Адресите на е-пошта со седиште во Русија беа поврзани со закани со бомби упатени кон избирачките места во повеќе држави, иако сите тие закани се покажаа како неверодостојни, изјавиle федералните власти, пишува „Политико“.
Кампањата поврзана со Русија го следи моделот на закани што ФБИ и официјалните лица ги истакнаа како можност за изборниот ден и понатаму. Моделот на Русија досега беше да сее страв и хаос, но властите велат дека самиот изборен процес е безбеден.
Заканите за бомби, кои ги погодија избирачките места во Џорџија меѓу другите држави, се најновите инциденти во руските напори за дезинформација. Во последниве недели, актери поврзани со Русија се обидоа да шират дезинформации преку написи со лажни вести и фабрикувани видеа на интернет.
ФБИ во соопштението во вторникот попладне рече дека агенцијата „има закани со бомби на местата на гласање во неколку држави, од кои многу се чини дека потекнуваат од руски домени за е-пошта“. Агенцијата нагласи дека „за ниту една од заканите досега не се утврди дека е веродостојна“.
Мичиген – кој заедно со Џорџија се смета за клучна држава-можно е, исто така, да беше цел.
Државниот секретар на Мичиген, Џоселин Бенсон, изјави за Си-Ен-Ен дека добиле и закани за бомби за кои се верува дека се од Русија.
Не е јасно дали заканите за бомби се дел од поголеми напори поврзани со Русија или се вклучени и други. Кејт Конли, висок советник на директорот во Агенцијата за сајбер-безбедност и инфраструктура, за време на повикот со новинарите, го прескокна прашањето дали ова е поголем напор, но нагласи дека „изборните службеници се подготвуваат во текот на целата година за вакви видови на настани“
ФБИ предупреди за измислена вест утрово, преправајќи се дека е агенцијата која им кажува на Американците „да гласаат од далечина“ поради „висока терористичка закана“ на избирачките места. Одделно заедничко соопштение на ФБИ, ЦИСА и Канцеларијата на директорот на националното разузнавање во понеделникот вечерта предупреди на руските напори да создаде лажни видеа за да се фрли сомнеж врз резултатите од изборите, пишува „Политико“.