• Latest

Почина поранешниот градоначалник на Кавадарци Панчо Минов, носител на независна листа за Локалните избори 2025

October 8, 2025
Скриншот од видео на ВВС

„Ни треба храна, немаме храна“ – очајот ја зафаќа Јамајка по ураганот

November 1, 2025
Скриншот од видеото од  украинската операција насочена кон клучен руски воен цевковод за гориво во Московската област на 31 октомври 2025 година/ HUR на Телеграм

„Метеж во Москва“ – Украина погоди критичен воен систем за гориво во близина на руската престолнина

November 1, 2025
Украина предаде руски воен затвореник обвинет за воени злосторства на Литванија на 31 октомври 2025 година. Фото: Национална полиција на Украина

„Историски преседан“ – Литванија кривично ќе гони руски воен заробеник осомничен за воени злосторства во Украина

November 1, 2025
Скриншот од видео на FRANCE24

Парискиот суд осуди четворица Бугари за сквернавење на Споменикот на холокаустот во операција поврзана со Русија

November 1, 2025
Фото: Berlin Brandenburg airport

Берлинскиот аеродром Бранденбург привремено ги прекина летовите поради забележан сомнителен дрон

November 1, 2025

🎬 Изборен молк: Време за тишина, време за размислување и одлука по сопствен избор

November 1, 2025

Како да пријавите изборни нерегуларности во ЦИВИЛ: Пополнете формулар, преку електронска пошта, телефонски повик или порака

November 1, 2025
Скриншот од видео на CNN-News18

Во Бразил протести против најсмртоносната полициска операција против нарко бандите

November 1, 2025
Жел. станица, Нови Сад (фото извор: Википедија)

Вишиот суд во Белград повторно го потврди обвинението на ВЈО за падот на бетонската настрешница во Нови Сад

November 1, 2025

Центар за аналитика и комуникации на ЦИВИЛ на изборниот ден: Прес конференции во живо и интензивна комуникација со јавноста

November 1, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ПРОЦЕСИ ИЗБОРИ

Почина поранешниот градоначалник на Кавадарци Панчо Минов, носител на независна листа за Локалните избори 2025

October 8, 2025 12:40
in ВЕСТИ, ИЗБОРИ
Share on FacebookShare on Twitter

Почина поранешниот градоначалник на Кавадарци, пратеник и носител на независна листа за Локалните избори 2025 Панчо Минов. Тој беше роден на 21 август 1958 година во Кавадарци.

Од Општинската изборна комисија Кавадарци за МИА информираат дека утрово добиле информација дека Минов починал за што ќе ја известат Државната изборна комисија.

– Утрово добивме потврдена информација. Починал Панчо Минов. Сега ние ќе известиме до Државна изборна комисија, има законски пропишана постапка, во случај на смрт на еден од кандидатите, особено носител на советничка листа. Мислам дека не се отштампани уште ливчињата. Натаму, ќе ни кажат што, како да постапиме. Ваков случај првпат сега имаме, рече Емилија Петровска, претседател на ОИК.

Сопред член 67-а во случај на смрт на некој од кандидатите на потврдената кандидатска листа во
периодот од денот на потврдувањето на кандидатските листи, политичката партија, односно коалиција, кои го предложиле тој кандидат, можат на местото на истиот да предложат друг кандидат, а ако е предложен од страна на група на избирачи може наместо него да предложат друг кандидат без собирање на потписи во постапката за кандидирање утврдена со овој закон, во период до десет дена пред денот на одржувањето на изборите.

Кандидатот кој починал ќе се избрише од кандидатската листа, а кандидатот со кој е дополнета кандидатската листа ќе биде ставен на местото на кое бил предложен починатиот кандидат или ставен на последно место на кандидатската листа, при што во тој случај редоследот на другите кандидати од
листата предложени на листата под кандидатот кој починал се поместуваат за едно место погоре.
Ако кандидатот кој починал е носител на листа, листата ќе се дополни на начин утврден во ставот (2) на овој член, а носител на листата ќе стане кандидатот од кандидатската листа предложен од предлагачот на листата.

Кандидатската листа дополнета со нов кандидат се објавува во рок од 24 часа од денот на дополнувањето на кандидатската листа. Ако некој од потврдените кандидати на кандидатските листи умре во период пократок од десет дена пред одржувањето на изборите, кандидатската листа останува во сила.

Share34Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Лукоил ја прифати понудата на Ганвор Груп за купување на меѓународните средства, ќе добие ли македонската подружница нов газда?

    148 shares
    Share 59 Tweet 37
  • Деца и училишни ресурси како алатка за кампања во Пробиштип!

    139 shares
    Share 56 Tweet 35
  • Лукоил ги продава своите филијали во странство по санкциите на САД, македонската подружница сé уште молчи за прашањата на ЦИВИЛ

    112 shares
    Share 45 Tweet 28
  • Изборите и коалицијата: ВЛЕН му го залула чунот на Мицкоски

    111 shares
    Share 44 Tweet 28
  • Нема втор круг! Изборите во Гостивар, Врапчиште, Маврово и Центар Жупа пропаднаа – ќе се распишат нови!

    103 shares
    Share 41 Tweet 26
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ