• Latest

Пендаровски по повод 9 Мај – Нашата определба е да бидеме дел од Европа, годинава се оствари сонот на многу генерации, ја добивме одлуката за почеток на преговори

May 9, 2020
Фото: МИА архива

Советот на ЕУ го одобри пристапувањето на Бугарија во Еврозоната

July 8, 2025
Сребреница, меморијална гробница (фото извор: Wikimedia Commons)

Над 6.600 учесници тргнаа кон Поточари во Маршот на мирот по повод 30 години од геноцидот во Сребреница

July 8, 2025
Фото: Оксана Маркарова / Х

Амбасадорката на Украина во САД ќе биде разрешена, потврди извор од Кабинетот на Зеленски

July 8, 2025
Фото: Креирано со ппомошна ВИ

Има ли крај сагата со „раскинувањето“ помеѓу Трамп и Маск

July 8, 2025

Договор од 30 милиони евра од Србија за компанија вклучена во обвинението за Бањска

July 8, 2025
Фотографија: Центар за управување со кризи

РЕАКЦИИ: Еден доволен да запали, а цела држава неспремна да изгаси

July 8, 2025
ВОДА ПРАШАЊЕ НА ДЕНОТ

ПРАШАЊЕ НА ДЕНОТ: Какво е водоснабдувањето во вашата општина?

July 8, 2025
Ерол Ризаов

Зошто се извини Мицкоски?

July 8, 2025
Фото: Скриншот од видео на CNN

Обвинетиот за воени злосторства Нетанјаху го номинира Трамп за Нобелова награда за мир, недостасува уште Путин

July 8, 2025
Foto: Wikimedia commons

Фон дер Лајен: Подготвени сме да напишеме ново поглавје во односите меѓу ЕУ и Кина

July 8, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Пендаровски по повод 9 Мај – Нашата определба е да бидеме дел од Европа, годинава се оствари сонот на многу генерации, ја добивме одлуката за почеток на преговори

May 9, 2020 09:52
in ВЕСТИ, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Претседателот Стево Пендаровски упати порака по повод 9 Мај – Денот на Европа и Ден на победата над фашизмот.

Во пораката, како што соопштуваат од неговиот Кабинет, наведува дека пред седум децении тогашниот француски министер Роберт Шуман ја претстави својата визија за Европа во која истакна дека „Европа нема да се изгради одеднаш или според еден единствен план. Таа ќе се гради преку реални достигнувања кои првенствено создаваат де факто солидарност“. 70 години подоцна, визијата за Европа, како опција за одржување на мирот, заснована на принципите на соработка и солидарност уште трае.

-Уште од независноста во 1991 година, македонското општество ја избра Европската Унија како своја стратешка цел, прифаќајќи ги европските вредности на демократија, владеење на правото, економска соработка и просперитет за своите граѓани. Оваа година се оствари сонот на многу генерации, ја добивме одлуката за почеток на преговорите за членство, наскоро очекуваме да се определи преговарачката рамка, а по нејзиното одобрување да го почнеме пристапниот процес со првата меѓувладина конференција, наведува Пендаровски.

Во пораката додава дека пандемијата предизвикана од КОВИД-19 ни ја покажа на дело важноста да се биде дел од европското семејство и поддршката која оваа заедница може да ни ја обезбеди за стабилност и просперитет.

Во пораката стои дека овој ден, исто така, го одбележуваме како Ден на победата над фашизмот. Пред 75 години, антифашистичката коалиција извојува голема победа со безусловната нацистичка капитулација.

-За време на Втората светска војна, и граѓаните на Македонија преку НОБ и партизанското движење, ја одбраа вистинската страна, одлучувајќи да се соочат со фашистичкото зло и да се борат да ја ослободат својата татковина за да и обезбедат просперитетна иднина. Нашата определба е да бидеме дел од Европа во која се почитуваат слободите на сите народи, да градиме отворено, праведно, солидарно и демократско општество во кое секој ќе се чувствува еднакво вреден, а младите ќе добијат шанса да успеат дома, истакнува Пендаровски.

Додава дека поради пандемијата со Ковид-19 годинава ќе изостанат бројните настани кои секоја година се одржуваа со цел да се одбележи Денот на Европа, како и Денот на победата над фашизмот. Сепак, потенцира, да го искористиме 9 Мај да се потсетиме дека мирот и благосостојбата на општествата немаат цена, а соработката и солидарноста се клучни ако сакаме да имаме развој и просперитет.

Print Friendly, PDF & Email
Share34Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Фото: ВИ

    24 ЧАСА: „Шлаканица“ од Брисел за Мицкоски, сестринските партии го избришаа македонскиот јазик и идентитет од ЕУ извештајот; Обвинителството го амнестира Максим Димитриевски; Кавказ на работ на нов конфликт

    100 shares
    Share 40 Tweet 25
  • Канта за смет

    94 shares
    Share 38 Tweet 24
  • Таче се (по)јави, вистина се (по)јави

    93 shares
    Share 37 Tweet 23
  • Апсења со смртни последици, рации, претепани и крвави осомничени, соборен патнички авион – како се влошија односите меѓу Русија и Азербејџан

    92 shares
    Share 37 Tweet 23
  • Скопје како зона без контрола: Убиен пешак, нападната пратеничка, автобус во пламен – државата го губи компасот

    92 shares
    Share 37 Tweet 23

CIVIL MEDIA NEWSLETTER

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ