• Latest

Последна шанса за спас

September 26, 2018
Скриншот од видео на ВВС

„Ни треба храна, немаме храна“ – очајот ја зафаќа Јамајка по ураганот

November 1, 2025
Скриншот од видеото од  украинската операција насочена кон клучен руски воен цевковод за гориво во Московската област на 31 октомври 2025 година/ HUR на Телеграм

„Метеж во Москва“ – Украина погоди критичен воен систем за гориво во близина на руската престолнина

November 1, 2025
Украина предаде руски воен затвореник обвинет за воени злосторства на Литванија на 31 октомври 2025 година. Фото: Национална полиција на Украина

„Историски преседан“ – Литванија кривично ќе гони руски воен заробеник осомничен за воени злосторства во Украина

November 1, 2025
Скриншот од видео на FRANCE24

Парискиот суд осуди четворица Бугари за сквернавење на Споменикот на холокаустот во операција поврзана со Русија

November 1, 2025
Фото: Berlin Brandenburg airport

Берлинскиот аеродром Бранденбург привремено ги прекина летовите поради забележан сомнителен дрон

November 1, 2025

🎬 Изборен молк: Време за тишина, време за размислување и одлука по сопствен избор

November 1, 2025

Како да пријавите изборни нерегуларности во ЦИВИЛ: Пополнете формулар, преку електронска пошта, телефонски повик или порака

November 1, 2025
Скриншот од видео на CNN-News18

Во Бразил протести против најсмртоносната полициска операција против нарко бандите

November 1, 2025
Жел. станица, Нови Сад (фото извор: Википедија)

Вишиот суд во Белград повторно го потврди обвинението на ВЈО за падот на бетонската настрешница во Нови Сад

November 1, 2025

Центар за аналитика и комуникации на ЦИВИЛ на изборниот ден: Прес конференции во живо и интензивна комуникација со јавноста

November 1, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ПРОЦЕСИ РЕФЕРЕНДУМ

Последна шанса за спас

September 26, 2018 13:59
in РЕФЕРЕНДУМ
Share on FacebookShare on Twitter

„Вие луѓето сте многу злобни. И со мед да ве мачкам, вие пак ќе направите големи злодела и пак ќе ме обвините мене“- се пожалил ѓаволот на некој човек што цврсто верувал дека сите лоши дела доаѓаат од ѓаволот. За да го увери во тоа, ѓаволот земал добар мед и го намачкал некој човек што дремел под сенка. Веднаш се појавиле оси, кои го нападнале човекот. Двајца што се нашле тука потрчале за да му помогнат, но нападнатиот извадил оружје и ги застрелал двајцата, мислејќи дека тие ја направиле целата шега. „Виде ли што сорта сте вие луѓето“ – прокоментирал ѓаволот!

Пишува: Мерсел Биљали

И тука кај нас е така, едни сакаат бојкотот да го продадат како да е мед, и не ги интересира што ќе се случи понатаму. Дека на Балканот и околу него има многу опасни оси. Исто толку и аргати на ѓаволот. Несогласувањето со договорот сакаат да го продадат како список на желби. Ќе постигнеле подобар договор со Мицотакис кој и за сегашниот вели дека е предавство! Како проблемот да е резултат на колективни емоции само на едната страна. Но, кога ќе се соочите со колективни емоции на грчката страна кои нивната етногенеза ја бараат пред појавата на амебите, работата видно се усложнува. Башка што нашата преговорачка позиција се судирала и со традиционалните симпатии на бројни Грци кон Русија. Сеуште на бројни Грци срцето им е во Москва, а стомакот во Брисел. Нив ЕУ им служи како пасиште за нивниот „Тројански коњ“.

Факт е дека голем број Грци „македонството“ го чувствуваат како дел од нивната античка историја и со идентитет кој дијаметрално се разликува од овдешното македонство. Претензиите кон антиката ги отежнуваа разговорите. А времето не газеше сите, па секое одложување е рамно на играње руски рулет. Да не беа Американците и Германците, кои сериозно се загрижија за балканската безбедност, тешко дека Грците ќе попуштеа. Тие ќе почекаа нашите патриоти празноглавци самите да ја докрајчат својата држава. Оттука, испаѓа дека најголеми предавници се токму тие што се против договорот, оти тоа води кон крваво разнебитување на државата.

Реално, режимот на Груевски свесно се однесуваше првовокативно кон Грците, за вешто да ја елиминира евроатланската агенда и курсот на бродот да го врати кон исток, со намера да најде руска љубов која ќе гарантира долгогодишно среќно владеење на фамилијата. Но, тоа беше само едната страната од глетката. А другата страна е полна со пеколни слики. Има сериозни индикации дека руски служби и овдешни проруски слуги цело време работеле во торпедирањето на договорот со Грција. Влијателниот американски „Politico Magazine“ неодамна укажал на сериозни факти за нечесно руско подметнување во релациите Грција – Запад, со цел да се создаде раздор. Но, сепак помладиот слој од населението во Грција не купуваше таква расипана руска стока. Сфатија дека Русија се залага за регионална дестабилизација со цел да се факторизира за големи балкански пазарења. Тука спаѓаат укинувањето на санкциите, добивањето пристап за гасоводот „Турски тек“, легализирањето на анексираниот Крим, и секако добивање пристап до јужните мориња. Ова последното, најлесно би се реализирало долж коридорот 10, а тоа по автоматизам претпоставува исчезнување на Македонија како држава.

Една детална анализа на влијателниот “The National Interest” покажува дека грчката јавност рапидно се отрезни и освести од таквото руско сценарио, оти дозна дека зад тоа координирано стои и Турција (нивниот вечен непријател), која неслучајно цело време апелираше да не се смени името! Така грчката страна ја прифати подадената рака на Заев за компромис, и рака на срце, видно отстапија од нивните првобитни тврди позиции околу иденитетот. И конечно Македонија доби пријател и најважно од се, се спаси од пеколна катастрофа. Дел од таквото сценарио беше објавено во грчкиот портал „Athens voice“, каде се откри мрежа и пајажина на злото. Беа фрлени големи пари за да не се постигне договор. А таму кај што алчноста за пари слетува, моралот излетува. Се знае дека кога се во прашање парите и ѓаволот ги цитира божјите книги.

Сега Македонија е држава почитувана од најслините држави на светот. Но, антизападните елементи маскирани со патриотизам повикуваат на бојкот оти Русите им ги бараат парите назад ако не ја завршат работата. Груевски вешто го хранел антиамериканизмот и длабоко го има пресадено во свеста на добар дел од членството на партијата што ја предводеше. Тие се робови на еден заробен ум. А токму САД одигра одлучувачка улога во создавањето на независна Македонија. Преку УНПРОФОР директно ја спасиле од бивши југословенски војни. Во 1993 помогнале за влез во ОН (двете резолуции). Во 1995 година ја спонзорирале Привремената спогодба. Во 2004 година ја признале државата под уставното име. Три години подоцна американците влијаеле кај Канада за и таа да ја признае Македонија под уставното име. Такви иницијативи покренаа и кај австралискиот парламент. Дури излобирале иницијатива за уставното име и кај Европскиот парламент. Но, сето тоа, Груевски, од него познати причини го извалкал со изметот на коњот на Александар – Букефал. Смешни работи беа прогласени за национална гордост. Со лажното минато се уништи добрата иднина. Подигнувајќи големи споменици се рушеа малите луѓето, за да изгледаат понемоќни.

И сега кога рускиот пеколен разурнувач остана без гориво, бојкотирачите со последни сили настојуваат да користат зборови кои допираат во срцето без да поминат низ разумот. Налик на некоја црна магија. Но, паметните вмровци точно знаат дека вистинскиот спас за државата е во спротивната страна од вградениот ментален чип кај неукото вмровско членство, па затоа расколот е неминовен. Но, самиот Мицковски изгледа не успеал да се ослободи од таквата црна магија. Тие околу него тешко сфаќаат дека користејќи ги општествените дефекти и девијации, не може да се гради политика.

Ако падне овој договор, наредниот веројатно ќе биде мировен, склучен меѓу кој знае кои, што би останале живи. Оттука, ѓаволот не смееме да го истераме со друг ѓавол, оти тогаш ќе имаме работа со два ѓавола. А за работата со Ѓорѓе Иванов ништо ново. Шашава како космодиск. Аргат на ѓаволот. Голема среќа што никој не го смета за сериозен.

 

Оваа колумна е дел од граѓанската иницијатива „Зачекори напред!“, финансирана од Фондацијата Отворено општество – Македонија. Содржината е единствена одговорност на авторите и на ниту еден начин не може да се смета дека ги изразува гледиштата и ставовите на граѓанската иницијатива „Зачекори напред!“

 

Share749Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Лукоил ја прифати понудата на Ганвор Груп за купување на меѓународните средства, ќе добие ли македонската подружница нов газда?

    148 shares
    Share 59 Tweet 37
  • Деца и училишни ресурси како алатка за кампања во Пробиштип!

    139 shares
    Share 56 Tweet 35
  • Лукоил ги продава своите филијали во странство по санкциите на САД, македонската подружница сé уште молчи за прашањата на ЦИВИЛ

    112 shares
    Share 45 Tweet 28
  • Изборите и коалицијата: ВЛЕН му го залула чунот на Мицкоски

    111 shares
    Share 44 Tweet 28
  • Нема втор круг! Изборите во Гостивар, Врапчиште, Маврово и Центар Жупа пропаднаа – ќе се распишат нови!

    103 shares
    Share 41 Tweet 26
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ