• Latest

Пендаровски: Потребно е подигнување на свеста за укинување на сите облици на дискриминација кон слепите лица

October 15, 2019
Германски и советски војници фотографирани заедно неколку дена откако советските единици влегоа во Полска. Фото: Јавен домен / Wikicommons

Пропаганда и негирање: Како Русија ја правда својата инвазија на Полска во 1939 година, во договор со Хитлер

September 17, 2025
Фото: ЦУК

ЦУК: Под контрола пожарите во селото Трубарево и во Дрисла, активни пожарите во селата Виниче, Петрово, Вражале и Крушево

September 17, 2025
Дел од „пакетот“ американска воена помош за Украина, 20 јануари 2022 година. (photo source: Wikimedia Commons / photo by Mauricio Campino)

Администрацијата на Трамп одобри прва помош во оружје за Украина финансирана од НАТО сојузниците

September 17, 2025
Фото: Скриншот од видео на
Al Jazeera English

ЕУ крои план за ограничувања на трговијата со Израел поради војната во Газа

September 17, 2025
Фото: Скриншот од видео на ONT TV Channel

Руските војници почнаа да ја напуштаат Белорусија по вежбите „Запад-2025“

September 17, 2025
Фото: Скриншот од видео на ВВС

Поранешна шефица за здравство на САД: РФК помладиот ме отпушти кога не сакав да отпуштам персонал за вакцинирање без причина

September 17, 2025

24 ЧАСА: Уставен не поведе постапка за Правилникот на ДИК; Србија прва во ЕУ по кршења на медиумската слобода; Навални бил отруен; Фемицидот во Северна Македонија – невидливо злосторство и глуви институции

September 17, 2025
Фото: Скриншот

MFRR: Србија е на прво место во Европа по бројот на кршења на слободата на медиумите

September 17, 2025

„Стела“ повикува на протест пред МВР против колективниот системски крах кој дозволува континуирано насилство врз жени што доведува до фемициди

September 17, 2025
Тануја Пандеј, 24-годишна активистка за заштита на животната средина, една од организаторите на протестот. Фото: Скриншот од видео на Al Jazeera English

Политичарите се богатат додека ние страдаме – Генерацијата Z во Непал ја собори владата за помалку од 48 часа

September 17, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Пендаровски: Потребно е подигнување на свеста за укинување на сите облици на дискриминација кон слепите лица

October 15, 2019 16:47
in ВЕСТИ, ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

Претседателот Стево Пендаровски, денеска, по повод 15 Октомври – Меѓународниот ден на белиот стап, прими ученици од Државното училиште за деца и младинци со оштетен вид, „Димитар Влахов“ од Скопје.

Како што соопштија од Кабинетот на шефот на државата, за време на посетата во Вила Водно, учениците имаа можност на средбата да поразговараат со претседателот Пендаровски, да му ги пренесат своите интереси за личен развој во рамки на образовниот процес, како и желбите за нивните идни професионални определби, а ги споделија и предизвиците и пречките со коишто се соочуваат во секојдневното живеење.

Гостите го информираа Претседателот дека нивното училиште е успешен модел и пример за инклузија, бидејќи во него сите ученици заедно учат, другаруваат и се забавуваат. Се пофалија дека се одлични шахисти, а пред претседателот Пендаровски покажаа дека се и талентирани музичари. Познатите мозаици во Кабинетот ги видоа на свој начин, со допир и како што велат, со душата и со срцето.

Претседателот Пендаровски нагласи дека сите млади луѓе во нашата држава ја имаат неговата безрезервна поддршка во реализирањето на нивните права, конструктивни цели, заложби и иницијативи, коишто непосредно влијаат врз целокупниот квалитет на живот на граѓаните на државата.

Надлежните институции и граѓанските организации, истакна претседателот, треба системски да работат на подигнување на општествената свест за целосно укинување на сите облици на дискриминација кон слепите лица. Унапредувањето на нивните права, подвлече претседателот, треба да биде наш заеднички приоритет, а ангажманот не смее да се сведува на активности што се организираат еднаш годишно, кога се одбележуваат ваквите денови, туку секојдневно, на сите нивоа и во сите сфери на општествениот живот.

Гостите се сретнаа и со дел од вработените во Кабинетот и беа запознаени со начинот на функционирање на оваа институција.

Ова е прва посета на деца од училиштето „Димитар Влахов“, кое постои од 1954 година и е единствено од ваков карактер, кое обезбедува најдобра социјална вклученост и образование на децата со оштетен вид, стои во соопштението.

 

извор: МИА

Print Friendly, PDF & Email
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Милош Биковиќ и Христијан Мицкоски (фото извор: Инстаграм профил на Мицкоски)

    Мицкоски се пофали со Биковиќ – но тој не е само актер, туку дел од прирачникот за хибридно влијание на Кремљ

    240 shares
    Share 96 Tweet 60
  • Крвави лица на Мицкоски, Тошковски и Јанев на страницата „Убијците на Кочани“ – ВМРО-ДПМНЕ бара истрага

    173 shares
    Share 69 Tweet 43
  • По кратка постапка да се решат Ромите – од Вардариште во логорите на смртта!

    146 shares
    Share 58 Tweet 37
  • Руската разузнавачка служба ја обвини ЕУ дека финансира и подготвува „српски Мајдан“ на 1 ноември, на годишнината од падот на настрешницата во Нови Сад

    138 shares
    Share 55 Tweet 35
  • Проф. Андонов: Политикантските коментари на Мицкоски за наводни хибридни напади против неговата влада не се ништо освен пропаганда за негов спас на изборите

    130 shares
    Share 52 Tweet 33
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ