• Latest

По пет месеци затворените грчки војници во Турција се вратија дома

August 15, 2018

ИЗБОРНА ХРОНИКА: На пет дена до втор круг од локалните избори – ветувања за исчистено Скопје во рок од 72 часа, финансиска поддршка од 7000 денари за пензионерите, разрешени избирачки одбори во Шуто Оризари

October 27, 2025

Изборите и коалицијата: ВЛЕН му го залула чунот на Мицкоски

October 27, 2025

Зебрњак: Историјата како алатка за влијание и тензии во Северна Македонија

October 27, 2025

ДИК утре ќе ги објави конечните резултати од првиот круг на локалните избори – разрешени избирачки одбори во Шуто Оризари

October 27, 2025
Фото: МВР

Приведени двајца полицајци за грабежот на златарницата во Гостивар

October 27, 2025
Креирано со помош на ВИ

Новата нуклеарна ракета на Путин – демонстрација на сила или страв од пораз?

October 27, 2025

ЕУ ја потпиша Конвенцијата на ОН за борба против сајбер криминалот

October 27, 2025
фото: Џ.Д. / ЦИВИЛ

Приведени две лица од раководството на „Комунална хигиена“ – меѓу нив и директорот Сабахудин Рустеми

October 27, 2025

ЕК распиша конкурс за проекти за прекугранични новинарски партнерства и медиумски плурализам

October 27, 2025
Поранешниот секретар на НАТО, Лорд Џорџ Робертсон. Фото: Скриншот од видео на
UK in Austria

Поранешниот шеф на НАТО: Српската православна црква е главен дистрибутер на руските политички интереси на Балканот

October 27, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

По пет месеци затворените грчки војници во Турција се вратија дома

August 15, 2018 11:43
in ВЕСТИ
Share on FacebookShare on Twitter

По пет месеци минати во затвор во Турција, двајцата грчки војници кои во март залутаа на турска територија, минатата ноќ се вратија во Грција со владин авион.

Како што јави грчката државна телевизија ЕРТ, авионот со војниците слета на аеродромот во Солун во 3.30 часот по локално време (2.30 часот по средно европско време), каде беа пречекани од грчкиот министер за одбрана Панос Каменос, началникот на Генералштабот на Вооружените сили на Грција, почесна гарда и нивните родители. Целиот настан беше директно пренесуван на ЕРТ.

По пристигнувањето на војниците, Каменос најави дека ќе му се јави на неговиот турски колега за да изрази задоволство од одлуката на Турција за нивно ослободување и дека ќе го покани да ја посети Грција.

Грција војници враќање ЕПА

– Се надевам дека нивното ослободување ќе отвори ново поглавје во грчко-турските односи. Можеме да живееме во мир за доброто на нашите два народи, изјави Каменос.

Војниците беа уапсени на 1 март годинава, кога за време на патрола долж грчко-турската граница во реонот на реката Марица, во услови на густа магла, залутаа и преминаа на територија на Турција.

Турските валсти ги обвинија за шпионажа и досега ги одбиваа барањата на Грција за нивното ослободување. Апсењето на двајцата војници предизвика дополнителни тензии и во онака напнатите грчко-турски односи.

Каменос во неколку наврати ги обвинуваше властите во Анкара дека војниците ги држат како заложници, со цел да издејствуваат нивна замена за осумтемина турски офицери кои по неуспешниот обид за пуч во Турција во јули 2016 година избегаа во Грција.

Грција војници враќање ЕПА

Атина одбива да ги екстрадира осумте офицери во Турција со образложение дека се сомнева оти тие ќе имаат правичен судски процес и дека нивните животи би биле во опасност.

Проблемот со двајцата уапсени грчки војници во Турција беше предмет на разговори и на турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган со првите луѓе на Европскиот совет и Европската комисија, Доналд Туск и Жан-Клод Јункер.

По ослободувањето на војниците Јункер со објава на Твитер изрази задоволство од одлуката на Турција.

– Турција нема зошто да се плаши од европските соседи. ЕУ ќе продолжи со своите стратешки односи со Турција, која се надевам ќе ја видиме како демократска, стабилна и просперитетна земја, наведе Јункер.

Print Friendly, PDF & Email
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Поранешен унгарски разузнавач по неодржувањето на средбата помеѓу Трамп и Путин: Она што сега изгледа како дипломатски успех, на долг рок ќе се претвори во сериозна трагедија

    131 shares
    Share 52 Tweet 33
  • „На Ѓупците треба да им се забрани да гласаат“ – советник од десничарската МААК со скандалозен расистички испад во Неготино

    127 shares
    Share 51 Tweet 32
  • Косовски пратеник удри граѓанин со бокс оти го нарече „лажго“ – инцидент во центарот на Приштина!

    102 shares
    Share 41 Tweet 26
  • „Путин повторно го изигра“: Откажувањето на самитот во Будимпешта ја завршува фантазијата на Трамп дека ќе донесе мир во Украина

    101 shares
    Share 40 Tweet 25
  • Разобличување на „буразерската“ финансиска коалиција: Алта банка и „посвоената“ Стопанска банка – Битола во обид да го избегнат европскиот финансиски радар

    99 shares
    Share 40 Tweet 25
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ