• Latest

Петтиот антикризен пакет станува функционален, законите донесени едногласно со присуство на пратеници во скафандери

April 19, 2021
Фотоколаж: Фб, страна на Христијан Мицкоски/ скриншот од Инстаграм

Додека Лондончани се радуваат на палењето на Божиќните светла, во Скопје се радуваат на ротационите светла на камионите за собирање ѓубре

November 8, 2025
Креирано со помош на ВИ

Изгледа гатачката на Грујо ја вратиле во Царина, Мицкоски почна да споделува вести од иднината

November 8, 2025

Локални избори 2025, прелиминарна оценка на ЦИВИЛ: Технички пропусти и култура на некомпетентност (3 дел)

November 8, 2025

Локални избори 2025, прелиминарна оценка на ЦИВИЛ: Избирачкиот список – хроничен извор на недоверба (2 дел)

November 8, 2025
Христијан Мицкоски, протестен собир против Европската рамка за преговори, јуни 2022 година (фото: Кирил Михаилов / ЦИВИЛ)

„Ние сме далеку пред Албанија“ – Зошто оваа изјава на премиерот Мицкоски е важна за европската приказна на Северна Македонија

November 8, 2025
Скриншот од видео објавено од украинската амбасадорка Лариса Дир на Х

Амбасадорката Дир објави видео од спасувачките операции по ноќните напади на Русија врз Украина, меѓу повредените има деца

November 8, 2025
Скриншот од видео на
Diario AS

САД ѝ одобрија на Унгарија едногодишно изземање од санкциите за увоз на руска нафта и гас

November 8, 2025
Креирано со помош на OpenAI/ChatGPT

Локални избори 2025, прелиминарна оценка на ЦИВИЛ: Формален процес без суштински интегритет (1 дел)

November 8, 2025

САД одбија да учествуваат во ревизијата на ОН за човековите права

November 7, 2025
Мирослав Јовановиќ - Слободен печат, панел „Уставни измени - Исток или запад“, 29 јуни, 2023
фото: Д. Муратов

Каде го загубивме чувството за срам?

November 7, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Петтиот антикризен пакет станува функционален, законите донесени едногласно со присуство на пратеници во скафандери

April 19, 2021 10:35
in ВЕСТИ, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

По неколкумесечна блокада за реализација на петтиот пакет антикризни мерки вчера пратениците во Собранието ги донесоа законите поврзани со овој пакет. Законите беа донесени едногласно, со гласовите и на парламентарното мнозинство и на опозицијата, а од посебни кабини и облечени во скафандери гласаа и двајца пратеници позитивни на Ковид-19.

Указите за овие закони ги потпиша и претседателот на државата Стево Пендаровски.

– На македонската јавност и е добро позната заложбата на претседателот на државата Стево Пендаровски да ги поддржува сите законски иницијативи и проекти кои се во интерес на граѓаните и тоа се однесува и на т.н. петти пакет на економски мерки со кој помош треба да добијат 60.000 наши граѓани и стопански субјекти, најтешко погодени за време на пандемијата. Затоа, денес претседателот Пендаровски без никаква дилема ги потпиша Указите за прогласување на законите со кои ќе им се овозможи на илјадници наши граѓани да земат плата за февруари и март оваа година, информираа вчера од Кабинетот на Претседателот.

Со ова практично почнува имплементацијата на финансиската поддршка која долго ја очекуваа и бизнисмените и работниците. Изгласани се законите со кои се овозможува исплата на плати за февруари и март, финансиска поддршка за бизнис секторот и физичките лица кои вршат самостојна дејност, како и за ослободувања од плаќање аконтации на данокот на личен доход за месеците март, април и мај 2021 година..

Донесувањето на законите од петтиот пакет мерки на Фејсбук го поздрави и премиерот Зоран Заев, кој упати честитки до пратениците, претседателот на Собранието и до собраниските служби.

– Упатувам честитки до пратениците од парламентарното мнозинство кои се справија со сите блокади и најдоа начин овие важни закони за граѓаните конечно да бидат усвоени. Честитам и на Собранието, Претседателот Џафери и собраниските служби кои обезбедија соодветни услови за работа и кои спроведоа гласање според сите протоколи со целосна заштита на здравјето на сите пратеници и целосна изолација на двајцата позитивни. Огромни честитки и до заболените пратеници кои и во вакви околности се вложија целосно, покажаа одговорност, беа на висина на задачата и гласаа за носење на законите и во интерес на итната потреба на граѓаните, напиша Заев.

фото: МИА

Реакции за присуството на двајцата пратеници позитивни на Ковид -19

Иако законите од петтиот пакет беа изгласани едногласно, вчерашната седница помина во процедурални забелешки за присуството на двајцата пратеници во скафандери.

ВМРО-ДПМНЕ и Левица обвинија дека се кршат прописите предвидени за заштита на здравјето на граѓаните за време на епидемија и се загрозува безбедноста на другите присутни во законодавниот дом, а претседателот на Собранието Талат Џафери се повика на протоколот за работа на Парламентот за време на пандемија.

-Добив дополнување на Протоколот за Ковид-19, според кое, пратениците можат да ја вршат својата функција под одредени услови. Оваа сала овозможува простории во кои изолирано пратениците можат да влезат и излезат од Собранието без да имаат контакт со другите, е процедурата која е обезбедена, рече Џафери.

фото: МИА

Потегот на пратеничката Бисера Костадиновска-Стојчевска, која во скафандер дојде за да учествува во работата на Собранието, го пофали и министерот за правда Бојан Маричиќ, кој на својот Фејсбук профил го оцени овој нејзин чин како херојски.

–Во сите цивилизирани парламенти во Европа и нашиот регион веќе се работи на онлајн седници во различни форми. Дури и Европскиот парламент со преку 800 пратеници е целосно дигитализиран со онлајн заседанија на комитетите, на пленумот и со онлајн гласање. Тоа го направија сите затоа што е насушна потреба и човечки пристап во услови на долготрајна пандемија која ги засега сите, истакна Маричиќ.

Ја обвини опозицијата дека го спречува собранискиот Деловник, со цел да се овозможи онлајн присуство на пратеници позитивни на вирусот.

-Практично оние заради кои тешко функционира Собранието го обвинуваат мнозинството за нефункционалност. Но, некои пратеници не заборавиле зошто се избрани. Бисера и многу други и во вакви тешки услови не забораваат дека се таму за да им служат на граѓаните и да носат одлуки во нивна полза и во тешко време. Пратениците на опозицијата пак мислат дека се таму за да блокираат, бојкотираат, трошат ресурси бесцелно само за лични и партиски цели (зашто само со блокади и бојкоти се чувствуваат важни немајќи да понудат никаква идеја и политика за граѓаните), напиша Маричиќ.

Реагираше и пратеничката група на Алијанса на Албанците, според која претседателот на Собранието ја злоупотребил функцијата. Пратеникот Елми Азири, на прес-конференција по завршување на 36. седница, изјави дека уште во четвртокот го известиле претседателот на Собранието дека ќе присуствуваат на 32. седница и со нивна поддршка веднаш ќе преминале на 36. седница.

– Како албанска опозиција со нашите пратеници бевме присутни и во четврток на свиканата 32. седница, иако за време на Ифтар, точно во 19:20 часот, не почитувајќи ја определбата на одредени пратеници кон сопствените верски убедувања за пости, сепак дојдовме. Таа вечер преку заменик координаторот на нашата пратеничка група од собраниската говорница го повикавме претседателот на Собранието за да појдеме на гласање, да ги брои присутните пратеници на седницата во четврток. Со присутните пратениците од мнозинството и со помош на нашите пратеници, 32. седница би била завршена и би прешле веднаш на 36. седница во која се законите од петтиот пакет мерки, рече Азири.

Опозицијата најавува кривични пријави, претседателот на државата апелира до сите политички субјекти да се однесуваат одговорно

Кривични пријави најави лидерот на опозицијата Христијан Мицковски, кој на својот Фејсбук профил го оцени како тероризам доаѓањето на двајцата пратеници во скафандери.

– Пратеничката група на коалицијата за Обнова на Македонија предводена од ВМРО-ДПМНЕ ќе поднесе кривични пријави за сите оние кои денес го прекршија законот поради инаетот и фрустрацијата на еден човек, а обвинителството има можност првпат да покаже дека не се робови на Зоран Заев и владиното мнозинство. Правда ќе има со ова или некое друго ослободено обвинителство. Сторителите ќе одговараат, Ви ветувам лично дека тие ќе одговараат од прв до последен, напиша Мицкоски на Фејсбук и го повика претседателот на државата да застане зад правото и Уставот.

Од Кабинетот на претседателот на државата велат – граѓаните најдобро покажале што мислат за достоинството на претседателот на изборите пред две години.

–  Освен тоа, нашите граѓани знаат дека претседателот Пендаровски секогаш имал став за најважните прашања и проблеми со кои тие се соочуваат, дури и за работи кои не се во негова директна надлежност, а се во интерес на граѓаните, вклучувајќи го и повторно реактуелизираното прашање за промена на границите на Балканот. За жал, некои други, меѓу кои и Мицкоски „не бекнаа” за овие екстремни и многу опасни предлози, потенцираа од Кабинетот на шефот на државата.

Оттаму апелираа до сите политички субјекти да се однесуваат одговорно и да не најавуваат апсења и затворски казни за своите политички противници, затоа што тоа е во исклучива надлежност на правосудните органи.

-Најавата за поднесување на кривични пријави за претпоставени незаконити дејствија е легитимна, меѓутоа, најавите и гаранциите за апсења кога доаѓаат од страна на политичарите асоцираат на едно друго време кога единствената партија на власт беше и полицаец и обвинител и судија, нагласија вчера од Кабинетот на Пендаровски.

Со реакција на Фејсбук статусот на Мицковски, се јави и премиерот Зоран Заев, кој, како што напиша, со згрозување ја примил информацијата дека лидерот на опозицијата го оценил како тероризам изгласувањето на законите.

– Мицкоски се дрзна гласањето за помош за граѓаните да го нарече тероризам, а за крволочниот напад на Собранието на 27 април во кој и тој беше дел, сѐ уште не нашол начин и волја да го осуди. Очигледно е дека ваквото неодговорно однесување на ВМРО-ДПМНЕ, ваквото безобразно блокирање на народната волја во Собранието е директно мотивирано и предизвикано од Мицкоски. Мицкоски и неговиот соработник Апасиев правеа сѐ да си ја задоволат пустата желба да предизвикаат проблем во владејачкото мнозинство, при тоа решени да одат до крај дури по цена на загрозување на личната економска егзистенција на илјадници граѓани кои ја чекаат помошта. Доказ за нивната фрустрација е последниот очаен потег со кој Мицкоски бара од Претседателот на државата да не ги потпишел усвоените закони со што уште еднаш непромислено потврдува дека работи против народот и дека презема чекори народот да не добие помош. Но, попусто им е, напиша Заев на Фејсбук.

Вчерашното гласање за законите од петтиот пакет беше втор обид откако во четвртокот координаторите на пратеничките групи, пратениците и претседателот на Собранието повеќе од два часа се расправаа дали да се гласа по точките од 32. седница и потоа да се продолжи 36. седница или да се одложи гласањето поради немање кворум и да се продолжи со 36. седница. Вчера, пратениците прво ја завршија 32. седница, па ја почнаа 36 седница.

Петтиот пакет содржи вкупно 29 мерки, во вредност од 9,7 милијарди денари или околу 160 милиони евра. Мерките се распределени во четири столба – директна финансиска поддршка за компаниите со цел задржување на работните места, финансиска поддршка за ликвидноста на приватниот сектор со бескаматни кредити, креирање на поволно деловно опкружување со системско редефинирање на царинскиот тарифник, намалување на парафискалните давачки и даночно олеснување и одложување кај неколку јавни давачки, како и поддршка за граѓаните.

 

Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Љубомир Костовски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

    Избори во кои на Кочани му избраа градоначалник

    190 shares
    Share 76 Tweet 48
  • (ФОТО) Како ќе изгледа документот за идентификацискиот број за граѓаните на „Отворен Балкан“

    113 shares
    Share 45 Tweet 28
  • Од Русија со „братска љубов“: Срцепарателните изјави на Песков  во македонските медиуми

    100 shares
    Share 40 Tweet 25
  • ОБСЕ/ОДИХР: Кампањата во вториот круг беше повоздржана од првиот круг, со одделни случаи на лични напади

    94 shares
    Share 38 Tweet 24
  • Изгледа гатачката на Грујо ја вратиле во Царина, Мицкоски почна да споделува вести од иднината

    90 shares
    Share 36 Tweet 23
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ