• Latest

„Политичка коректност“, магична фраза на денешните „кројачи“ на јавното мислење

November 5, 2019

СПЕЦИЈАЛЕН ИЗВЕШТАЈ НА ЦИВИЛ ( дел 1): Стратешка слика и начинот на функционирање на екосистемот – актери и канали

November 15, 2025
Фото: Твитер

Започнува масовното производство на украинските беспилотни летала-пресретнувачи „Октопус“

November 15, 2025
Фотоколаж: Скриншот од time.mk и видео на baku.tv

Репетитивното објавување на изјавите на Песков – императив на некои македонски медиуми

November 15, 2025
Last Crude Oil Tanker at Shell Haven - geograph.org.uk - 605835.jpg Фото: wikimеdia commons

Ројтерс: Иран потврди дека е запленет танкер со петрохемиски товар

November 15, 2025
Фото: Скриншот од видео на ВВС

Американската војска планира поделена Газа со „зелена зона“ обезбедена од меѓународни и израелски трупи

November 15, 2025

Град Скопје воведува нов режим за изнесување отпад: ноќна забрана и казни до 50 евра

November 15, 2025
Фото: Ј. Ѓорѓиоски. Фронтлајн

„Марш за ангелите“ денеска во 12:05 во Скопје

November 15, 2025
Креирано со помош на ВИ

Судството под меѓународна лупа – меѓу критики и политичка одбрана

November 15, 2025

Поранешниот министер за правда Кренар Лога се повлекува од партиските функции во АА

November 14, 2025
Foto: Wikimedia Commons

ОН: Само во октомври повеќе од 260 напади врз Палестинци во Западен Брег

November 14, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home СЛОБОДНА ЗОНА

„Политичка коректност“, магична фраза на денешните „кројачи“ на јавното мислење

November 5, 2019 15:20
in СЛОБОДНА ЗОНА
Share on FacebookShare on Twitter

пишува: Дијана Тахири

За поимот „политичка коректност“ има многу објаснувања и ниедна финална дефиниција, која би го  оправдала инсистирањето за употреба во секојдневниот живот, како политичка култура. Движењето, или струјата на политички коректното изразување е започнато со намера и цел да заштити различни општествени групи или заедници од вознемирување и говор на омраза, но, со време се претвори во изговор за самоправедни изблици.

Разни „либерални форуми“ на интернет, и на универзитети, коишто се сметаат себеси за бастиони на толеранцијата, користат фрази со  политичка коректност во своите ставови или несогласувања кога станува збор за (не) толеранција во сите аспекти, полови, етнички, верски, социјални, како и политички. Најчесто, со употреба на политички коректните именувања, всушност се истакнува етикетирањето на одреден поим, лице, група, или појава во општеството. Корисниците  на политичка коректност одат  предалеку со  привидно преземање благородни идеали како што се вклучување, права и застапување на одредени општествени групи, а истовремено ги игнорираат истите бидејќи не соодветствуваат со нивната претстава за тие права и реални вклучувања, првенствено заради страв од „опасност“ од губење на своите!?!

Според Бертранд Расел, истакнат британски филозоф, политичката коректност е спротивна на сè што се залага високото образование. Колеџите и универзитетите се институции за академски дискурс и дебата, а задача на професорот е да ви презентира информации што ќе ги предизвикаат вашите  претстави. За да пораснете како индивидуа, треба да ги научите двете страни на проблемот и да формирате свое мислење. Ако учите само за тоа  што го зајакнува вашето мислење и одбивате да размислувате и за различното мислење на друго лице, нема да пораснете како студент.

Овој дел од објаснувањето на Бертранд Расел за политичка коректност, е спротивно на практиките во нашето општество. Политичката коректност, како нова појава на изразување во нашето општество, а преземена претежно од американскиот начин на опходување со тамошната, мултикултурна и мултиетничка реалност, е екстремно политичко оружје со кое се служи власта и други државни и граѓански институции, во обид за декларативно доближување до граѓанската маса, допирајќи ги во најсензтивните прашања со обландирање во политички коректен говор.

Или, да нема забуна,  не е политички коректно кога  некого ќе наречете ( политички коректно) на начин што ве прави горд на себе во однос на вашето изразување, а длабоко во себе не верувате во тоа, или, сте обратно настроени кон тоа прашање. На пример: кога се користи претставувањето на  родова еднаквост, да речеме вклученоста на жените во политика, кон која недоволна вклученост гласно протестираме се додека одредена личност од женски пол се вклучи, но ни пречи бидејќи не ги исполнува нашите „високо“ поставени стандарди за тоа како би требало да изгледа една жена на таа и таа позиција. Или, претставува ризик по нашето его, најчесто.

Кога гласно се залагаме за еднаква застапеност и третирање на сите граѓани во сите општествени аспекти, но ќе одмолчиме одредена неправда кон одредена општествена гурпа или поединец, бидејќи е штетно по нашиот имиџ.

Кога политичкиот врв декларативно, во политички коректен манир се залага за „Општество за сите“, а самиот поим „Општество за сите“ укажува на тешка општествено политичка аномалија, во која никако да се постигне тоа „за сите“.

Кога зад полна уста политичка коректност се крие преполн стомак со гној, кој извира со секоја политички коректна фраза за краткорочна утилитарна поента што ќе послужи за покривање на одредена  дневна тема.

Кога политичката коректност се користи како магична фраза за забрзано и површно кроење на јавното мнение, за прикривање, а не расветлување на вистината, и кога сакаш да бидеш во групата на прогресивните и либералните, а по секоја политички коректна изјава ќе кажеш крајно политички, и во секоја смисла, некоректен виц.

Кога политички коректно ќе ги спомнеш помалубројните заедници и проблемите со кои се соочуваат, ама никогаш не си бил во нивно маало, не знаеш ни на мапа да ги најдеш.

Кога преку политички коректни изрази, прикриената омраза и нетрпеливост звучи како поезија.

Кога за голем дел припадници на исламската вера мислиш дека се валкани, неписмени, дивјаци и неандерталци, а за промоција на твојот светски признат производ, правиш лого со полумесечина…

Политичката коректност би требало да се одразува во начинот на опходување кон различниот од нас, во хумана, социјална, политичка смисла, во запознавање на другиот, препознавање и поистоветување на и со начинот на живот на другиот ( или за миг, пешачење во чевлите на другиот), соочување со личната неважност во универзумот на важноста…


Преземање на содржините e ЗАБРАНЕТО (!!!), освен со писмена дозвола од ЦИВИЛ и тоа исклучиво според Условите за користење, авторски права и заштита на приватноста. Повредата на авторските права е забранета со закон. 

Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Скриншот од видео на ДИК

    Локалните избори 2025 се официјално и конечно завршени, објави ДИК

    307 shares
    Share 123 Tweet 77
  • „Ние сме далеку пред Албанија“ – Зошто оваа изјава на премиерот Мицкоски е важна за европската приказна на Северна Македонија

    121 shares
    Share 48 Tweet 30
  • Изгледа гатачката на Грујо ја вратиле во Царина, Мицкоски почна да споделува вести од иднината

    114 shares
    Share 46 Tweet 29
  • Богати странци плаќале по 80.000 фунти за „сафари викенд“ за да убиваат цивили за време на опсадата на Сараево

    102 shares
    Share 41 Tweet 26
  • Локалните избори во Косово Избори без апсолутен победник, но со пораки за партиите

    97 shares
    Share 39 Tweet 24
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ