Владимир Путин би жртвувал 20 милиони руски војници за да победи во војната со Украина и да го обезбеди својот политички опстанок, изјави руски дипломат во егзил. Борис Бондарев, кој ја напушти постојаната мисија на Русија во Обединетите нации поради војната против Украина, изјави за Скај њуз дека „среќата на Путин исчезна“.
Мислам дека во овие 20 години колку што е на власт, имал многу среќа. Тој не е паметен, само има среќа. Но мислам дека му ја снема среќата, вели Бондарев.
Поранешниот руски дипломат, кој работел на нуклеарно разоружување, го опиша нивото на очај на Путин, истакнувајќи дека тој е подготвен да жртвува огромен број луѓе за да победи во Украина.
Откако ќе ја изгуби војната, тој ќе мора да им објасни на своите елити и на своето население зошто е тоа така, и би можел да се соочи со проблем да го објасни тоа. Потоа би можела да се појави опозиција што ќе се обиде да го смени или тој ќе се обиде да ги обвини своите подредени со цел да пронајде некој што ќе биде виновник за сите овие проблеми. Тоа ќе биде период на внатрешни превирања, истакна Бондарев.
Не се сомневајте, тој е подготвен да жртвува 10 или 20 милиони Руси само за да победи во оваа војна, само за да ги убие сите Украинци, бидејќи за него тоа е прашање на принцип. За него тоа е прашање на политички опстанок, нагласи поранешниот руски дипломат.
Бондарев додаде дека „доколку Путин ја изгуби војната, тоа ќе биде крајот за него“.