Почина Мирослав Стојановиќ – Шуки, академски сликар, мултимедијален уметник и активист. Неговата смрт настапи ненадејно, на 10 јануари, околу 17:30 часот. Имаше 54 години.
Шуки беше наш голем уметник и активист. Тој беше долгогодишен член на Извршен Комитет на ЦИВИЛ и директор на организациската единица за општествено-политички одговорна и критичка уметност и култура ЦИВИЛ Арт.
ЦИВИЛ ќе отвори книга на жалоста во своето седиште денеска, во 12 часот.
За погребот и комеморативните настани ќе ја информираме јавноста дополнително.