Португалија одбележува национален ден на жалост откако најмалку 15 лица загинаа кога жичницата излета од шините и удри во зграда во Лисабон.
Како што пренесува Би-би-си, осумнаесет други се повредени, а петмина се во сериозна состојба – властите соопштија синоќа дека едно дете има „полесни рани“
Извештаите на локалните медиуми сугерираат дека кабел се олабавил по трасата на железницата, предизвикувајќи таа да ја изгуби контролата – во тек е заедничка истрага меѓу полицијата и компанијата што управува со 140-годишната жичница Глорија
Железницата, која е отворена во 19 век, го поврзува центарот на Лисабон со горниот кварт и е популарна кај туристите
Туризмот е клучен за економијата на Португалија, особено за Лисабонската, ова ќе ги ужасне луѓето, пишува дописникот на Би-би-си од португалскиот главен град.
Д. Мишев