• Latest

Полагање на испитот по мајчин јазик од државната матура

June 9, 2018

Коридорот на „старо железо“

June 3, 2026

Ќе го чепне ли Маѓар експремиерот Груевски на финансиски план?

June 3, 2026
Проф. д-р Стево Пендаровски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

Пендаровски отвора нови прашања за „шпионската афера“ во Кабинетот на претседателката: Ако нема афера, зошто е суспендиран ИТ-техничар?

June 2, 2026
Кијив, 2 јуни 2026 (Укринформ)

Продолжува рускиот терор врз цивилни цели во Украина: Масовен напад врз Кијив, Днипро, Харкив и Запорижја, има загинати и повредени

June 2, 2026
Илустрација ВИ

РЕАКЦИИ: Политичарите се проблемот, не меѓуетничките односи – граѓаните бараат помалку национализам и повеќе заедништво

June 2, 2026

Белешка за еднаквоста во граѓанска држава, а не во држава на „природни“ сопственици

June 1, 2026
Бенјамин Нетанјаху (фото извор: Wikimedia)

Израел повторно го таргетира Бејрут: Нетанјаху нареди напади врз јужните предградија, расте стравот од поширока регионална ескалација

June 1, 2026
Фотографија: Скриншот од видео објавено на Х профилот на францускиот претседател Емануел Макрон

Француската морнарица пресретна санкциониран руски танкер во Атлантикот

June 1, 2026
Фото: Скриншот

Суд во Хамбург му забрани на „Шпигел“ да го поврзува Вучиќ со „Сараевското сафари“

June 1, 2026

УТРИНСКА ПОШТА: Кошта на турнеја низ Западен Балкан, ЕУ со дополнителни 3,2 милијарди евра за поддршка на Украина; на полноќ нови цени на горивата

June 1, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Полагање на испитот по мајчин јазик од државната матура

June 9, 2018 10:03
in ВЕСТИ
Share on FacebookShare on Twitter

Во средните училишта во Македонија денеска од 10 до 14 часот ќе се полага испитот по мајчин јазик и литература во јунскиот испитен рок. Македонски јазик ќе полагаат 10119 матуранти, албански 4 474, а 373 се пријавени за турски јазик. 

Мајчин јазик и литература е еден од трите екстерни испити и задолжителен на државната матура. Првпат годинава испитот по мајчин јазик се полага по испитот по странски јазик кој беше спроведен минатата сабота.

Од Државниот испитен центар за МИА велат дека искуствата од изминатите години, кога полагањето државна матура почнуваше со тестот по мајчин јазик и литература, покажале дека на матурантите им треба повеќе време за подготовка за овој испит затоа што се работи за пообемна испитна програма.

Во понеделник (11 јуни) е полагањето на третиот екстерен испит: хемија (241 кандидат), физика (100), биологија (3737), историја (2610), филозофија (2923), естетика (180) и бизнис (3993 кандидати).

На 13 јуни ќе бидат тестирани матурантите кои избрале да полагаат математика, а пријавени се 1926 кандидати.

Годинава за државна матура се пријавиле 15256 матуранти. Полагањето почна на 2 јуни со тестот по странски јазик. Најголем број пријавени (14101) беа за англиски јазик, за германски беа пријавени 164, за француски 111 и за руски јазик 15 матуранти.

Во реализацијата на државната матура учествуваат 2000 обучени тестатори-наставници и околу 400 оценувачи.

Прелиминарните резултати од екстерните испити ДИЦ ќе ги објави најдоцна 30 дена од спроведувањето на последниот екстерен испит, односно најдоцна до 13 јули. Конечните резултати ќе им бидат достапни по завршување на процесот на приговори. За кандидатите кои нема да поднесат приговар, прелиминарните резултати се конечни.

Матурантите кои нема да положат дел или сите испити од државната матура во јуни или од оправдани причини не полагале државна матура, ќе може да полагаат во августовскиот испитен рок. (МИА)

Tags: државната матураиспитотмајчин јазикПолагање
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ