Бугарскиот премиер Кирил Петков му го честиташе на Димитар Ковачевски стапувањето на должноста премиер на Република Северна Македонија и и посака успех на Новата влада во Скопје.


Бугарскиот премиер истакна дека ставот на Бугарија за европската перспектива на нејзиниот близок сосед Република Северна Македонија е конзистентен и јасен. Според Петков, добрососедството може да донесе сериозни оридобивки не само за двете земји, туку и за целиот регион.
Кирил Петков и владина делегација предводена од него утре, 18 јануари 2022 година, ќе го посетат Скопје./ МИА












































