Папата Лео денеска апелираше до властите во Иран и Израел да дејствуваат „разумно“ по неодамнешните воздушни напади и да продолжат со дијалог, пренесе Ројтерс.
Тој им рече на присутните во базиликата „Свети Петар“ дека ја следи ситуацијата со „голема загриженост“.
„Во толку деликатен момент, силно сакам повторно да апелирам на одговорност и на разум“, рече папата Лео.
„Посветеноста за градење побезбеден свет ослободен од нуклеарната закана мора да се остварува преку почитувачки средби и искрен дијалог за изградба на траен мир, заснован на правда, братство и општото добро. Никој никогаш не треба да го загрозува постоењето на друг“, рече Лео. „Должност на сите земји е да ја поддржат каузата за мир, иницирајќи патишта на помирување и промовирајќи решенија што гарантираат безбедност и достоинство за сите.“, порача папата Лео.