• Latest
Фото: ЈП Улици и патишта

Плата ни на повидок – ЈП Улици и патишта со долг од четири милиони евра

September 24, 2024

Коридорот на „старо железо“

June 3, 2026

Ќе го чепне ли Маѓар експремиерот Груевски на финансиски план?

June 3, 2026
Проф. д-р Стево Пендаровски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

Пендаровски отвора нови прашања за „шпионската афера“ во Кабинетот на претседателката: Ако нема афера, зошто е суспендиран ИТ-техничар?

June 2, 2026
Кијив, 2 јуни 2026 (Укринформ)

Продолжува рускиот терор врз цивилни цели во Украина: Масовен напад врз Кијив, Днипро, Харкив и Запорижја, има загинати и повредени

June 2, 2026
Илустрација ВИ

РЕАКЦИИ: Политичарите се проблемот, не меѓуетничките односи – граѓаните бараат помалку национализам и повеќе заедништво

June 2, 2026

Белешка за еднаквоста во граѓанска држава, а не во држава на „природни“ сопственици

June 1, 2026
Бенјамин Нетанјаху (фото извор: Wikimedia)

Израел повторно го таргетира Бејрут: Нетанјаху нареди напади врз јужните предградија, расте стравот од поширока регионална ескалација

June 1, 2026
Фотографија: Скриншот од видео објавено на Х профилот на францускиот претседател Емануел Макрон

Француската морнарица пресретна санкциониран руски танкер во Атлантикот

June 1, 2026
Фото: Скриншот

Суд во Хамбург му забрани на „Шпигел“ да го поврзува Вучиќ со „Сараевското сафари“

June 1, 2026

УТРИНСКА ПОШТА: Кошта на турнеја низ Западен Балкан, ЕУ со дополнителни 3,2 милијарди евра за поддршка на Украина; на полноќ нови цени на горивата

June 1, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ОПШТЕСТВО

Плата ни на повидок – ЈП Улици и патишта со долг од четири милиони евра

September 24, 2024 16:08
in ВЕСТИ, ОПШТЕСТВО, ПОЛИТИКА
Фото: ЈП Улици и патишта

Фото: ЈП Улици и патишта

Share on FacebookShare on Twitter

Вработените во ЈП Улици и патишта Скопје во соопштението до јавноста информираат дека од внатрешни извори дознале за неправилности во работењето на претпријатието, односно на директорот Ванчо Умленски заедно со двоецот Арсовска – Глигоров.

Според нив, истите неправилности се нотирани на последната седница на Управниот одбор и влезени се во записникот. Се работи за следново:

  1. Работа на претпријатието – изградба на објекти во последните три месеци без договори во вредност од 60 милиони денари. Истите средства претпријатието не е во можност да ги фактурира на Град Скопје бидејќи нема договори. За изведба на работите налози се дадени од Арсовска и Глигоров со што е направена директна штета во износ од еден милион евра;
  2. Изведба на објект Луна Парк – патеки од бекатон во вредност од 15 милиони денари изведени во периодот од април до август 2024, а договорот е потпишан во септември на износ од 7 милиони денари. Врз инженерите и надзорите се врши притисок од страна на директорот и секретарот на Град Скопје за потпишување на градежните книги, иако тоа е надвор од законските прописи.
  3. Задолжување на претпријатието кон добавувачи во износ од 240 милиони денари (4 милиони евра) и неплаќање на обврските кон добавувачите, односно постои селективно плаќање на обврските како во случајот со Пуцко Петрол. За споредба, долгот на ЈП Улици и патишта Скопје во октомври 2021, кога Арсовска стапува на функција градоначалник на Град Скопје, изнесувал 60 милиони денари. Од ова може да се заклучи дека долгот за три години е зголемен четири пати.
  4. Побарувањата на ЈП Улици и патишта по основ на активни договори со Град Скопје денес изнесуваат НУЛА денари, додека во октомври 2021 побарувањата од Град Скопје биле 100 милиони денари.
  5. Доведено е во прашање функционирањето на претпријатието преку неможноста да се исплати плата и неможноста да се набават репроматеријали (битумен, ризла, тампон, рабници, боја…). Поради неплаќање на обврските на Град Скопје кој ЈП Улици и патишта, освен набавката на репроматеријали, не постои можност ниту да се поправат дефектите на градежните машините.

Во дописот, вработените во ЈП Улици и патишта – Скопке изразија надеж дека веста ќе биде објавена пред седницата на Управниот одбор на претпријатието кој најавена за утре.

М. Д.

Tags: долговизаостанати платиЈП Улици и патишта - Скопјесоопштение од вработените
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ