• Latest

Петти ден изборна кампања: Средби, промоции, проекти и пораки

June 28, 2020
Фото: Глобус

Како е поврзан министерот Трипуновски со корупцискиот скандал во кој е осомничена негова блиска соработничка

November 16, 2025

Трајниот геноцид на кремљовскиот режим

November 16, 2025
Проф. д-р Оливер Андонов (фото: А. Мехмети/ЦИВИЛ)

Повикување во живот

November 16, 2025
Фото: Wikimedia commons

Велика Британија испраќа војници во Босна: Јасна мисија и силен сигнал до Балканот

November 16, 2025
„Марш за ангелите“, Скопје 15 ноември 2025
Фото: Ј. Ѓорѓиоски

Маршот за ангелите го разбуди Скопје – „Правда сега, без одлагање“

November 15, 2025

СПЕЦИЈАЛЕН ИЗВЕШТАЈ НА ЦИВИЛ ( дел 1): Стратешка слика и начинот на функционирање на екосистемот – актери и канали

November 15, 2025
Фото: Твитер

Започнува масовното производство на украинските беспилотни летала-пресретнувачи „Октопус“

November 15, 2025
Фотоколаж: Скриншот од time.mk и видео на baku.tv

Репетитивното објавување на изјавите на Песков – императив на некои македонски медиуми

November 15, 2025
Last Crude Oil Tanker at Shell Haven - geograph.org.uk - 605835.jpg Фото: wikimеdia commons

Ројтерс: Иран потврди дека е запленет танкер со петрохемиски товар

November 15, 2025
Фото: Скриншот од видео на ВВС

Американската војска планира поделена Газа со „зелена зона“ обезбедена од меѓународни и израелски трупи

November 15, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ПРОЦЕСИ ИЗБОРИ

Петти ден изборна кампања: Средби, промоции, проекти и пораки

June 28, 2020 17:00
in ВЕСТИ, ИЗБОРИ
Share on FacebookShare on Twitter

На петтиот ден од 20-дневната изборна кампања, носителката на листа на пратеници во Изборна единица број 1 и потпретседателка на СДСМ,  Мила Царовска и кандидатката за пратеничка од Македонски Брод Анета Симеска Димоска, денеска во двор на семејна куќа во Македонски Брод се сретнаа со преставничките на Форумот на жените од оваа општина.

Царовска ги повика жените да гласаат за СДСМ независно за кого традиционално гласа нивното семејство, бидејќи Социјал-демократскиот сојуз е опција која што обезбедува слобода и демократија.

„Изминатиот период како Влада донесовме најлиберален Закон за прекинување на абортусот. Вољата на жената е најважна и таа сама одлучува  за своето тело. Донесеме вистински вредности во општеството и ги јакнеме жените економски. Во сите програми за финансиска поддршка на бизниси жените се застапени со 50 проценти. Со ваша поддршка ги продолжуваме реформските процеси за социјална и праведна држава. Време е за 50-50, за силни жени кои рамноправно учествуваат во создавањето на силно општество“, рече Царовска.

Носителот на листата во ИЕ1 од коалицијата „Можеме“, Никола Димитров, денеска изјави дека на 15 јули граѓаните имаат клучен и историски избор, напред кон Европа или назад кон кичот и кон фасадната политика.

Успеавме да влеземе во НАТО, порача тој и покажавме дека можеме.

„Доста бевме жртва. Сакаме Европа да ја донесеме дома. Што значи тоа за македонските граѓани коишто ќе гласаат на 15 јули? Тоа значи: повеќе нормалност, повеќе ред, повеќе правда, подобар економски стандард, повисока просечна плата, повисока минимална плата, повисоки пензии“, изјави Димитров.

За само една недела, повеќе од 17.000 граѓани ја потпишаа петицијата „Зошто не?“ како подршка за назначувањето на првиот премиер Албанец во Република Северна Македонија, по изборите на 15 јули. Покрај граѓаните, Иницијативата за премиер Албанец е силно поддржана од граѓанското општество.

Кандидатот на ДУИ за премиер, Насер Зибери денеска ги посети вечните почивалишта на поранешниот претседател Борис Трајковски и на поранешниот претседател на партијата за Демократски Просперитет, Имер Имери и одаде почит за нивниот придонес.

„Оддаваме почит кон луѓето кои дадоа огромен придонес во развојот на мултиетничкиот карактер на земјава, оставајќи притоа големо наследство преточено во Охридскиот рамковен договор, кој веќе стана дел и до преамбулата на Уставот како еден од клучните столбови на која се гради земјата“, посочи Зибери.

Носителот од ВМРО-ДПМНЕ во втората изборна единица Владо Мисајловски, денеска се сретна со граѓаните во Чаир, каде ја претстави својата програма.

Кога  од СДСМ ветуваа дека ќе има 500 евра плата за секој, рече Мисајловски, ги заборавија овие граѓани тука, го заборавија Чаир.

„Во Чаир е тешко да се живее, но овие луѓе се упорни. Овие луѓе со срце како планина и ќе издржат и сакаат еден убав и спокоен живот тука во Чаир. Но, никој од нас не смее да ги заборави. Ние имаме прекрасни луѓе тука и на листата но и прекрасен комитет кој постојано се гледа со сите граѓани. Они сакаат еден добар соживот, но тоа ние треба сите заедно да го направиме“, изјави Мисајловски.

Христијан Мицкоски од Битола изјави дека луѓето сведочат за порази и неправди кои ги има ширум цела држава и за неисполнетите ветувања и неиспорачани очекувања,

Тој истакна дека за време на попладневната посета на пелагониските општини Новаци, Демир Хисар ќе ги повика граѓаните масовно да излезат на гласање и да ја поддржат коалицијата за обнова на Македонија.

Македонскиот туристички бисер Охрид е најдоброто место за промоција на проектот на Македонски концепт за заштита на историското и културното наследство, како на градот така и во државата.

Тоа денеска од Охрид го порача лидерот на партијата, Петар Богојески, кој истакна дека „Македонски концепт“ тоа ќе го изведе и реализира на начин поразличен од она што, како што рече, досега го правеле бандитите од претходните власти изминатите 30 години.

„Историското и културното наследство во земјата ќе го заштитиме вистински на начин како што налагаат европските стандарди. Устите ни се полни со ЕУ, а немаме ниту ронка од нашата одговорност и минимум европско поведение за тоа како треба да се однесуваме кон наследството. Нашиот проект за заштита на историјата ќе биде суштински за отпочнување вистинска ренесанса за презентација на македонското културно и историско богатство пред светот“, рече Богојески.

Тој истакна дека туризмот после земјоделството треба да биде втората суштинска гранка за развој на стопанството во земјата.

Решавање на проблемите во Битола, отфрлање на корумпираните политичари, следење на имотната состојба на политичарите но и менување на состојбата во градот е главното што им го порачаа денеска од Македонски концепт на граѓаните на предизборниот караван во Битола.

Според Македонски концепт, крајно време е да се направи нешто за да се смени состојбата во градот, а првиот чекор е со поддршка и заокружување на бројот 10 на избирачкото ливче.

А. П. 

Share35Tweet22Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Скриншот од видео на ДИК

    Локалните избори 2025 се официјално и конечно завршени, објави ДИК

    307 shares
    Share 123 Tweet 77
  • „Ние сме далеку пред Албанија“ – Зошто оваа изјава на премиерот Мицкоски е важна за европската приказна на Северна Македонија

    122 shares
    Share 49 Tweet 31
  • Богати странци плаќале по 80.000 фунти за „сафари викенд“ за да убиваат цивили за време на опсадата на Сараево

    103 shares
    Share 41 Tweet 26
  • Изгледа гатачката на Грујо ја вратиле во Царина, Мицкоски почна да споделува вести од иднината

    114 shares
    Share 46 Tweet 29
  • Вицепремиерот Стоиљковиќ со нервозна реакција на новинарско прашање од ЦИВИЛ – тенденциозна и потпалувачка порака на социјалните мрежи

    98 shares
    Share 39 Tweet 25
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ