Од МВР информираат дека е уапсен скопјанец кој пијан управувајќи тротинет, не застанал на полициска наредба, по што влетал во група луѓе што протестирале во општина Аеродром против загадувањето и труењето што доаѓа од „Вардариште“, некогашната депонија која претставува црна точка и еколошка бомба не само за локалците, туку и воопшто за цело Скопје.
-На 06.09.2025 во 19:10 часот во Скопје, на подрачјето на Општина Аеродром, полициски службеници го привеле К.Р.(31) од Скопје, поради тоа што го нарушил јавниот ред и мир со тоа што управувајќи тротинет, не застанал на даден знак од полициски службеници и влетал во група на луѓе, кои присуствувале на протест.
При извршен алкотест, било констатирано дека К.Р. е под дејство на алкохол, односно имал 1,53 промили алкохол во крвта. По целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесен соодветен поднесок, велат од МВР.