• Latest

Пендаровски: Добрососедските односи еден од клучните фактори за обезбедување стабилност во регионот

February 15, 2020
Марта Кос(Фотографија: Википедиа)

Кос: Време е за проширување на проширувањето – Европа нема време за губење

November 18, 2025

Албанија ја претрча Македонија на патот кон ЕУ, Мицкоски упорно инсистира дека не е така – Брисел упорно го демантира

November 18, 2025
Фото: Х профил на Марта Кос

Утрински вести со – Рама!

November 18, 2025

Утре почнува судскиот процес за трагедијата во „Пулс“

November 18, 2025

Десетици илјади Словаци протестираа против Фицо по повод годишнината од падот на комунистичкиот систем

November 18, 2025

Фон дер Лајен: Проширувањето е инвестиција во мир, безбедност и заедничка иднина

November 18, 2025

„Децата молчат, ние мора да зборуваме“: Почнува кампања „1 од 5“ за спречување сексуално насилство врз деца

November 18, 2025

Советот за безбедност на ОН го прифати американскиот план за мир во Газа

November 18, 2025

Загрепскиот небодер ‘Вјесник’ во пламен: Огнот беснее по катовите, штетата огромна, нема човечки жртви

November 18, 2025

Студентите од Србија под кибер-офанзива: „Некој сака да го замолчи нашиот глас“

November 18, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Пендаровски: Добрососедските односи еден од клучните фактори за обезбедување стабилност во регионот

February 15, 2020 10:50
in ВЕСТИ, ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

Претседателот на Република Северна Македонија, Стево Пендаровски, во рамки на посетата на Сојузна Република Германија и учеството на 56. Минхенска безбедносна конференција, вчеравечер говореше на тркалезната маса „Балкански дијалози“.

Говорејќи за добрососедските односи и соработка како еден од клучните фактори за обезбедување стабилност во регионот, Пендаровски се осврна на позитивните примери на Северна Македонија, односно  Договорот од Преспа како и Договорот за добрососедски односи и соработка со Бугарија.

Нагласувајќи дека членството во НАТО како стратешка политичка и безбедносна цел за Северна Македонија, позитивно ќе влијае на стабилноста и просперитетот на целиот регион, претседателот Пендаровски изрази задоволство од динамиката и брзината на ратификувањето на Протоколот за пристапување во сите земји-членки. Во таа насока, Претседателот истакна и дека процедурата во Шпанија за ратификација на протоколот за нашето членство во Алијансата се очекува да заврши до почетокот на изборите во нашата држава.

Осврнувајќи се на аспирациите на Северна Македонија за членство во Европската Унија, претседателот Пендаровски оцени дека намерата на Европската Унија да игра поголема геополитичка улога во регионот е целосно прифатлива за нас. Додаде дека на нашата држава и на регионот не им е потребен само пристап до заедничкиот европски пазар, туку и прифаќање на европските демократски вредности кои во голема мера ќе ги забрзаат реформските процеси и градењето стабилни и отчетни институции.

Поздравувајќи го објавувањето на новата методологија за водење на пристапните преговори изрази очекување дека со усвојувањето на истата, ќе бидат создадени услови за доделување датум за почеток на пристапните преговори на претстојниот состанок на Европскиот совет во март 2020 година.

Меѓу останатото, Пендаровски се осврна и на економската соработка на државите од Западен Балкан и притоа ја истакна важноста на регионалните иницијативи, подвлекувајќи дека тоа во никој случај не претставува алтернатива за Европската Унија, туку дека ваквите иницијативи треба да се одвиваат паралелно со интеграцијата во Унијата. Во овој контекст, Пендаровски го повтори ставот дека сите земји од Западниот Балкан  треба да ги препознаат предностите на регионалната соработка и час поскоро да станат дел од постоечките иницијативи.

Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Скриншот од видео на ДИК

    Локалните избори 2025 се официјално и конечно завршени, објави ДИК

    307 shares
    Share 123 Tweet 77
  • Богати странци плаќале по 80.000 фунти за „сафари викенд“ за да убиваат цивили за време на опсадата на Сараево

    103 shares
    Share 41 Tweet 26
  • „Ние сме далеку пред Албанија“ – Зошто оваа изјава на премиерот Мицкоски е важна за европската приказна на Северна Македонија

    122 shares
    Share 49 Tweet 31
  • Вицепремиерот Стоиљковиќ со нервозна реакција на новинарско прашање од ЦИВИЛ – тенденциозна и потпалувачка порака на социјалните мрежи

    99 shares
    Share 40 Tweet 25
  • Како е поврзан министерот Трипуновски со корупцискиот скандал во кој е осомничена негова блиска соработничка

    96 shares
    Share 38 Tweet 24
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ