• Latest

Пендаровски: Во услови на пандемијата ја искусивме важноста на солидарноста во НАТО

April 28, 2021

Локални избори 2025, прелиминарна оценка на ЦИВИЛ: Избирачкиот список – хроничен извор на недоверба (2 дел)

November 8, 2025
Христијан Мицкоски, протестен собир против Европската рамка за преговори, јуни 2022 година (фото: Кирил Михаилов / ЦИВИЛ)

„Ние сме далеку пред Албанија“ – Зошто оваа изјава на премиерот Мицкоски е важна за европската приказна на Северна Македонија

November 8, 2025
Скриншот од видео објавено од украинската амбасадорка Лариса Дир на Х

Амбасадорката Дир објави видео од спасувачките операции по ноќните напади на Русија врз Украина, меѓу повредените има деца

November 8, 2025
Скриншот од видео на
Diario AS

САД ѝ одобрија на Унгарија едногодишно изземање од санкциите за увоз на руска нафта и гас

November 8, 2025
Креирано со помош на OpenAI/ChatGPT

Локални избори 2025, прелиминарна оценка на ЦИВИЛ: Формален процес без суштински интегритет (1 дел)

November 8, 2025

САД одбија да учествуваат во ревизијата на ОН за човековите права

November 7, 2025
Мирослав Јовановиќ - Слободен печат, панел „Уставни измени - Исток или запад“, 29 јуни, 2023
фото: Д. Муратов

Каде го загубивме чувството за срам?

November 7, 2025

Данска планира да воведе минимална возраст за користење социјални мрежи

November 7, 2025
Кривичен суд - Скопје

Притвор за четири лица осомничени за поткуп во врска со ИПАРД програмата

November 7, 2025
Фридрих Мерц (фото извор: Wikimedia)

Мерц најави милијарди за фондот за тропските шуми на КОП30

November 7, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Пендаровски: Во услови на пандемијата ја искусивме важноста на солидарноста во НАТО

April 28, 2021 16:08
in ВЕСТИ, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Нашето членство во НАТО се совпадна со избувнувањето на пандемијата и во почетните месеци на оваа глобална криза, македонските граѓани ја искусија важноста на солидарноста во Алијансата, бидејќи добивме вредна поддршка од земјите членки, како и од самата организација, изјави претседателот Стево Пендаровски по средбата со генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, заблагодарувајќи се пружената помош во овој период.

– Ова е моја прва посета на НАТО како претседател на Република Северна Македонија. Неодамна, на 27 март, ја одбележавме првата годишнина од нашето членство во НАТО. Ни требаа многу години, донесовме многу тешки одлуки, но бевме упорни во остварувањето на нашата стратешка цел. Веруваме дека членството во НАТО е многу важно за одржување на безбедноста и стабилноста како предуслов за просперитет и зајакнување на демократските институции, нагласи Пендаровски.

Тој истакна дека пандемијата е само еден од предизвиците на хоризонтот и земјава како членка на НАТО, активно ќе учествува во справувањето со традиционалните и новите закани, при што ќе го стори на најмалку три начини.

– Прво, со инвестирање во одбраната. Нашиот сегашен буџет за одбрана е на 1,57 отсто од БДП. Ние сме посветени на постигнување на прагот од 2 проценти до 2024 година, во рамките на кој веќе одвојуваме 20 отсто од буџетот за модернизација на нашата армија, во согласност со сите стандарди на НАТО, потенцира шефот на државата.

Вториот начин, според него, е продолжување на реформите во одбраната, при што членството во НАТО ни помага да ја зајакнеме отпорноста на нашиот безбедносен систем, особено кога станува збор за предизвици наметнати од трети страни.

– Бидејќи сме мета на хибридни закани во последните неколку години и се наоѓаме во кревка област каде што сè уште има отворени прашања, соработката со разузнавачките и безбедносните структури на НАТО е од најголема важност за Северна Македонија, истакна претседателот на Републиката.

Тој додаде дека третиот начин е заедничко извезување на безбедност преку операции предводени од НАТО, потсетувајќи дека земјава години пред да стане членка на Алијансата, е дел од нејзината мисија во Авганистан, а од неодамна станавме распоредивме свои сили и во составот на КФОР.

– Ја поздравуваме одлуката да се започне со повлекување на мисијата „Решителна поддршка“ на НАТО до 1 мај. Сепак, нашата намера е да останеме вклучени во сите мисии предводени од НАТО денес и во иднина, потенцира Пендаровски.

Според него, претстојниот самит на НАТО ќе биде добра прилика да се разговара за новите предизвици, но исто така и за зајакнување на трансатлантското партнерство кое без сомнение, ќе има позитивно влијание врз стабилноста на Западен Балкан.

– За време на нашата средба со генералниот секретар, разменивме мислења за сите овие теми, но исто така и за тековната иницијатива НАТО 2030 која има за цел да ја направи силната Алијанса уште посилна, додаде претседателот Пендаровски.

Како што информира Кабинетот на шефот на државата на средбата Пендаровски – Столтенберг станало збор за соработката меѓу Република Северна Македонија и НАТО, за актуелните регионални и безбедносни прашања, за надворешно-политичките приоритети на земјава и за можностите за продлабочување на соработката во справување со последиците од глобалната пандемија на Ковид-19.

– Претседателот Пендаровски во разговорот со генералниот секретар Столтенберг, ја реафирмираше подготвеноста и посветеноста на Република Северна Македонија во промовирање на мирот и стабилноста, истакнувајќи дека земјава и во иднина активно ќе придонесува во меѓународните мировни мисии предводени од НАТО во регионот и пошироко, се додава во соопштението.

 

 

Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Љубомир Костовски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

    Избори во кои на Кочани му избраа градоначалник

    190 shares
    Share 76 Tweet 48
  • (ФОТО) Како ќе изгледа документот за идентификацискиот број за граѓаните на „Отворен Балкан“

    113 shares
    Share 45 Tweet 28
  • Од Русија со „братска љубов“: Срцепарателните изјави на Песков  во македонските медиуми

    100 shares
    Share 40 Tweet 25
  • ОБСЕ/ОДИХР: Кампањата во вториот круг беше повоздржана од првиот круг, со одделни случаи на лични напади

    94 shares
    Share 38 Tweet 24
  • Последни часови од гласањето: Гласачите во клучните трки се незадоволни од Трамп и загрижени за економијата, покажуваат излезните анкети на CNN

    89 shares
    Share 36 Tweet 22
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ