• Latest

Поддршка од Г-7 за старт на преговорите, ЕУ да го испорача ветеното – одржување на првата меѓувладина конференција

May 7, 2021
Фотоколаж: Фб, страна на Христијан Мицкоски/ скриншот од Инстаграм

Додека Лондончани се радуваат на палењето на Божиќните светла, во Скопје се радуваат на ротационите светла на камионите за собирање ѓубре

November 8, 2025
Креирано со помош на ВИ

Изгледа гатачката на Грујо ја вратиле во Царина, Мицкоски почна да споделува вести од иднината

November 8, 2025

Локални избори 2025, прелиминарна оценка на ЦИВИЛ: Технички пропусти и култура на некомпетентност (3 дел)

November 8, 2025

Локални избори 2025, прелиминарна оценка на ЦИВИЛ: Избирачкиот список – хроничен извор на недоверба (2 дел)

November 8, 2025
Христијан Мицкоски, протестен собир против Европската рамка за преговори, јуни 2022 година (фото: Кирил Михаилов / ЦИВИЛ)

„Ние сме далеку пред Албанија“ – Зошто оваа изјава на премиерот Мицкоски е важна за европската приказна на Северна Македонија

November 8, 2025
Скриншот од видео објавено од украинската амбасадорка Лариса Дир на Х

Амбасадорката Дир објави видео од спасувачките операции по ноќните напади на Русија врз Украина, меѓу повредените има деца

November 8, 2025
Скриншот од видео на
Diario AS

САД ѝ одобрија на Унгарија едногодишно изземање од санкциите за увоз на руска нафта и гас

November 8, 2025
Креирано со помош на OpenAI/ChatGPT

Локални избори 2025, прелиминарна оценка на ЦИВИЛ: Формален процес без суштински интегритет (1 дел)

November 8, 2025

САД одбија да учествуваат во ревизијата на ОН за човековите права

November 7, 2025
Мирослав Јовановиќ - Слободен печат, панел „Уставни измени - Исток или запад“, 29 јуни, 2023
фото: Д. Муратов

Каде го загубивме чувството за срам?

November 7, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Поддршка од Г-7 за старт на преговорите, ЕУ да го испорача ветеното – одржување на првата меѓувладина конференција

May 7, 2021 09:22
in ВЕСТИ, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Северна Македонија заедно со Албанија доби поддршка за отворање на преговорите за членство од министрите за надворешни работи на членките на Групата седум индустриски најразвиени држави (Г-7) кои ја потврдија нивната заедничка посветеност на безбедноста, економското закрепнување и европската перспектива на Западен Балкан, како клучна инвестиција за мирот и стабилноста.

-Во заедничката изјава, министрите на Велика Британија, САД, Канада, Франција, Германија, Италија и Јапонија го поддржаа официјалното отворање на преговорите за членство во ЕУ со Северна Македонија и Албанија и спроведувањето на реформската агенда поврзана со преговорите за пристапување во Унијата со Црна Гора и Србија, се вели во заедничкото соопштение од Европската служба за надворешни работи (ЕЕАС).

Премиерот Зоран Заев, пак, вчера го повтори ставот дека Скопје очекува од ЕУ потврда на европските вредности и да го испорача ветеното, а тоа е одржување на првата меѓувладина конференција.

-Ако некој заслужил, ако некој најмногу чекал, ако некој покажал европски манири и вредности и постигнал сериозни билатерални договори, успеал сто проценти во реформите, конечно во март 2020 година сто отсто беа потврдени успешноста во реформите од сите 27 земји членки. Сега се работи за следниот чекор прва меѓувладина конференција и верувам дека тоа Европа ни го должи и Европа ќе го направи како исчекор, рече Заев.

Во однос на тоа дали Северна Македонија и Албанија треба да одат заедно на патот кон ЕУ, Заев рече дека сака Албанија како наш сосед да оди заедно со нас, треба да се движиме заедно, меѓусебно ќе си помагаме во  целиот овој процес и, вели, не очекува ништо помалку од тоа за нашите граѓани затоа што нашиот народ заслужил и очекува Европа да биде европска и да испорача европски онака како што личи.

Во однос на разговорите за решавањето на прашањето со Бугарија, Заев не губи надеж дека и со техничка или времена влада може да продолжат разговорите кога е во прашање, како што вели, европскиот дел, а на билатерално ниво вели, политичките билатерални разговори може да продолжат кога Софија ќе има политичка влада.

Реафирмација на поддршката на Италија за старт на преговорите со ЕУ вчера во Рим доби министерката за одбрана Радмила Шекеринска од нејзиниот италијански колега Лоренцо Гуерини и од потсекретарот за европски прашања на италијанската Влада, Винченцо Амендола. Амендола, оцени дека недоделувањето на датум за почеток на преговори за Северна Македонија и Албанија со ЕУ е сериозна историска грешка што треба да биде исправена.

– Италија ќе продолжи активно да лобира за што побрзо отворање на пристапните преговори и одржување на првата меѓувладина конференција во најкус можен рок. Италија е со вас, потенцираше Амендола.

Американската амбасадорка во земјава Кејт Брнз вчера оцени дека земјава постигнала евидентен напредок по потпишувањето на Преспанскиот договор и влезот во НАТО, но порача дека тој чекор мора да се одржува, особено во делот на реформите кои треба да се спроведат како предуслов за влез во Унијата.

– Периодот кој следи ќе биде од пресудно значење за иднината на Северна Македонија како просперитетен сојузник кој придонесува за стабилноста во регионот. По потпишувањето на историскиот Преспански договор во 2018 година, како и влезот во НАТО и зеленото светло за пристапни преговори со ЕУ во 2020 година, Северна Македонија оствари евидентен чекор напред. Но, овој чекор мора да се одржува и шансата мора да се искористи дури и во времиња полни со предизвици. Знаеме дека во иднина може да има предизвици, како што се корупцијата, непотизамот, дури и нефункционални институции, со што се попречува патот на Северна Македонија кон зацртаните цели, рече Брнз во обраќање на потпишување договор за грант меѓу Северна Македонија и САД.

Шефот на дипломатијата Бујар Османи смета дека можноста што ја нуди јунскиот или јулскиот самит на ЕУ е шанса која не смее да се пропушти заради тоа што следните самити се покомплексни и поограничени во можноста да нудат перспектива за почеток на преговори. Затоа, вели, е во дипломатска акција да се мобилизира целокупниот потенцијал на поддршка која што ќе треба да го подигне вниманието на целата европска јавност за важноста на моментот дека кредибилитетот на процесот на проширување е ставен на тест и тоа токму на случајот со досието на Северна Македонија.

-Имајќи го предвид искуството од минатото не можам да прејудицирам каков ќе биде исходот во јуни. Понекогаш се добива чувство и на подвижна мета, затоа што како исполнуваме одреден критериум се појавува ново прашање кое што не успорува во процесот. И затоа не можам да кажам со 100 процентна сигурност дека ќе биде во јуни. Но, имајќи ги овие прозорци на можност, јунскиот или јулскиот, ноемвриско-декемврискиот и следниот мартовски идната година, некако по многу аспекти овој ми изгледа со поголеми можности кои што за жал се искомплицира сега со непредвидливоста на случувањата во Република Бугарија, рече Османи во гостување во емисијата Објектив на Националниот сервис.

За можноста да дојде до одвојување на Албанија и Северна Македонија во процесот на интеграциите ако не дојде до надминување на прашањето со источниот сосед, Османи вели дека прашањето погрешно се поставува бидејќи секоја земја кандидат се оценува според сопствените заслуги и ниту една држава не смее да биде во заложништво на досието на друга држава.

-Не е прашање дали Албанија треба да ги почне преговорите, туку дали С Македонија смее да не ги почне преговорите во услови кога ги има исполнето сите критериуми за членство и кога е станата лакмус тест на европскиот кредибилитет во кој се свртени очите на граѓаните на Косово, на Србија, на Босна и на Црна Гора, бидејќи нашата приказна ќе им даде уверување колку треба да веруваат и да вложат во оваа перспектива. Одлуката се носи со консензус и доколку Република Бугарија продолжи да става вето тоа значи дека нема да може да ги започнеме преговорите. Но, ние нема да се откажеме од оваа цел, затоа што е стратешка цел на државата за која има консензус на граѓаните, порача Османи.

извор: МИА

Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Љубомир Костовски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

    Избори во кои на Кочани му избраа градоначалник

    190 shares
    Share 76 Tweet 48
  • (ФОТО) Како ќе изгледа документот за идентификацискиот број за граѓаните на „Отворен Балкан“

    113 shares
    Share 45 Tweet 28
  • Од Русија со „братска љубов“: Срцепарателните изјави на Песков  во македонските медиуми

    100 shares
    Share 40 Tweet 25
  • ОБСЕ/ОДИХР: Кампањата во вториот круг беше повоздржана од првиот круг, со одделни случаи на лични напади

    94 shares
    Share 38 Tweet 24
  • Последни часови од гласањето: Гласачите во клучните трки се незадоволни од Трамп и загрижени за економијата, покажуваат излезните анкети на CNN

    89 shares
    Share 36 Tweet 22
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ