• Latest

Политико: Лидерите на ЕУ лути поради противењето на Макрон за старт на преговорите

October 19, 2019
Војо Маневски

Буџетот се планира, ама треба и да се полни

November 11, 2025
Knesset, Death penalty bill Israel
Source- screenshot
ILTV Israel News

Израел пред нови поделби: закони за смртна казна и контрола на медиумите

November 11, 2025

Две американски компании од автомобилската индустрија ги затвораат фабриките во Северна Македонија

November 11, 2025
Последиците од нападот со руски дрон врз Днипро, доцна на 16 април 2025 година. Фото: Борис Филатов/Телеграм

Милиони Украинци се соочуваат со темнина и студ по еден од најголемите руски напади врз енергетската инфраструктура

November 11, 2025

Европарламентот ја поддржа целта за намалување на штетните емисии за 90 отсто до 2040 година

November 11, 2025
Фото: Скриншот од видео на European Commission/ Фејсбук

Се подготвува нова разузнавачка единица во ЕУ под водство на Урсула фон дер Лајен

November 11, 2025
Фото: Цветан Трипуновски/Фејсбук

Времено стопирана исплатата на средствата од ИПАРД програмата

November 10, 2025
Скриншот од видео на ВВС

ВВС во криза по откритието на Телеграф дека радиодифузерот ги заведувал гледачите при известувањата од САД и со „системската антиизраелска пристрасност“

November 10, 2025
Креирано со помош на ВИ

Вештачката интелигенција – новиот фронт на суперсилите во светската пропагандна војна

November 10, 2025

Градоначалникот на Гостивар смета дека назначувањето на „владин повереник“ е неуставно, ќе поднесе иницијатива до Уставен суд

November 10, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Политико: Лидерите на ЕУ лути поради противењето на Макрон за старт на преговорите

October 19, 2019 10:46
in ВЕСТИ
Share on FacebookShare on Twitter

Противењето на францускиот претседател Емануел Макрон за почеток на пристапните преговори со Северна Македонија и Албанија ги разлути лидерите на ЕУ, оценува бриселскиот портал Политико во својот осврт на вчера завршениот Европски совет.

Порталот посочува дека некои лидери на ЕУ се обидувале да ги убедат другите да се согласат на старт на преговорите за членство со двете балкански држави, наведувајќи аргументи кои се движеле од стратешката важност на регионот, па до напредокот на кандидатите во решавањето спорови и воспоставувањето на правната држава.

Тие предупредуваа дека одбивањето на почетокот на преговарачкиот процес со двете земји ќе го наруши кредибилитетот на ЕУ и дека од таквата состојба полза ќе имаат „ривалските сили на Балканот“, како Кина, Русија, Турција и Саудиска Арабија, наведува Политико.

„Ваквиот исход беше особено негативен за Северна Македонија, на која уште пред 10 години Европската комисија и ја даде првата препорака за преговори за членство. Со години европскиот пат на земјата, која се нарекуваше Македонија, беше блокиран од Грција, која тврдеше дека нејзиното името имплицира неоправдани претензии кон грчката територија и културно наследство. Откако во Скопје на власт дојде новата Влада, земјата постигна договор со Атина, кој опфаќаше и промена на името. Но, со конечно надминување на грчките приговори, земјата сега наиде на блокада од друга земја членка – Франција“, се додава во анализата.

Политко тврди дека Германија, која била меѓу 25-те земји членки кои биле за започнување преговори за членство и со Северна Македонија и со Албанија, се обидела, но не успеала да ја убеди Франција да се предомисли.

„На крајот, единствената работа за која лидерите можеа едногласно да се договорат за ова прашање беше една реченица: „Европскиот совет ќе се наврати на прашањето за проширување пред самитот ЕУ – Западен Балкан во Загреб во мај 2020 година“, наведува порталот.

Сепак, според Политико, некои аналитичари сметаат дека ова прашање би можело да се најде на агендата на следниот редовен Самит на ЕУ во декември, идеја што ја подржува и идниот претседател на Европскиот совет и актуелен белгиски премиер Шарл Мишел.
Но, смета порталот, тоа би можело да биде прерано за да се очекува реална перспектива за каква било промена во францускиот став.

„Некои дипломати велат дека голем дел од отпорот на Макрон е поврзан со стравувањата дека темата би можела да ја искористи екстремната десница и тие очекуваат позицијата на Франција да омекне по локалните избори во март следната година“, се додава во текстот.

Политико на крајот пренесува став на дипломат кој оценува дека ако Франција остане на сегашната позиција, Северна Македонија и Албанија „би можеле да станат Швајцарија и натаму да не добијат зелено светло за старт на преговорите.


извор МИА

Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • (ФОТО) Како ќе изгледа документот за идентификацискиот број за граѓаните на „Отворен Балкан“

    113 shares
    Share 45 Tweet 28
  • Изгледа гатачката на Грујо ја вратиле во Царина, Мицкоски почна да споделува вести од иднината

    109 shares
    Share 44 Tweet 27
  • „Ние сме далеку пред Албанија“ – Зошто оваа изјава на премиерот Мицкоски е важна за европската приказна на Северна Македонија

    103 shares
    Share 41 Tweet 26
  • Од Русија со „братска љубов“: Срцепарателните изјави на Песков  во македонските медиуми

    101 shares
    Share 40 Tweet 25
  • Локалните избори во Косово Избори без апсолутен победник, но со пораки за партиите

    96 shares
    Share 38 Tweet 24
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ