• Latest

Пенов: Поголема децентрализација за општините кога ќе има политичка волја

November 30, 2022

Од македонската авангарда до африканската духовност: Три музички светови на третата вечер на Скопскиот џез-фестивал

October 17, 2026

Не е трула државата Данска, трули се каналите за информација: Кога веста ќе стане изговор за шамар

October 17, 2026
Италија, 16 октомври 2026

Студентски протести и судири со полицијата во Албанија и Италија: Младите бараат образование, правда и политичка одговорност

October 17, 2026
Рововска политика пред отворените порти на ЕУ

Во маѓепсаниот круг на европските интеграции: Мицкоски тврди дека сме „пред сите“, а земјата назадува

October 17, 2026

НЕ СЕ ПРОПУШТА: Значајни изданија на ЦИВИЛ и Frontline Press со неверојатен попуст во книжарницата „Или-Или“

October 16, 2026

Од нордиски звучни пејзажи до ремикс во живо: Вечерва три концерти на Скопскиот џез-фестивал

October 16, 2026

Војната во сенка ескалира: Мета се системите што ја одржуваат Украина

October 16, 2026
Фото: Скриншот / Х

Пропадна енергетското примирје: Трамп го обвинува Кијив, ЕУ го засилува притисокот врз Москва

October 16, 2026
Војо Маневски (фото: ЦИВИЛ)

Можело и пристојно

October 16, 2026
Протести во Тирана, октомври 2026 (фото извор: https://www.facebook.com/karin.mueting)

Жестоки протести во Тирана: Рама одбива оставка, ЕУ повикува на дијалог

October 16, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ОПШТЕСТВО

Пенов: Поголема децентрализација за општините кога ќе има политичка волја

November 30, 2022 12:07
in ВЕСТИ, ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

Процесот за поголема децентрализација на општините е зависен од политичката волја. Ова е резимето на одговорот на министерот за локална самоуправа Ристо Пенов на новинарско прашање кога и како ќе имаат општините поголеми надлежности.

Министерот Пенов по денешното потпишување на договор со Општина Тетово, појасни дека најмногу се мисли на финансова децентализација односно општините да добиваат повеќе средства од државата кои ги собира преку данокот на додадена вредност.

– Датум не може да има, но на тие процеси се работи, се бара моментот кога ќе има политичка волја за да еден таков системски закон помине и во парламентот. Од една страна точно е, на општини како Тетово и другите поголеми општини треба да им се даде многу брзо поголема можност да функционираат самите и самостојно. Но, исто така има и општини и каде овој тип на мали ингеренции се уште не можат да ги исполнат како што треба. На натамошните чекори за децентрализација се работи. Во моментот парламентот е блокиран, не е реално да се очекува да отвориме една таква дебата во овој момент, изјави Пенов во Тетово одговарајќи на новинарски прашања.

Според градоначалникот Биљал Касами во ситуацијата во која се наоѓаат, општините немаат доволно можности за да им излезат во пресрет на граѓаните и затоа, како што рече, се смета дека е потребно да се зголеми динамиката на децентрализација.

– Ние не може да кажеме за нови приходи односно зголемување на децентрализацијата односно ингеренциите на општината, се додека го немаме реализирано и овој план што го имаме. Има некои предлог ЗЕЛС, има разговори и во Владата за продолжување на таа динамика, но за жал кај нас од се прави политика. Мислам дека развојот на општините нема ниту етнички, ниту политички карактер, туку тоа е во интерес на сите граѓани без разлика на која политичка групација припаѓаат. Се додека немаме власт поблиску до народот, а тоа е локалната власт, ние ќе имаме такви ситуации кога се губи и време и средства во овие комплицирани ситуации, изјави Касами.

Еден од главните проблеми на општина Тетово, нагласи Касами, е тој урбан хаос во кој се наоѓаме.

– За мене е несфатливо особено ДУП да одат на усвојување во Министерството за транспорт, разбирливо е да ГУП и Просторниот план кои се и национален интерес да бидат изменаџирани со централна власт во делот на Министерството за транспорт. Но, кога работиме и разговараме за внатре организирање на градовите на општините, тоа би било да биде чиста локална општинска надлежност, рече Касами.

Според него, централната и локалната власт такви препрелетувања на надлежностите имаат и во други области како земјоделие и слично.

Tags: децентрализацијаКасамиПенов
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ