• Latest

Пенов: Со проекти вредни над 80 милиони денари се подобрува животот на жителите во Куманово и околината

March 6, 2023
Фотографија  од руски извидувачки авион Ил-20 виден од пилотската кабина на германски борбен авион над Балтичкото Море објавена на 16 октомври 2024 година. Извор: Германски воздухопловни сили/X

Два руски воени авиони навлегоа во воздушниот простор на Литванија

October 23, 2025

ДИК ги одби сите 57 приговори за првиот круг од локалните избори

October 23, 2025

Зеленски ја повика ЕУ да ги ослободи замрзнатите руски пари за одбрана на Украина

October 23, 2025

Самит на ЕУ: Зајакнување на европската одбранбена индустрија, зголемување на инвестициите во заеднички развој, производство и набавка за потребите на одбраната

October 23, 2025
Фотгорафија: Влада на РСМ

Мицкоски: Нема предвремени избори, не ги посакувам и сметам дека се непотребни

October 23, 2025

ИЗБОРНА ХРОНИКА: Ѓорѓиевски и Лабудовиќ го чистат Скопје; Димитриевски ветува паркинг и парк на иста локација; Милосим Војнески, кадидат за градоначалник во Македонски Брод се повлекува од изборната трка

October 23, 2025
screenshot-X-EP

Што содржи најострата резолуција за Србија досега усвоена од Европскиот парламент 

October 23, 2025

Пукал од БМВ додека одел на свадба во Желино – полицијата го уапси кога се пофалил на социјалните мрежи!

October 23, 2025
Фото: wikimedia commons

Амбасадорката Дир: САД воведоа санкции против енергетскиот сектор на Русија, дизајнирани да го зголемат притисокот за постигнување вистински мир

October 23, 2025
Скриншот од видео на ДИК

ДИК: Во 33 општини се завршени изборите за градоначалник во прв круг, во 11 општини има поднесено приговори

October 23, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ЕКОНОМИЈА

Пенов: Со проекти вредни над 80 милиони денари се подобрува животот на жителите во Куманово и околината

March 6, 2023 15:10
in ВЕСТИ, ЕКОНОМИЈА
Share on FacebookShare on Twitter
Интензивно се работи на седум проекти во Куманово со буџети над 80 милиони денари наменети за подобар живот на кумановци, заклучи министерот за локална самоуправа Ристо Пенов од денешната средба со градоначалникот на Куманово, Максим Димитриевски.
Пенов и Димитриевски денеска ги потпишаа договорите за проектите преку ИПА Програмата за прекугранична соработка  со  Бугарија, чија  цел е одржлив туризам и подобрување на конкурентноста на туристичката понуда на регионот.
Проектите „Соработка во визуелните уметности за промоција на културниот идентитет на регионот“ и „Подобрување на туристичкиот потенцијал во Ќустендил и Куманово преку модерна визија за регионите“ се спроведуваат од Фондацијата за култура и спорт Куманово и Општина Куманово.

-Прекуграничните проекти се важни за нас затоа што се инвестира во туризмот како сегмент кој ни е потребен, така што за овие два проекта вкупната вредност од македонската страна е над 160 илјади евра. Заедно, во двете држави, во двата програмски периоди се реализирани 178 проекти во вкупна вредност од скоро 40 милиони евра, или по 20 милиони за секој програмски период. Програмата за прекугранична соработка со Бугарија е во најнапредна фаза. Отпочнат е и третиот програмски период во кој на располагање се околу 30 милиони евра, рече министерот.

Во овие проекти, во кои покрај македонската Влада финансиско учество имаат владата на Швајцарија и ЕУ, Територијалната противпожарна единица во Куманово ќе добие нова противпожарна опрема, која ги покрива општините Ранковце, Липково и Старо Нагоричане, а се проектира и систем за рано известување со цел да се спречи ширење на пожарите и предизвикување штети од поголеми размери.

-Според анализите, изминативе пет години се извршени 1711 интервенции на отворен простор во коишто се опожарени 3518 хектари земјоделско земјиште и 736 хектари шума, со што е направена штета од околу 6.500.000 евра. Противпожарните служби се првите коишто интервенираат во случај на било каква непогода. Тоа се луѓето коишто спасуваат човечки животи и затоа нивните животи треба да бидат сигурни, искрено се надевам дека со набавката на нова опрема ќе ги заштитиме нивните животи и ќе овозможиме поефикасно да си ја вршат работата, потенцираше Пенов.

Тој додаде дека вкупната вредност на овој проектот е 21,6 милиони денари, од коишто 12 милиони денари се средства од Министерството за локална самоуправа, a останатите се од швајцарската влада. Како што посочи Пенов, со Бирото за регионален развој во тек е набавка и поставување на 49 полуподземни контејнери за смет адаптирани за лица со посебни потреби, три повеќенаменски градежни машини за брзи интервенции за општините и јавните претпријатија, докомплетирање на туристичките содржини на постоечкиот „Инфоцентар Бислимска Клисура“, како и внатрешно уредување на спортската сала во Куманово. Сите овие проекти се во износ од над 54 милиони денари.

Тој додаде дека за третиот програмски период преку ИПА прекуграничната програма набрзо ќе биде објавен јавен повик кој ќе биде нова можност за општините, за институциите и за граѓанските организации да аплицираат со нови проекти.

-Средствата од ЕУ се исто така пари на даночни обврзници и очекувам да покажеме капацитет за одговорно и отчетно управување со јавните финансии, согласно правилата на ЕУ. Овие програми пред сè имаат цел да ги научат одговорните институции и оние што аплицираат како се спроведуваат проекти и како се реализираат јавните финансии на транспарентен и отчетен начин. Општините можат да се реализираат проекти коишто ќе бидат корисни за граѓаните, ќе решаваат проблеми без притоа да се потроши и еден денар од општинскиот буџет. Токму затоа Министерството за локална самоуправа го покрива националното кофинансирање од 15 отсто, што е услов да се користат средства од ИПА инструментот. Тука сме да им помогнеме на апликантите и да ги стимулираме да подготвуваат проекти со што директно влијаеме за поголема апсорпција на средствата од ЕУ и за градење на нашите капацитети што исто така е многу важно во процесот на интегрирање на Северна Македонија во Европската Унија, заклучи министерот Пенов.

Фото: Министерство за локална самоуправа

Print Friendly, PDF & Email
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • EУ испрати порака, Мицкоски молчи – Андонов со жестока критика

    184 shares
    Share 74 Tweet 46
  • Поранешен унгарски разузнавач по неодржувањето на средбата помеѓу Трамп и Путин: Она што сега изгледа како дипломатски успех, на долг рок ќе се претвори во сериозна трагедија

    129 shares
    Share 52 Tweet 32
  • Моќната ракета Томахавк ги собори Садам и Гадафи, може да го собори и Путин

    124 shares
    Share 50 Tweet 31
  • „На Ѓупците треба да им се забрани да гласаат“ – советник од десничарската МААК со скандалозен расистички испад во Неготино

    119 shares
    Share 48 Tweet 30
  • „Путин повторно го изигра“: Откажувањето на самитот во Будимпешта ја завршува фантазијата на Трамп дека ќе донесе мир во Украина

    100 shares
    Share 40 Tweet 25
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ