• Latest

Поради заболени пратеници од Ковид-19 собраниските седници одложени на неодредено време, Влада бара да запре блокадата на Собранието

March 23, 2021

ОД БЕЛЕЖНИКОТ НА НАБЉУДУВАЧОТ НА ЦИВИЛ (3): ИО не дозволил да гласа граѓанин кој го имало при проверка со фингрпринт, но го немало во Избирачкиот список, иако во првиот круг му дозволиле

November 12, 2025
Илустрација. ВИ

ОД БЕЛЕЖНИКОТ НА НАБЉУДУВАЧОТ НА ЦИВИЛ (2): „Ние знаеме што правиме“ – избирачките одбори пречка во работата на набљудувачите на ЦИВИЛ

November 12, 2025
Фото: Лукоил Македонија/ Фејсбук

Лукоил во цајтнот, нема одговор за судбината на македонската подружница со 550 вработени и 40 бензински пумпи

November 12, 2025
Презентацијата на рускиот робот со вештачка интелигенција сличен на човек - падна додека одеше на сцената.. скриншот од X/@Gerashchenko_en

(ВИДЕО) Првиот руски хуманоиден робот падна на сцената за неколку секунди од презентацијата

November 12, 2025
Фотографија: Wikimedia Commons

Њујорк Тајмс: Жените -лидерки во светот, „железните дами“ на десницата

November 12, 2025

СПЕЦИЈАЛЕН ИЗВЕШТАЈ НА ЦИВИЛ: Информациска војна и пропаганден екосистем во Северна Македонија

November 12, 2025
Фото: Скриншот од Јутарњи лист / Х

Загреб го забрани поздравот „За дом спремни“ на концертите и јавните настани во градот

November 12, 2025
Фото: Скриншот од видео на ВВС

Стармер ќе се бори против обидите за негова замена како лидер на Лабуристичката партија

November 12, 2025
Војниците на ИДФ дејствуваат на источната страна од Жолтата линија во Кан Јунис во јужна Газа, на фотографија од брошурата објавена на 9 ноември 2025 година. Фото: ИДФ

Кушнер и Нетанјаху сè уште бараат решение за застојот со терористите на Хамас во тунелите во Рафа

November 12, 2025
Демонстрантите се судрија со обезбедувањето на местото на одржување на COP30 во Бразил. Скриншот од видео на ВВС

Домородни демонстрантите упаднаа на COP30 во Бразил носејќи транспаренти „нашите шуми не се на продажба“

November 12, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Поради заболени пратеници од Ковид-19 собраниските седници одложени на неодредено време, Влада бара да запре блокадата на Собранието

March 23, 2021 09:58
in ВЕСТИ, КОВИД-19, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Во Собранието нема да се гласа за законите поврзани со петтиот пакет антикризни мерки за Ковид-19 се додека владејачките партии не соберат мнозинство, односно 61 пратеник. Претседателот на Собранието Талат Џафери вчера попладне го потпиша решението за неодредено одложување на 36. седница што требаше да се одржи денеска, а на која освен овие закони имаше и други 27 точки. Владата синоќа упати апел до пратениците кои ја блокираат работата на Собранието да се повлечат од тој деструктивен начин на дејствување.

Собранискиот претседател Џафери вчера на прес-конференција го образложи својот потег, обвинувајќи ја опозицијата дека ја злоупотребува здравствената состојба на пратениците, во услови на Ковид-19, и оти пред него се поставуваат ултимативни предлози што не може да ги прифати. Владејачкото мнозинство брои 62 пратеници, а до вчера двајца беа позитивни на Ковид-19, а едниот хоспитализиран.

Проблемот настанал, според претседателот на Собранието, откако вчера координаторот на пратеничката група на ВМРО ДПМНЕ побарал на седницата да се разгледуваат само продолжувањето на кризната состојба и трите точки поврзани со мерките за Ковид-19, а не и другите 26. Практично, опозицијата побарала посебна седница само за тие четири точки.

Меѓу точките на дневен ред на оваа седница се закони од петтиот сет мерки за справување со Ковид-19: Предлог на закон за финансиска поддршка на физички лица кои вршат самостојна дејност погодени од здравствено-економската криза предизвикана од вирусот COVID-19, за месеците февруари и март 2021 година, Предлог на закон за финансиска поддршка на работодавачите погодени од здравствено-економската криза предизвикана од вирусот COVID-19, заради исплата на платите за месеците февруари и март 2021 година, како и Предлог на закон за изменување на Законот за данокот на личен доход, сите по скратена постапка.

Како прва точка на седницата е предложено и продолжување на кризната состојба на јужната и северната граница, за што околу 400 амандмани имаат поднесено опозициските Алијанса на Албанците и Алтернатива, нешто што досега, како што потенцира Џафери, не се случило. На дневен ред на 36. пленарна седница се и интерпелации поднесени од опозицијата, Предлог законот за поништување на законот за попис на ВМРО-ДПМНЕ и други.

фото: МИА / Талат Џафери, претседател на Собранието на Република Северна Македонија

Претседателот на Собранието ги повика на разум пратениците од опозицијата обвинувајќи ги за теснопартиски игри.

– Собранието ниту е на власта ниту на опозицијата. Законите се во корист на сите граѓани, рече Џафери повикувајќи ги да се вратат на работа бидејќи за тоа се платени, а плата земаат од граѓаните.

Дополнително на оваа ситуација е блокадата предизвикана со над 32.000 амандмани за дваесетина закони од страна на Алијанса на Албанците и Алтернатива поради не поддршката на Законот за државјанство од страна на ВМРО-ДПМНЕ и Левица.

Според Џафери, ова претставува „политичка пинг-понг“ игра од сите страни без исклучок.

Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ, пак, соопшти дека бил одбиен нивниот предлог да се закаже посебна седница за да се разгледаат законите за финансиските мерки поврзани со корона-пандемијата, а на седницата да учествуваат за да поминат и законите од петтиот пакет мерки и ги обвини СДСМ и ДУИ дека ги блокираат законите.

фото: МИА / Никола Мицевски, член на ВРМО-ДПМНЕ

Координаторот на пратеничката група Никола Мицевски рече дека тоа го предложиле откако вчера на редовната координација станало јасно дека парламентарното мнозинство нема да има 61 пратеник на 36. седница, а со цел да им се помогне на граѓаните и на стопанството зашто роковите за законите се одамна поминати.

– Законите од овој таканаречен петти сет на економски мерки не се блокирани од ВМРО-ДПМНЕ, тие се блокирани од СДСМ и ДУИ. Нашиот предлог експресно беше одбиен. Денес стана јасно кој блокира во Собранието, на кои не им е грижа за здравјето на граѓаните и кои се занимаваат со политиканство и злоупотреба на здравствената криза, рече Мицевски.

Според координаторот на ВМРО-ДПМНЕ, власта и пратениците на СДСМ го користат овој пакет закони за да ја „искористат опозицијата да им обезбеди кворум да протуркаат штетни закони“.

Реагираше и пратеничката група на СДСМ, преку пратеникот Костадин Костадинов, кој возврати на обвинувањата и рече дека ВМРО-ДПМНЕ се однесува деструктивно и неодговорно во Собранието, како и дека оваа опозициска партија со Левица во договор со пратеничката група на Алијанса на Албанците и Алтернатива кочат важни процеси во Парламентот.

фото: МИА / Костадин Костадинов, член на СДСМ

– ВМРО-ДПМНЕ безобразно ја злоупотребува ситуацијата со пратеници заболени од ковид и со пратеници кои се изолација, за да ги кочи сите важни процеси и закони за граѓаните, рече Костадинов, кој потсети дека опозицијата се противеше на предлогот за работа на далечина.

Тој истакна дека пратеници на ВМРО-ДПМНЕ ја блокираат и работата на собраниските комисии, а се осврна и на блокадата на Законот за државјанство, поднесен од АА и Алтернатива.

– ВМРО-ДПМНЕ и Левица поднесуваат амандмани на законот за државјанство, и за таа цел Алијанса се договараат и Алтернатива да кочат се што е во Собранието важно за граѓаните. Ова не алудира на ништо друго освен договор помеѓу опозициските партии, овде мислам и на ВМРО-ДПМНЕ, и на Левица и на Алијанса за кочење на важни процеси во Собранието што е срамно, жално и погубно за нив. Сметам дека е редно време да се издигнеме над партиските интереси, да се ставиме во функција на граѓаните, во функција на оние коишто седат овде и земаат плата рече Костадинов.

Координаторот на пратеничката група на Алијанса на Албанците и Алтернатива Скендер Реџепи изјави дека со самото тоа што координативната средба кај Џафери не траела повеќе од десет минути, владејачкото мнозинство покажало дека немало спремност да се изнајде заедничко решение за излез од настаната ситуација со блокирањето на Собранието.

фото: МИА / Скендер Реџепи, член на Алтернатива

– Јас лично им предложив на двајцата координатори од мнозинството да се деблокира Собранието со тоа што ќе изнајдеме решение за Предлог-законот за државјанство. Мојот предлог беше и ќе го кажам сега јасно, бидејќи во медиумските искажувања сите претставници од власта и од мнозинството велеа дека имаат тие предлог-закон за државјанство и ќе ја поднесат нивната верзија, јас предложив да ја донесат таа верзија па заеднички да седнеме да ги дискутираме двете верзии, да излеземе со еден предлог-закон кој ќе биде во служба на тие граѓани коишто имаат потреба од државјанство, изјави Реџепи.

Координаторот на пратеничката група на АА и Алтернатива оцени дека власта треба да „прекине со делење емоции за дневно политичка потреба околу тоа колку биле битни овие закони за граѓаните“.

Владата синоќа упати апел до пратениците кои ја блокираат работата на Собранието да се повлечат од тој деструктивен начин на дејствување, бидејќи, како што оцени, со тоа носат сериозни штети за граѓаните и за државата.

– Блокирани се дел од мерките од четвртиот и петтиот пакет за кои се неопходни законски измени за да се реализираат решенијата за одржливост на  економијата, за спас на работните места и спроведување на грижата за никој да не биде изоставен. Во инклузивен процес, со консултација на сите засегнати страни до сега се насочени околу 1 милијарда и 300 милиони евра кон граѓаните и стопанството за да обезбедиме стабилна одржливост на економијата со потенцијал за ревитализација, се наведува во соопштението на владината Прес-служба.

фото: МИА / Влада на Република Северна Македонија

Владата нагласува дека опозициските пратеници треба да прифатат дека станува збор за исклучително чувствителен момент  и дека имаат одговорност пред граѓаните да се надмине оваа ситуација со деблокада на собранискиот процес и Собранието час поскоро да ги усвои законските измени за да се стават во функција мерките од антиковид пакетите, кои се од исклучително значење за граѓаните и за стопанството.

– Владата на Република Северна Македонија апелира собраниската говорница да биде место за дебати, идеи и конструктивни амандмани за најдобри законски решенија во интерес на народот и државата, се потенцира во соопштението.

На дневен ред на 36. Седница освен пакетот закони за антикризните мерки и одлуката за продолжување на кризната состојба, се и 26 други закони, интерпелации и друго. 

 

Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • (ФОТО) Како ќе изгледа документот за идентификацискиот број за граѓаните на „Отворен Балкан“

    113 shares
    Share 45 Tweet 28
  • Изгледа гатачката на Грујо ја вратиле во Царина, Мицкоски почна да споделува вести од иднината

    110 shares
    Share 44 Tweet 28
  • „Ние сме далеку пред Албанија“ – Зошто оваа изјава на премиерот Мицкоски е важна за европската приказна на Северна Македонија

    104 shares
    Share 42 Tweet 26
  • Локалните избори во Косово Избори без апсолутен победник, но со пораки за партиите

    96 shares
    Share 38 Tweet 24
  • Пендаровски: Ниту една земја што се затворила не станала голема, изолацијата не е добра

    96 shares
    Share 38 Tweet 24
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ