создавате и еден одреден интерес околу вас. И сега ќе биде глупо, вие сте јавна личност, а се криете или давате еднаш во пет години интервју, нема никаква логика. Затоа сум сфатил дека треба да функционирам на тој начин и не ми претставувало никогаш проблем.

Дарко Панчев

На крајот, со каква порака би и го честитале 20-годишниот јубилеј на Македонската информативна агенција?

Секако би и порачал уште долго, долго време да работи и соработува со јавноста како што треба, да се труди да биде понезависна. Знам дека е тешко во овие денешни времиња да си независен, меѓутоа новинарите нека се трудат, нека ја информираат јавноста на правилен начин и сметам дека самиот народ тоа ќе го види и ќе го осознае и со самото тоа ќе добивате поени како меѓу луѓето, така и надвор од државата затоа што кога работите сериозно тоа не може да остане незабележано од луѓето. Ви посакувам голем успех и се надевам дека уште долго време ќе соработуваме.

Габриела Точко

 

Фото/видео:

Дарко Попов

Емил Јордановски

Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Скриншот од видео на ДИК

    Локалните избори 2025 се официјално и конечно завршени, објави ДИК

    307 shares
    Share 123 Tweet 77
  • Богати странци плаќале по 80.000 фунти за „сафари викенд“ за да убиваат цивили за време на опсадата на Сараево

    103 shares
    Share 41 Tweet 26
  • „Ние сме далеку пред Албанија“ – Зошто оваа изјава на премиерот Мицкоски е важна за европската приказна на Северна Македонија

    122 shares
    Share 49 Tweet 31
  • Вицепремиерот Стоиљковиќ со нервозна реакција на новинарско прашање од ЦИВИЛ – тенденциозна и потпалувачка порака на социјалните мрежи

    99 shares
    Share 40 Tweet 25
  • Како е поврзан министерот Трипуновски со корупцискиот скандал во кој е осомничена негова блиска соработничка

    97 shares
    Share 39 Tweet 24
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ