• Latest

Поповски – Тимоние: Клучна определба на Владата е целосната слобода и независност на медиумите

February 24, 2020
Фото: Глобус

Како е поврзан министерот Трипуновски со корупцискиот скандал во кој е осомничена негова блиска соработничка

November 16, 2025

Трајниот геноцид на кремљовскиот режим

November 16, 2025
Проф. д-р Оливер Андонов (фото: А. Мехмети/ЦИВИЛ)

Повикување во живот

November 16, 2025
Фото: Wikimedia commons

Велика Британија испраќа војници во Босна: Јасна мисија и силен сигнал до Балканот

November 16, 2025
„Марш за ангелите“, Скопје 15 ноември 2025
Фото: Ј. Ѓорѓиоски

Маршот за ангелите го разбуди Скопје – „Правда сега, без одлагање“

November 15, 2025

СПЕЦИЈАЛЕН ИЗВЕШТАЈ НА ЦИВИЛ ( дел 1): Стратешка слика и начинот на функционирање на екосистемот – актери и канали

November 15, 2025
Фото: Твитер

Започнува масовното производство на украинските беспилотни летала-пресретнувачи „Октопус“

November 15, 2025
Фотоколаж: Скриншот од time.mk и видео на baku.tv

Репетитивното објавување на изјавите на Песков – императив на некои македонски медиуми

November 15, 2025
Last Crude Oil Tanker at Shell Haven - geograph.org.uk - 605835.jpg Фото: wikimеdia commons

Ројтерс: Иран потврди дека е запленет танкер со петрохемиски товар

November 15, 2025
Фото: Скриншот од видео на ВВС

Американската војска планира поделена Газа со „зелена зона“ обезбедена од меѓународни и израелски трупи

November 15, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Поповски – Тимоние: Клучна определба на Владата е целосната слобода и независност на медиумите

February 24, 2020 15:25
in ВЕСТИ, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter
Министерот задолжен за комуникации, отчетност и транспарентност Роберт Поповски, денеска се сретна со францускиот амбасадор во државава Кристијан Тимоние со кого разговарале за заложбите на Владата за целосна слобода и независност на медиумите, особено во предизборниот период.

Како што соопшти владината прес-служба, францускиот амбасадор изразил надеж дека претстојните избори ќе се одржат во фер и демократска атмосфера и дека тоа е особено важно во пресрет на најавите за добри вести за Северна Македонија за почеток на пристапните преговори со ЕУ.
Амбасадорот Тимоние, се додава, исто така подвлекол дека атмосферата во Париз по ова прашање е многу подобра и оти со заедничка работа со овдешните политички чинители ќе бидат постигнати резултати, како прилог на заложбата на Франција за што побрза интеграција и напредок на земјите од Западен Балкан.
-Амбасадорот Тимоние истакна дека ги цени напорите за целосна транспарентност на оваа Влада. Тој истакна дека има подобра атмосфера и во областа на медиумите и изрази надеж дека во наредниот период ќе се надмине големата политичка поларизација во оваа сфера за сметка на професионалноста, се наведува во соопштението.
Министерот Поповски информираше дека Владата постигна извонредни резултати на полето на транспарентноста – од последното место на кое се наоѓаше по ова прашање во 2017 година, таа сега е на прво место меѓу шесте земји од регионот.
-Наша цел е Владата на Република Северна Македонија да биде подеднакво транспарентна како владите на државите во Европската Унија, особено во поглед на криминалот и неговото обелоденување. Издејствувавме и максимална транспарентност на трошоците на сите министри и директори на јавните претпријатија до најмал детал. Исто така, ние сме единствена Влада во Југоисточна Европа која секоја буџетска трансакција ја стави на увид на граѓаните, подвлече Поповски.
Околу финансирањето на медиумската изборна кампања, Поповски истакна дека власта и опозицијата ќе имаат подеднаков број минути за закуп на простор за кампањата.
– Министерот Поповски истакна дека по углед на европските влади и Владата на Северна Македонија гради стратегија за давање директна поддршка на печатените медиуми и тоа во износ од 50 проценти од трошоците за печатење и 50 проценти од трошоците за дистрибуција за медиумите што се печатат на македонски јазик и во износ од 70проценти за медиумите што се печатат на јазиците на помалите заедници со што Владата го стимулира нивниот медиумски развој, се посочува во соопштението.
Во поглед на работата на порталите и социјалните мрежи, Владата, додал министерот, ги следи насоките на Европската Комисија и ја поддржува саморегулацијата на новинарските здруженија. Во таа насока е поздравена иницијативата на Здружението на новинарите и на Советот за етика во медиумите за листа на професионални медиуми во државата, со надеж дека оваа иницијатива ќе помогне за зајакнување на професионалноста на овие медиуми, како и од аспект на нивната одржливост на медиумскиот пазар.
Поповски го подвлекол и значењето на усвојувањето на Стратегијата за справување со лажните вести подвлекувајќи дека оваа Влада посветува особено внимание на подигнување на нивото на медиумска писменост на граѓаните, која е во план да се вгради и во образованието, стои во соопштението.
извор: МИА
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Скриншот од видео на ДИК

    Локалните избори 2025 се официјално и конечно завршени, објави ДИК

    307 shares
    Share 123 Tweet 77
  • „Ние сме далеку пред Албанија“ – Зошто оваа изјава на премиерот Мицкоски е важна за европската приказна на Северна Македонија

    122 shares
    Share 49 Tweet 31
  • Богати странци плаќале по 80.000 фунти за „сафари викенд“ за да убиваат цивили за време на опсадата на Сараево

    103 shares
    Share 41 Tweet 26
  • Изгледа гатачката на Грујо ја вратиле во Царина, Мицкоски почна да споделува вести од иднината

    114 shares
    Share 46 Tweet 29
  • Вицепремиерот Стоиљковиќ со нервозна реакција на новинарско прашање од ЦИВИЛ – тенденциозна и потпалувачка порака на социјалните мрежи

    98 shares
    Share 39 Tweet 25
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ